Сега останува да чекаме резултати... Ако има некој/а член/членка има инфо неделава да пиши јас неможам да чекам се нервирам таква дум природа... се сакам во моментот
Леле, Nuny, минатата недела поминав во Агенцијата, беше ужас, огромни редици, влегуваа преку ред да не речам "со врски", некои чудни ликови влегуваа, излегуваа, се "договараа", "мешетареа" и што ти уште не ..Ви посакувам да успеете, но тоа што го видов беше човек да изгуби секаква мотивација.
И јас многу сакам добро сега ако сте од Скопје секогаш е така еве и Битола има гужви работа во еден ден неможе да се заврши...
Nema da znaete odmah koj e dobitnik na grantot a koj ne . Tek ste pocnale vie , ke ima preliminarna rang lista pa posle sleduva obuka pa biznis planovi pa na kraj koga ke dobiete nasoki za otvoranje firma togas e veke definitivno . Ke moras da se strpis i da cekas ova e borba so nervite .
Одвај чекам се е планирано ... Рекоа дека задоцнето требало побрзо да се средат работите затоа се надевам јас..
Здраво , знае ли некој дали грантот може да се користи и за основни средства како што се : компјутер, телефон, тротинет или ел.мотор(пр. за достава на артикли при online продажба)... или мора само за ОС што се дирекнтно поврзани со дејноста како машини или материјали за понатамошна продажба? Прочитав дека не можело да се користи за: наемнини,режиски трошоци,плати и сл. Ви благодарам
Единствено со приложба на профактура а инаку се што ти е пишано во бизнис планот треба да го реализирам и да доставиш фактури за тоа што треба да го земиш... Неможи да земаш работи и да препродаваш... Која е логикатаа бела техника за дома да си купиш а ваму бизнис ќе отвораш? Тоа што си го смислил како бизнис идеја тоа ќе треба да наведиш... Ако работиш спротивно ем ќе те казнат ем ќе ги вратиш парите...
Некој член/ка да има инфо во врска кога би имале од прилика некое инфо... Јас веќе до детал испланирав крајно ќе се разочарам ако не ме прифатат од мало место сум и стварно сакам да ми прифататат идејата .... Единствена информација што ја имам е дека имало многу пријавени ама се надевам дека ќе успеам... Неможам да дочекам... Досега пр во 2024 што беше ранг листата на избрани идеи ме израдува резултатот што имаше многу избрани и ретко поради несоодветна документација неприфатени затоа си се надевам декс можеби ќе ме прифатат...
Рано е..може и 2 месеци да поминат додека ве контактираат .. Не знам што очекуваш па си се напнала дека мора одма да изберат.. Јас кога аплицирав може и 3 месеци да поминаа после завршувањето на повикот додека ме известат за обуката ..после уште месец и кусур додека го направија бизнис планот па се понатаму.. Маж ми чекаше 2 месеци после повикот додека го известат дека е одбран..
Не се напнав и не очекувам да се случи за два дена... Меѓутоа дека доцна излезе огласот затоа се надевам дека можеби ќе биде побрзо... И да .... секој се надева дека тоа што го замислил ќе го оствари јас не се напнувам за тоа само не сум трпелива бидејќи навистина имам толку идеи во глава и декс постојано дома размислувам за ова ...
Баш разгледав наназад во темава и на 10 страна имаше за лани како било: огласот завршил на 8ми март, имало 2 предавања во април а од 1 јули почнале да ги известуваат луѓето што добиле грант. Така да рано е, иако доцнеле 3 месеци со огласот не верувам дека толку брзо може да се води целата постапка.
Благодарам... Во ред е знам дека неможи за две недели меѓутоа пак доколку како што рекоа повеќе тимови ќе работат ради тоа што имало многу пријавени мислам барем после 20јули да има некои првични информации.. Сега капак на се се одмори и затоа можеби се чека...
Се чека за да легнат средствата да може да ги користите. Тоа ќе му дојде некаде септември-октомври. Може и покасно. Имаат право да влечкаат до 15 декември.
во 2024 година конкурсот за грант за самовработување завршил на 8 март, а резултатите од првиот круг стигнале веќе во рок од 5–7 дена. Според некое истражување резултатите од првиот круг ги имале за една недела незнам колку е точно ова.Може се касни затоа што може има повеќе апликанти.
А целиот процес трае 3 месеци од прилика најверојатно. Од апликација до отварање на фирма со се обуки и тн. Ова е она што го сватив останува само да чекаме.
Јас пред неколку години аплицирав во Април (баш почеток беше), а фирмата ми е отворена во Септември. Па сега вие видете колку сме чекале. А и од отварањето на фирмата, до легнувањето на средствата ќе поминат уште месец, месец ипол. Мој совет, чекајте ама не се опседнувајте со ова, затоа што ќе трае. Нема врска кога пуштиле оглас, дали каснеле или не, процедура е. А и сигурна сум дека е празно во Завод сега, по одмори се повеќе од пола. Добронамерно, ако успеете најдете и работа за тоа време, да не сте пријавени секако, подработувајте нешто месециве за да имате приходи, кога ќе отворите фирма, наредниот месец плата до 15ти треба да поминете.