Прв пат искочивме од дома така до црквата за празников оти ги причестувам децата отидовме рано сабајле додека не надојде народ, јас одпосле видов дека биле пријателиве тамо ама после неколку саати одкако бевме ние тамо, ние кога бевме освен попот и клисарот во црквата немаше никој, не сум толку будала да шетам деца во гужви. @kukla21 не знам што не ти е верно, ама секаков народ постои и не размислуваат сите како тебе, мене и останати.
Постои, да. Ама дека со морбили се потегнале во црква нема никој да ме убеди дека е така. И мене да си ми се јавила да же прашаш ќе ти кажев дека е со морбили. Какво прашање, таков одговор.
Мене ништо не ме чуди. Толку муабети се изнаслушав во овој период, што сфатив дека постојат и "малу глупички" луѓе. Особено кога ме убедуваат "аман де сипаница, шо толку ја праиш големата ко санки кој знае што ти прележало детето" , како и "скроз си забегала, трудна трудна, се изолираш, па ние сите сме.вакцинирани ,и ти си, ништо не ти можат сипаниците". Значи, извинете на мојот некултурен начин на изразување, ама "постојат прости луѓе" и недоволно информирани.
Тие ни се ептен блиски и никогаш не замеруваме на прашања директни и искрени сме за било што. Не веруваат дека е тоа опасен вирус дека нивното дете компликации немало, а и кажаа кога тогаш ќе морало децата да прележат било какви сипаници затоа кажав секој е различен и различно размислува, ама така млади луѓе барем се надевав по информирани ќе си беа и не би требало така да постапуваат. Како јас и многу други што си седиме изолирани дома барем би можеле и тие да се стрпат да пројде периодот кога се нај заразни.
Точно дека и такви има. Сепак повеќе верно ми е ако тебе "ти сече" да мислиш дека дете со морбили носам во црква, па така и ќе ти одговорам. Ако ѕи биле толку блиски ќе си знаела дека детето има морбили без да видиш на фб. Небитно, нема потреба да се правдаш. Едноставно, не верувам
Не значи ако сме толку блиски ќе мора да ме информира за се што им се случува Твое си е, ако сакаш верувај, ако сакаш не мораш, јас на никој не се правдам и немам намера
Извини но незнаеш што збориш. Наместо да ги оговараш тука ако ти се толку блиски ќе им кажеше на нив директно. И да и ти си неодговорна исто како нив џабе ги збориш кога ти си однела во црква невакцинирани деца. Прво викаш немало многу народ на страна сте стоеле,после викаш само вие и клисарот сте биле.
М Не те разбрав точно баш што сакаш да ми кажеш конкретно мене што ме цитираше. Ај до-објасни се те молам.
Како сакате така мислете, јас никого не одговарав и секако дирекно и на нив кажав Поздрав и бидете си вие одговорни немојте како мене
Под претпоставка дека навистина биле морбили - од ваквите си патиме. Неодговорни луѓе. Не од невакцинирани. Болните се заразни најмалку една недела пред да избие осипот и една недела до десет дена после избивање на осипот. Самото присуство на детето во црквата е доволно за да се заразат еден куп луѓе, и вакцинирани и невакцинирани. А ако се причестило детето, уште толку после него .... Ете ти епидемија. Ама тоа мозоците не им функционираат.
Сакав да кажам повеќе верно е некој муабетот да го протолкувал види ја што ме прашува, па така ќе и одговорам, него навистина да има морбили. Општо зборував, не мислев ти, како ти @kikin
Аууу не помислив тоа...од иста лажица сите јадат у црква, ако го причестиле болното дете ете ти уште 100 болни другата недела
Искрено шубе би ми било и онака, а не па уште во време на епидемија на детето да му давам од заеднички прибор со било кого, посебно па со куп непознати. Без оглед дали е вакциниран или не, и без оглед дали е епидемија на морбили, или грип, или што и да е.
Сребрено било не се лепеле бактерии на него вака на мајка ми и кажала другарка нејзина која работи во црква ,па зашто не сме го причестувале син ми Јас кога сум се причестувала никогаш не сум ја ставала во уста само да ми капнат сум сакала, ама некои цела ќе земат ќе ја излижат небаре сладолед јадат и од тогаш веќе не се причестувам, годинава постев ама не се причестив. Инаку знам куп луѓе што редовно си ги носат бебињата и децата на причесна.
^ Да, дел од крштевката е наредната недела да се однесе детето на причесна. Знам и дете болно од канцер кое редовно иде на причесна ( велат прво го причестуваат него па другите) родителите спасот го бараат во Бога па тука жално е да коментирам било што.
Nie krstevavme lani i mi rece popot na pricesna trebalo,ama uste ja nemam odneseno. Neli nema potreba od toa?
Причесната кога се прави на дечиња не е во секоја црква исто и темава секако не е за тоа, споделив случка, а вие и баби и жаби измешавте. Во некои цркви причесната е од иста чашка и иста лажичка, а во некои е со сопствено вино и сопствена погача кои се носат рано сабајле при отварање на црква се пее заедно со оноа вино кое го користи на другите. Кажав дека стоев на страна бидејќи имаше стари луѓе пред портата кај олтарот, а јас со деца на страна чекав, не знам како сте ме сфатиле ама по ова очигледно е дека уживате да ги испревртувате работите.. Споделив само дека има и такви кои не внимаваат каде ги носат децата кои имаат вирус. Ме нападнавте дека сум неодговорна, а уствари да бевте на мое место исти би постапиле.