Можете да ми објасните како оди процесот за добивање финансии за отворање на сопствен бизнис? Мене ме интересира за отварање на приватно школо. Доколку некој од вас го направил ова, ве молам објаснете ми подетално. Благодарам однапред!
Во биро за вработување се поднесуваат документи,треба да почекаш одреден период за да видиш дали ќе ти одобрат.Доколку е тоа така ќе ти дадат потребен инвентар во замена за сумата која што треба да ја добиеш,односно тоа е помошта од нив.Тоа е во глобала се што би можела да ти кажам околу тоа и како одат работите.
Мене ме интересира дали лице со намалена работна способност,може да користи субвенции за само вработување ако се земе во предвид дека еднаш има работено и плус во семејството има уште тројца невработени , Дали може да ги користи средствата од посебниот фонди дали доколку работи за друг работодавец тој пак ке повлече средства. АКО МОЖЕ НЕКОЈ ДА МИ ОДГОВОРИ .Посебно некој што правник или некој кои му се познати законите за заштитни друштва . Мислам на неповратени средства кои се услови и се што знаете околу тоа
Дали има некој искуство со ова и како оди процедурата? Јас би сакала да аплицирам на некој следен оглас па ме интересира мислење и искуство.
Има различни програми, со различни услови. Некои средства се повратни, некои неповратни, а некои повратни после одреден период стануваат неповратни. Се зависи од условите на конкретната програма. Инаку, никогаш не даваат парични средства, туку ти си земаш материјали и алатки за работи, па фактурите се праќаат и се наплатуваат. Татко ми има земено вакви средства. Ако фирмата опстојува повеќе од една година средствата стануваат неповратни, а доколку ја затвориш пред истекот на првата година мораш да ги вратиш и 4 години немаш право да се пријавиш во агенцијата за вработување. Понатаму, како и секоја фирма, мораш да плаќаш придонеси, да поднесуваш завршни сметки, биланси, се ова од страна на овластен сметководител. Ако знаеш да работиш и ако навистина ги земаш средствата за да работиш, ќе успееш.
Мене ми е потребно за отворање на шивачко студио што значи тоа ќе спаѓа под занаетчиство... а знам дека средствата се во материјали а не парични, само друго ништо не знам... дали треба одреден период активно да се пријавуваш во бирото како невработен (она како месечна заверка што е) и колку време?
Татко ми кога зема мислам дека условот беше да е пријавен најмалку 6 месеци. Еве овде можеш да најдеш повеќе информации http://www.samovrabotuvanje.mk/
некој друг со лично искуство? како одат и трошоците за фирма? ова бидејќи спаѓа во занаетчиство подлежи на фискализација?
Огласот за Самовработување со неповратни средства излезе вчера и трае до 25 мај. Некои од вас беа заинтересирани. Пријавувањето е во центрите за вработување http://avrm.gov.mk/content/Oglasi%20AM/ ... 014_MK.pdf http://samovrabotuvanje.mk/Default.aspx ... NewsID=463
ајде и јас да прашам нешто мојот дечко разбрал нешто,но не доразбрал , тој има фирма веќе 7 години јас сум не вработена моментално,разбрал дека доколку сега ме осигура кај него во фирмата државата исплакала некоја одредена сума на пари е сега,од кога ке ме осигура некоја година ке ги зема тие пари барем јас така мислам,но после тоа колку години не треба да ме одјавува,ако некој е информиран за ова да ми одговори
За фирми има неколку мерки на пр. субвенционирање (за кое мислам огласот е во тек, треба да си прашате) СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ .....финансиска поддршка за секое вработено лице за бруто плата во износ од 13.000,00 денари месечно за период од 6 месеци, со обврска на работодавачот овие лица да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци (вкупно 18 месеци) или на негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на невработени лица на АВРМ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА (огласот тече од вчера, па се до 25 мај). Програмата се предвидува поддршка со неповратни средства во вид на опрема и/или материјали во висина од 92.000,00 денари за секое ново отворено работно место, но не повеќе од 5 работни места (максимум 460.000,00 денари). Работодавачот кој ќе вработи лица согласно со оваа Програма, има обврска да ги задржи на работа најмалку 12 месеци од денот на засновањето на работниот однос со полно работно време или на нивно место да вработи друго невработено лице регистрирано во евиденцијата на АВРМ. МЛАДИ ЛИЦА ДО 29 ГОДИНИ Ослободени се од придонеси една година со обврска работодавачот да ги задржи на работа уште 1 година (или да вработи друго лице на негово место)
Треба да си активен барател на работа евидентиран во АВРМ (барем еден ден пред излегување на огласот). Не се добиваат пари туку набавки во вид на опрема, алати и репроматеријали во вредност од 185000МКД. Отворањето на фирмата е платено од проектот. Дали ќе треба да се фискализираш, ќе одреди комисија која ќе те посети (зависи од повеќе услови на пр. дуќан на главна улица, прометно место).
и јас мислам да поднесам барање ама не нешто посебно и невидено до сега...туку најобичен дукан.... прееска читав што се треба да се направи ама како што разбрав треба да се има некоја оргинална идеја за да ти го прифатат проектот...или па погрешно сум разбрала ???
Отвораат се, и мини маркети - ако со тоа мислиш најобичен дуќан. Има и други ф-ри кои влијаат на пр. работното искуство, познавање на пазарот/клиентите, финансиите итн. Зависи и од тоа со кои идеи ќе аплицираат другите кандидати. Практично доделувањето на грантовите е на база на натпревар, се пријавуваат многу повеќе кандидати од планираниот број кој може да се поддржи со проектот.
LibertaGia! За подобро да се информираат луѓето од Македонија, сите иформации во врска со компанијата (нивните заработувачки,услови,дејности,итн) ги склопивме на едно место уредени и разбирливи за секој да може да се информира и нормално ако сака да почне да работи. http://www.libertagiamk.com/
Од вчера мислам дека е пуштен повторно огласот за самовработување, бидејќи сум подолго време не вработена, размислував за ова и сакам да пробам да аплицирам само некако слаба сум со идеи Иако живеам во мал град има доста конкуренција на пазарот бутици, продавници за накит, парфимерии, маркети, пластичари, цвеќари Фан сум на направи сам работите, размислував за изработка на украсни кутии за свадби, крштевки, прослави ама незнам колку тоа би било исплатливо.
Владата им ја дава ова можност на младите до 29 години , да си отворат свој бизнис и добиваат 7000е кој што треба да го вратат во рок од 7 години, дали некој е повеќе информиран ? Дали некој се самовработил на овој начин , па да може поопширно да објасни ?? Дали е добронамерност или замка ?
Повторно ке пишам доколку имате некаква информација за проектот за САМОВРАБОТУВАЊЕ ДО 29 ГОДИНИ , како одат процедурите, и дали парите ги даваат кеш ? и дали се повратни или неповратни ?? Ако некој знае нека пише подетални информации
Malku kasno pisuvam ama moze ke ti pomogne, proektot e vsusnost samovrabotuvanje so kreditiranje,taka da povratni se sredstvata. Sto e mnogu dobro e edna godina grejs period,I 7 godini otplata so 1% kamata, kolku sto znam fiksna, navistina e povolno, sredstvata sigurno ne gi davaat kako kesh, tuku na smetka,loso e sto ti trebaat ziranti koi se cisti I najdobro da se vo drzavna administracija,ne se sekjavam dali eden ili dvajca, imas eden kup dokumentacija za sobiranje, no dve tri nedeli trcanje I lesno ke se sredi ,navistina e ubava moznost za mladite koi imaat ideja,e posle kako sto, dali ima zamki ili ne, ne sum zapoznaena