1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Програма за самовработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Natence88, 27 март 2013.

  1. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.695
    Пол:
    Женски
    Прво добро распрашај се да не имаш проблем со боледување после породување, бидејќи мора да поминуваш плата секој месец. Да не испадне после да враќаш пари. Кредитите немаат никаква врска со ова. Менторот што ќе го избереш за да ти изработи бизнис план си знае што и како, само ќе му објасниш што сакаш да работиш, дали веќе имаш нешто опрема, ама ова мислам беше откако ќе те одберат ако ги исполнуваш условите. Дека зависи до службеникот кој ќе добие, не зависи. Зависи од тоа колку пријавени има и колку е планирано да доделат. Нарачки правиш откако ќе ти доделат грант и ќе потпишеш договор. Собираш профактури и отвараш наменска сметка во банка и сметка на фирмата, профактурите ги носиш во Завод и кога ќе ги исплатат парите тогаш ги плаќаш профактурите од таа наменска сметка и мислам дека после носиш фактури со испратници во Завод. Потоа доаѓаат во контрола, да проверат дали навистина имаш земено тоа што е напишано во фактурите. Како што те читав, најдобро би било да се регистрираш како занаетчија, распрашај се во Занаетчиска комора подетално. Од каде си? Имаат канцеларии во сите (или во повеќето) градови.
     
  2. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    Во занаетчиска ми е распрашано треба еднаш да се заврши со грантот... Што е однесува до породилно тос нема а и неможам да земам такс да за тоа не проблем. А тоа со плата мислам дека не би требало да е проблем само јас ќе бидам... А плата како ќе поминувам од сопствен џеб ли..
     
  3. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.695
    Пол:
    Женски
    Да, мора да имаш излезни фактури или да уплаќаш дневен промет, ова не мора секој ден. Можеш да уплатиш дневен промет наеднаш и да поминеш плата. Можеш да плаќаш и само придонеси, не мораш и нето плата. Најди си книговодител и ќе ти објасни повеќе околу тоа. Ако прв пат отвараш фирма ќе бидеш ослободена од данок 3 години. Ама и тоа распрашај се, дали повеќе би ти одговарало паушал.
     
  4. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    Каде може да се најде урнек за бизнис план да се испечати ... Како да се направи во Ексел табела до пресметки...
     
  5. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    Јас вчера бев во Агенција, ми кажаа да следам страница, од следната недела ќе било пријавувањето, ама не кажуваат точно кој ден. Ми рекоа само со лична карта, не требало бизнис план... Малце ми се виде тоа чудно?
     
  6. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    Бизнис планот се работи заедно со ментор после прифаќањето
    .. Не веднаш процеси се тоа.. Прочитај ја програмата уште еднаш од 8ма страна надолу...
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.695
    Пол:
    Женски
    Не ти треба, нема ти да го работиш. Си има листа и ќе си избереш кој да ти го изработи.
     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TamaraSJ

    TamaraSJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Обично испаѓа во понеделник и трае 2 недели. Во тие 2 недели имате рок да се пријавување за грантот.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    Благодарам
     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    Што се случи со огласот нема сеуште ништо објавено на АВРМ? Да знам барем да доставам документи... Немам трпение веќе... Ептен за забави работата
     
  11. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    Имам уште една работа сакам да прашам... Кога ќе поминат тие 2години после што се случува? Дали јас во тој период од две години се водам како правно лице а не како физичко? Што ако до самиот крај после пример година и 7 -8 месеци излези да се вработам ( тоа не е возможно ама секогаш треба да се размислува позитивно)... Кои се моите обврски после тие две години? како и на која сметка смеам да примам сопствени средства од продажба доколку работата тргни( за жал сум блокирана бидејќи сум невработена и неможам да плаќам ратите и сите сметки ми се блокирани)? Логички без разлика на се блокираат според матичен број? Споделете искуство...
     
  12. TamaraSJ

    TamaraSJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    @Nuny
    Доколку првата година се вработиш во друга фирма, значи веќе во твојата фирма ќе бидеш одјавена враќаш 80% од парите што си ги земала,
    Ако ја затвориш фирмата втората година враќаш 50-60% од парите.
    Ако после втората година ја затвориш фирмата, немаш право да се пријавуваш во АВРМ како активен барател на работа.
     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    А колку време после огласот и одреденото време според грантот може повторно да бидам активен барател на работа..(не дај боже после три или четири години не успева бизнисот)
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.815
    Допаѓања:
    173.219
    Пол:
    Женски
    Ти како лице со име и презиме си физичко лице ..

    Фирмата ти е правно лице..

    Средства примаш на сметка од фирма.. откако се пријавиш во работен однос носиш кај извршителот м1/м2 и тој ќе те одблокира. После тоа треба фирмата т.е сметководителот 1/5 од платата да ја префрла кај извршителот на сметка а остатокот да ти се исплаќа..
    Или 1/3 ако си пријавена на повеќе од минималец, а нема да си ...
     
  15. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    А плата како ќе примам јас мислам овие пари од грантот ќе бидат распоредени и за плата? Добро ли разбрав?
     
  16. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.695
    Пол:
    Женски
    Пари од грантот ти нема да видиш. Отвараш наменска сметка само за профактурите, они ги префрлаат парите на таа сметка и само потпишуваш налог за плаќање на фактурите. Пари не земаш и тие средства не ти се за плати и придонеси. Ќе имаш трансакциска сметка на правното лице, односно фирмата, овде ќе уплаќаш дневен промет или ако имаш излезни фактури ќе ти ги плаќаат на оваа сметка. Потоа ќе поминуваш плата. Значи ти мора да уплаќаш пари за да можеш да исплатиш плата и да платиш придонеси, да платиш понатака други влезни фактури ако земаш репро, да платиш фирмарина, провизија за водење сметка, членство во Занаетчиска комора ако се регистрираш како занаетчија. За сите трошоци на правното лице ти мораш да уплаќаш пари, преку дневен промет или преку излезни фактури.

    Секој месец книговодителот ќе ти прави декларација за плата, со неа одиш во банка и плаќаш, ама претходно мораш да имаш средства на сметката.
     
  17. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е јасно декс парите се стриктно фактурно и дека немам допир джсо нив... Меѓутоа книговодителот декларации за плата ќе ми дава од кога ќе започнам да работам мислам од кога ќе започнам со продажба... Ме разбирате