Здраво, имам едно прашање дали кога се купуваат производите нели кога се собираат фактурите дали пример ако сакам да земам клима мора стриктно од некој што дејноста му е само да продава клими како клини.мк или пример може од нептун, сетек и други?
Може од сите што можат да ти пуштат фактура за клима.. Значи може и од сетек и од било кои што продаваат клими
Здраво, ме интересира дали излегуваат повеќе огласи во годината за самовработување или пак само еден.
Како оди кредитот за самовработување со содружник? Освен што даваат повеќе пари да се искористат репроматеријали? Дали двајца козметичари би се воделе како ДОЕЛ и ќе мора да издаваат фискална? Некој по упатен ако може да ме информира?
Ако сте двајца основачи тогаш би било ДОО. За двајцата грантот би изнесувал 12000е. Познавам еден фризер што е регистриран ДООЕЛ а нема обврска да користи фискален апарат. Тоа веројатно се поднесува во УЈП, да си ослободен од фискален апарат. Исто така, можеш да се регистрираш во комора на занаетчии ама тогаш ќе треба ти само да се рег како занаетчија.
Здраво ме интересира дали некој дали до крајот на годината би имало пак оглас за грант за самовработување? Исто таака ме интересира од објавувањето на огласот до отварањето на фирмата отприлика со сите процедури колку време минува и дали може да аплицирам да ми дадат грант за да купам веќе отворена фирма што работи?
@Melaniii.43 Овaa година огласот траеше 2 недели, заврши на 8ми март, имаше 2 предавања за отварање на бизнис во април беа тие. Од 1 јули почнаа да ги известуваат луѓето што добиле грант. Мислам дека огласите ги објавуваат февруари март секоја година.
Ќе ја тагнам @Dust знам таа беше поупатена во овие работи, слободно кој знае нека пишува. Прочитав статија дека занаетчиите биле ослободени од плаќање придонеси за тој одреден месец, при користење на годишен одмор. Другар зеде грант кредиот минатата година во ноември, се води како занаетчија. Дали знаете како одат протоколите за да се поднесе барање. Секако ќе си праша и тој во агенцијата за вработување, но чисто информативно прашувам.
Народе, како што сфаќам, секоја година се менува по некое правило. И ако не грешам, оваа година се доделија по 6.000 евра, со услов фирмата да функционира 3 години. Ако грешам, поправете ме. И... Дали можеби некој знае за колкав период треба да се искористат средствата. Недела, две, месец, година??
@Vitamin Оваа година доделија по 6000е за ДООЕЛ и 12000е за ДОО односно за двајца основачи. Околу април мај ти прави бисниз план овластено лице за таа работа и тука треба да нагласиш колку пари ќе потрошиш за реновирање на објект, ако бизнисот е продавница,салон и сл.,колку за канцелариски материјал ако е сметководствено биро итн. Фирмата треба да работи 2 години минимум, но третата година не смееш никако да се пријавуваш во АВРМ за барање работа, за огласи. Прво има рок од 1 недела за да се отвори фирма, после со регистарот од фирмата одиш во АВРМ и таму ти даваат уште 2 недели време да си собереш профактури, ги носиш пак во аврм, а потоа и во банка, каде што ги исплаќаат средствата на фирмите од кај што си направил набавките.
И сеуште нема исплати? Убави заебанции прават, отвори фирма прво, па мисли се како да ги платиш сите трошоци додека да започнеш со работа.
@MkdBoy Te molam pisi mi lp mnogu e itno se poznavame od porano trebase da instalirame edni aplikacii vo eden telefon Itno mi trebas za podovi da te prasam nesto I licno nesto da te prasam ,ke ti kazam koj e tuka