1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Програма за деца

Дискусија во 'Дете' започната од rainlover, 27 јануари 2011.

  1. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Значи можат да не бомбандираат со турски серии, еден куп политички програми, дебатите Македонија во ЕУ, Грција ова Грција она, името па името, а за децата не можат да одвојат еден час во денот, или ако нешто даваат e крајно без врска, а од друга страна (од искуството со син ми и во разговор со други родители) дојдов до заклучок дека воопшто не им го задржува вниманието на децата. Зборувам за она што се емитува на наштите ТВ програми.

    За странските детски ТВ програми...
    Cartoon Network на крај памет не ми текнува да му пуштам на гледа, толку насилство не може да се види ни во ''Долина на волците''.
    Boomerang ми изгледа подобро, има некои цртани кои се соодветни за неговата возраст и му го задржуваат вниманието.
    Baby TV - оваа е меѓу дигиталните програми, мислам дека е најсоодветна ТВ програма, наједукативна, и му е најинтересна. Ама е на англиски.
    Minimax на српски во последно време често ја следиме.

    Значи од она што се нуди како квалитетна програма е на странски јазик.

    Пред 20 год имаше Бушава азбука, Во светот на бајките, Здраво генијалци и ред др. емисии за деца, сега за каква програма за деца на нашите ТВ можеме да зборуваме :?:
    За НИКАКВА!!!
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.746
    Да, на нашите телевизии многу ретко има убави емисии за деца. Среќа што веќе има добри странски телевизии. Има една убава на MaxTV (барем јас преку нив ја следам), се вика Babyfirst и супер за деца до 3-4 години. Има различни содржини, некои дури за многу мали бебиња, што е незамисливо за нашите телевизии. Емисиите воопшто не се агресивни, напротив, смируваат (мислам смируваат деца, јас после некое време кога ќе ја слушнев пак истата музика полудував, ама веројатно сум претерала со слушање :D ). На англиски е, ама на малите деца и не им менува многу. Се разбира, подобро би било да имавме и тука таква програма, ама кога нема, и на англиски е ок :)

    Моите веќе ја надраснаа, па сега гледаат Бумеранг. Главно се ок цртаните филмови, ама има и некои што треба да се прескокнат :)
    Cartoon Network на крај памет не ми паѓа да им пуштам. Цртаните се катастрофа.
    Minimax не е лоша, и таа е за деца од кај 5 години нагоре, само е на српски, ама тоа и не е лошо - ќерка ми научи српски од цртаните филмови :)

    Сепак, на децата сега им дозволувам да гледаат само 5+, и оваа емисија е навистина за пофалба, и Том и Џери пред спиење. Претераа едно време со гледање, воопшто не си играа со играчки, па морав да ги исклучам програмите со цртани филмови.
     
    На rainlover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Ариел 5+ беше таа со Петко и Мина така?
    Имаме гледано по некоја емисија, ама не знам во термин ја емитуваат.
    Мислам дека на Телма беше.
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.746
    Да rainlover таа со Петко и Мина е. Би требало да е на телма, околу 4.30-5 попладне од прилика. Можеби и наутро има репризи, не знам, знам дека моите деца тоа време ја гледаат, пред да се вратам од работа.

    Исто така и супер ѕвезда не е лоша, иако повеќе акцент се става на музиката.

    Не знам како се викаше емисијата со Ивце Пивце, со деца што се возат со автомобил - воопшто не ми се допаѓа. Самото возење со автомобил некако не е соодветно за детска емисија, а и Ивце Пивце нешто посебно не е талентиран за детски емисии.
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Мојата ќерка сака да гледа baby first, се согласувам Ариел дека делува смирувачки, Мојата е темпераментна и 200 на саат, само тој канал и буди интерес. Што се однесува до другите емисии, сака да гледа Итар Пејо околу 9 ч. наутро на Аб канал, 5+ , и Храна и вино. Песнички слушаме на c.d.
    Навистина мислам дека нема тв. избор за децата ниту пак нешто едукативно.
    Уште нешто, пред да емитуваат Лисјата.., Имотот на дамата итн. даваат parental advisory -наменето за сите категории. Како може секвенции каде што си удираат шамари сестри, некоја си Ѓулу ја врзуваат братот и таткото и ја тепаат, ја продаваат, Ферхунде ја прави Огуз крвомазници, Лејла ја силуваат и сл. да не ја вознемири малолетната публика? Дали сте обратиле внимание на тоа.
    Искрено ми недостига Бушава азбука...сега даваат Дигимон, Покемон, Драгонбол, само насилство и супер сили. ОК, и ХиМен беше супер херој ама знам дека со нетрпение чекавме да почне, дури и ги цртавме ликовите....и убава цртана серија ми беше Ракуните, потоа Мапет шоу...навистина тажно за денешниве деца, затоа висат на компјутер.
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.746
    Да, тоа за категоризација на емисиите и јас сум го забележала, и се прашував кој го одобрил тоа турските, шпански и не знам уште какви не серии да бидат соодветни за сите возрасти.

    Бушавата азбука ние ја гледаме на јутјуб, нема многу епизодии, ама доволно се да се разбие монотонија. Ќерка ми кога имаше нешто помалку од 2 години се плашеше од Бушава азбука, особено од бувот, или утката, не се сеќавам точно од што беше. Не сум помислила дека и таа всушност може да биде страшна за децата :)
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Мислам дека темава треба да ја "разработиме" повторно. Со оглед на тоа дека им е допуштено и без надзор да гледаат се и сешто мислам дека е редно да се фатиме како родители за работа и да повнимаваме што нашите деца гледаат. Вчера на плеј стор сосем случајно најдов апликација kids YouTube ја симнав за да видам што е а на прв поглед ми се допадна. Мислам дека е многу безбедна апликација си правиш нешто као профил пишуваш своја година. На раѓање и на детето и според возраста ти даваат видеа за гледање. Има цртани, музика, едукативно видеа, видеа од стилот Diy. Мене ми се виде одлична.
    Инаку ако дискутираме за јутјуб на компјутер.... Разочарана сум од едни видеа што ги објавува мало дете гледајќи некои и јутубери. Сигурна сум дека и вие сте сретнале видеа од него по фејсбук групи го имаше. Секое видео го почнува со ЗДРАВО ЏИПЕРИ а на едно ја малтретира тетка му и сето тоа го снима.
    Од телевизија да не речам ама 2/3 од цртаните се бесмислени и не би да пуштам порано сум гледала и јас cartoon network ама со далеку поквалитетна содржина а сега... Шта да ви причам.