Еј, абе како да не се шири епидемија бре луѓе, во црква сабајле се кандисав ајде ќе идеме со деца, среќа не ги туткав у гужвата и со децата, ама кога дојдов дома и кога видов слика од пријателите кои сакав да ги видам во црква ќе се зафркнев јако, среќа не се сретнавме, замислете пошле во црква со детето кое им има сипаници и тоа ужасно многу нафрлано
Со морбили или варичела? Сепак небитно и многу неодговорно. Срамота.Може мислеле дека не е повеќе заразно. Не мисли народов дека може да има бебенца на причесна и слично. Затоа јас малава си ја оставив со баба ние набрзина запаливме свеќи се помоливме и назад.
Од варичела знам не се исфрлаат дечињата толку многу, ова сигорно беа морбили ситни како вруќици целото било исфрлено и тоа како пред ден-два искочени што значи дека детето може да зарази кој и да бил во негова близина. Не ми е јасно како има такви родители што тоа го сметаат за не толку голем проблем без да се свесни дека ако нејзиното дете нема компликации другото дете може да има дури и фатални компликации
И тоа на слика дала дијагноза морбили @Pcelka1315 Нели твоите дечиња чинам не се вакцинирани,нели мислиш дека и они може да заразат некој? Премногу брцате прсти кај што не вие работа. Да може и алергија било,јас како мала имав страшна алергија по цело тело секоја година овој период од годината.
Како ги дијагностицираше, алал вера. Лекари во живо не можат секогаш да ги дијагностицираат, ти од една слика заклучи дека биле морбили како успеа? Инаку интензитетот на осипот е различен кај сите, небитно дали е варичела, морбили или розеола, некои многу повеќе се исипуваат, други помалку. И кај варичела може да има многу изразен и густ осип. Башка морбилите не личат на вруќици. Сигурно не се толку несовесни родителите, пред се за сопственото дете, да се исфрлило ден два претходно и да го носат во црква.
Ве прочитав и си реков се надевам не грешам, бидејќи сме блиски пријатели со родителите на малото им се јавив и ги прашав ми потврдија дека се морбили. Не тресам од ракав информации. За жал има ете и такви кои не внимаваат па си шетаат деца кои можат да заразат други деца. Да, @monik55 моите две немаат други вакцини примено освен тие од болница двете што се, од кое едното ја прими и првата шестовалента, ама имам пишувано која е причината што не смеат да примаат повеќе. Моите нај брзо може да се заразат со било каков вирус не само од морбили па затоа сум запрепастена од таква глетка кога ќе видам како родители шетаат дечиња со вируси во близина на бебенца и дечиња.
Нема шанси можеби за вас, и јас не верував кога ми кажуваше сестрами во спортската продавница во сити мол какви и влагаат, ама ете има и такви родители, со инка мозок на никој не се става . Во СВ. Апостоли Петар и Павле во Горно Лисиче.
Исто и јас видов пред да почне епидемијава цело исфрлено дете во Кам бог знае која сипаница ја имаше. Битно си пазареше .
Во никој случај не е во ред постапката на родителите, ама и ти што водиш невакцинирани деца во ек на епидемија во црква еднакво придонесуваш за ширење на истата. Како само не ти е страв не знам?
Секако дека ми е страв, ама не верував дека во толку гужва и народ ќе се појави некој така несаглам со заразено детенце да иде... За среќа не бевме повеќе од дваесетина минути и не бевме во гужвата немавме со никој контакт .
Мајче биднало, бидете добри. Тоа е сега најважно. Не мора некој намерно заразено дете да носи поради непромисленост и неинформираност. Колку само луѓе во таа гужва можеби биле носители а не знаеле во моментот. Не се знае на такви места дали гужва ќе има во тој термин или не, дали некој ќе не застане или не, дали тој со кого само се разминуваме е болен или не. Ризик е. Голем. Свесно се ставате во истиот.
И јас внук ми го шетав кога беше исипан со варичела. Значи 4 недели имаше осип од што толку беше исипан. Зарем требаше дома да седи кога секако не беше заразен?! Ама на приказнава со морбили во црква не верувам.
Момент е доволен при контакт, а не пак 20 минути. Многу непромислено мајка, еве настрана другите, прво твоите деца се на тапет. Избегнувај движења на такви места и настани со децата додека трае епидемијата.