Tie pari se za pocetok otvaranje na firma nabavka na materijali i slicno a za plata pridonesi kirija knigovoditel firmarina toa treba sam da si zarabotis pari tie nemoze za pustanje plata
Дај Боже Ептен задоцнето претходно во Април /Мај објавено беше сега ептен забаено... Ќе фатат одмори...
Моментално користам одмор од на работа и планирав да дадам отказ, дали доколку до 20ти дадам отказ ќе имам шанси да ме изберат или има одредено време во кое треба да си невработен? Знам порано требаше мин. 2 месеци да си невработен, сега не пишува ништо…
Секако сега нема да се пријавам, но на наредниот оглас ќе пробам. Само што имам некои недоумици и пред воопшто да се впуштам во планирање ме интересира ако некој може да ми одговори на некои прашања за кои не најдов одговор. Што се се подрзбира под занаетчија? На сајтот на комората не најдов инфо ама ако знаете каде пишува кои се дејности спаѓаат споделете. Дали освен овој грант има и програма на кредитирање на самовработување или тоа е едно исто? Дали во оваа мерка би спаѓале и дејности како нудење на консултанстски услуги, преведување, маркетинг агенција, карго и слично?
Здраво Дали ова со програмата за самовработување може да биде партиски... Ме плашат домашните да не сум се занесувала бадијала...не се откажувам јас но мислам дека не е така како што ми зборуваат...
Немој негативни луѓе да слушаш, вчера имаше вест дека за 2 дена има околу 1500 апликации а се планира да се одобрат 16000, така да ако според кажаното веројатно сите што ќе ги исполнат условите ќе добијат шанса. Оваа година барем така пишуваше квотата на кандидати кои треба да бидат прифатени е доста зголемена во споредба со претходните.
Ти благодарам.... Јас не знам толку негативност да има те ради партија нема да те одберат те само ќе заглавиш нема да успее... Ке пробам ке промовирам ке рекламирам ќе направам каталог ќе продавам во маркети (се разбира прво да добијам сертификатите) преѓе ради хормоните (дека бремена) си се изнаплакав дека ми рекоа од сапунчиња продавање не бива ништо кога ќе го пробиеш пазарот не знам што (ами преко ноќ ништо не успева) ... Ама се заинаетив плус не губам можам само да добијам.... Ептен сум оптимист во замислата што ја имам...
Нема што да изгубиш, и ниту една идеја не успеала за 1 ден или месец. Биди упорна и промовирај, давај како промоција, склучи договор со е комерц сајтовиве групер, ананас, волт, се едно по едно. Во меѓувреме истеажувај и види што се бара, што се продава и ќе добиеш идеи и за понатаму. И јас се чудев кога отворија едни фирма за колагени си реков ова е само тренд ќе помине, при желатин кој ќе купува скап колаген па ене турбо работат и се шират и со нови производи. Така да секоја идеја е можна ако веруваш и се трудиш, не разговарај со негативни луќе само ти шират негативна енергија, нека си гледаат работата а ти твојата. Мислам видк кај нас и сајтови што препродаваат тему работи супер функционираат, на фб растураат така да за се има купци само битно патот до нив да си го најдеш. Само напред, таман трудна ќе си дома уште година две сигурно и ќе се разработиш.
Нема врска ова, само кога ќе правиш бизнис план скоцкај го добро, државата ти доделува човек што ќе го прави ама многу ради реда го прават. Наведи повеќе идеи, спомни дека веќе имаш најдено локал, биди уверлива кога ќе го презентираш проектот. Едит: имаш многу идеи за сапунчиња на тикток. Органски, домашно производство, овошни, хербални, лековити. Амбалажа и маркетинг се многу битна работа исто така. Имаш идеи на Canva, Pinterest.. ако ти притреба нешто слободно пиши ми во лп. Среќно на сите.
Кога отприлика почнуваат обуките и колку дена ќе траат? Ќе има ли секој право на збор или тие се само ради реда? Кога се прави бизнис план? Се презентира ли? Некој да ми објасни?
Многу ти благодарам Се ми е најдено единствено ме кочи набавката од производите од Република Србија... Сега ќе ти пратам порака приватна да се допишуваме и надвор од овде