@Nuny Јас ти ја сфаќам желбата за успех, само пробувам да ти објаснам дека не е така како што го имаш замислено. Подолг е самиот процес од колку што мислиш, трае, успехот секако не доаѓа преку ноќ и на почеток неизбежно е одењето во минус затоа што нема да имаш продажба на сапунчињата колку што ќе треба да покриеш на месечно ниво. Еве, искрено ти кажувам, да не беше маж ми да ме покрива посебно тие првите месеци јас ептен ќе заглавев. Зезнато е ако немаш своја заштеда, а и ако немаш од каде да земеш додека се стабилизирааш. Посебно со бебе на пат... Но сепак ти си знаеш најубаво, јас посакувам на сите да ви се оствари тоа што си го имате замислено.
Ти посакувам успех, еднаш отидов да проверам што, како, и од тоа што го видов.. нема да образложувам што се видов... дефинитивно се разочарав, ужасно беше, не вредеше ..
Јас во февруари аплицирав, во септември отворив. Долга е постапката секако, не очекувајте дека за месец-два ќе завршите.
Да да знаеме меѓутоа барем да почнеме да знаеме што бива дали да се надеваме или не и трудот што го вложуваме да се исплати ... Не ни е целта за три дена да кажат знаеме дека е постапка и треба време ама барем "тронка" инфо или тронка "надеж" да речиме ќе го биди и тоа што сме го наумиле полека да си го ставаме на хартија што се вели...(јас веќе ставам читам, барам, комбинирам, пресметувам ...мажот ми нерви кини со мене рече оќоре на лаптоп досега магистратура да пишеше бог те пита колку страни ќе беше) Инаку никој не рече дека за два месеци ќе се среди и готово ќе почниш да работиш....
Дали работиш сега? Јас би ти рекла да си подработуваш, да нудиш, да продаваш, да имаш бар некоја основа на која ќе продолжиш понатака ако те изберат. Направи си страници по социјалниве мрежи, да дознаат потенцијалните муштерии за тебе. Не чекај да добиеш грант, па после да се мислиш од каде за плата и други трошоци, додека да почнеш да заработуваш.
Се е почнато ги припремам и содржините па веднаш ако даде господ да добијам ги давам на маркетинг агенција тоа ми е договорено тешки да добијам..
Нема сеуште ништо, вчера прашав во агенцијата кажаа дека сеуште се сумираат податоците но дека наскоро ќе бидат објавени
Да не бидиме толку песимисти... Кога рекле дека наскоро ќе биди ваљда ќе биди... Јас не се вознемирувам и сеуште имам надеж дека ќе ме изберат...
Значи дефинитивно нема да го убрзаат процесот. Многу веројатно ќе добиете информации во понеделник 21.07 за да изберете лице кое ќе ви изработува бизнис планот. И тогаш ја сум 99% сигурна дека сте одбрани за грантот. Исто така не треба никако да заборавете да се пријавувате во АВРМ секој месец со зеленото картонче.