Благодарам Сега чекаме сеуште нема ништо не се знае дали ќе има што ќе се деси до 15јуни тоа ќе биди после се се блокира незнам еднаш се решив нешто да направам и ништо... Секој што ќе има некаква информација нека ме контактира во порака... Мојата идеја и не е толку лоша ама ќе видиме
Се јавив во АВРМ службеничката така ми рече дека требаше крај на април но не знае што е проблемот и сега последно било до крај на месец..
Мм е самовработено преку овој проект скоро десет години. Занаетчија е. Кога ќе аплицираш треба да имаш јасна идеја за бизнисот.Добиваш ментор со кој ќе изработил бизнис план. Претходно има обука која мора редовно да ја посетуваш и според која се изработува бизнис планот. Кога и ако ти ги одобрат средствата купуваш материјали ..жива пара не добиваш..туку тие покриваат ...фактурно... Има услови и потоа.. Не знам како оди сега... Обврзана си да е активна фирмата одреден број години,што значи мора да плаќаш придонеси и сите работи поврзани со неа.
Да мислам две години ако не се лажам треба да е активна фирмата.. И дека се оди фактурно знам... Меѓутоа не ми е јасно бидејќи знаеме ова е МК значи немаме се што ни треба тука значи некои работи мора да ги порачаме и од надвор и еве тоа не можело морало од МК да нарачаш... Мора да има некое решение јас правам анализи се со цени каде има што има .... Да ве прашам нешто ова Данини козметика искуство со базите да не има некоја членка? Асортиманот со етерични масла и е слаб а и со се останато ама машала и цените топ и се..
За Данини и ти спомнав кога ти реков за жената од Македонска Каменица.. Ужасна и беше проѕирната база ниедно етерично масло не можеше да ја покрие миризбата на алкохол, маслата и се ОК ама споредено со Србија од каде што мислам дека ги набавува, скапи и се бидејќи не се толку концентрирани.. Цените и се дупли него тие од Србија ..
Значи таа е жената гледам има отврено свое ама очигледно ептен ги надувала цените... Разновидноста на маслата е голема и задоволството да работам уште поголемо ради тоа што е многу разновидно а и со задоволство ги забележувам разликите, концентрацијата, нотата .. Ме интересира и барав разлики меѓу есенцијално и етерично масло? Не најдов разлика ама ми се избуричка малку во глава...
@Nuny види дали може друга фирма да ги нарача работите што ти требаат од странство, а ти да ги купиш од нив. Фактурата тогаш ќе е на мк фирма.
Овие стварно не се нормални... До 29години проектот за самовработување не разбрав дали има од 29 години нагоре.. Чиста дискриминација
Да, профактурите треба да се од Македонски фирми. Кога ќе биде одобрен кредитот, доставувачите ви ја носат рабата. Потпишувате испратница. Потоа кога ќе ви пратат парите, ќе им испратите.
Дечки не се обесхрабрувајте, на кој ќе биде доделен грантот зависи од службеникот од АВРМ што го води проектот. Јас лани бев постара од 29г па добив.
Јас не се обесхрабрувам решив ќе аплицирам.. Очи ми истекоа од истражување... Без разлика што немам поддршка бидејќи за домашните тоа било глупост.. Немало пара било неповолно и незнам што.. Еми сега требало за бебето да мислам да сум де породела па после времее сум немала незнам што ... Ама битно на годината дс сум почнела да одам на работа... Хаха реков не дома со детето ќе бидам и ова ќе си го работам.. Јас моето ќе си го сработам можеби ќе тргни мора од некаде... Инаку заборавив да прашам поради тоа што сум без работа долго време дали дека имам кредити што сега увис се со камати знаете какви се не разбираат дека не одам на работа.. Дали тоа ќе прави некаков проблем... Јас размислував бидејќи ова се е преку државата немам никаков контакт со пари значи не би требало да биде проблем.. Некој добро запознаен со ова дс ми помогне...
А порачките на материјал кога се прават како се прават (тоа мислам наведуваме во бизнис планот)... И од прилика кога тоа што се прави на фактура стигнува.. Некако некој временски период да знам...
Како шо сум во депресија, ја прочитав темава како "Програма за самоубивање". Ама тоа е, цел живот сум во погрешно време на погрешно место.