1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Програма за самовработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Natence88, 27 март 2013.

  1. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Kolku vreme treba da si prijAven kako nevraboten za da zemes grant?
     
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    a dali znaete sto treba da se plaka mesecno ako se prijsvam kako trgovec poedinec? potocno poveke bi bila na teren, taka da moze i da nemam kancelarija
     
  3. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки сега ја најдов групата а баш сум заинтересирана за самовработување......Има некаква новост,некој нов оглас? Позз
     
  4. Imagina

    Imagina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    http://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
    Овде се сеуште активните огласи, а за мерката за самовработување е затворен огласот, пополнети се сите места, многу кандидати има. Баш вчера излегоа и резултати од селектираните кандидати за обуки во првата фаза.
    Така што, ако мислеше да се пријавуваш веќе е доцна мислам.
     
  5. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Внимавајте со тоа "самовработување". Доколку се вклучите во таа програма и земете средства, потоа следните 4 (четири) години НЕМАТЕ право да се пријавите како невработени во заводот за вработување.

    Што тоа значи?
    Пример: По истекот на првите 2 години кога треба самите да си плаќате придонеси согласно договорот за самовработување, во третата година се вработите во некоја друга фирма - на пример 1 година, тоа се вкупно 3 години.
    Според законот за РО при завршување на договор, ви следува паричен надоместок најмалку 3 па и повеќе месеци од заводот за вработување како невработено лице. Но, доколку не се изминати 4 години од моментот кога сте се вклучиле во програмата за самовработување, нема да ви следува ништо, ниту пак ќе можете да се пријавите како невработено лице. Затоа внимавајте какви договори склучувате и на што се потпишувате.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Monche24

    Monche24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Имаат ли воопшто асален телефон за да можеш да се јавиш и да дознаеш одредени клучни информации кои ги нема никаде објавено ? Се јавувам на тој број што им е на сајтот, ми кажуваат на друг да барам. Вртам на другиот, по 30 пати ѕвонење, успеав да ги добијам, за на крај да ми кажат момент да ве поврзам, бидете на линија и да ми затворат. Крајно безобразни...
     
  7. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Имаат телефон но исто како да немаат. Ова не е Германија Monche24 за да се информираш преку телефон. Ќе си отидеш на лице, ќе земеш бројче, ќе чекаш на ред и ќе прашаш. Едноставно така функционираат и не им се брза никаде. Живот је пред вама, што би рекол Бора чорба. :)
     
    На Monche24 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.558
    Допаѓања:
    171.457
    Пол:
    Женски
    Од каде па такви информации...
    На нашиот договор си стои само дека мора да работиме 24 месеци доколку не сакаме да ги враќаме парите од грантот и дека не смее да немаме активност повеќе од 5 месеци. За тоа време немаме право да се пријавиме во завод.
    После 24 месеци немаме никакви обврски ниту забрани
    Сите информации се добиваат во работните клубови при аврм. Но сега не е активна мерката, немаат пуштено оглас нема ни за што да ве информираат ни во аврм ни по телефон. Следете на страната на аврм, не може кога ќе ви текне да се пријавите. Пријавата иде по повик и после селекцијата има обука, па следни чекори
     
  9. Monche24

    Monche24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Во ред, затоа и постои телефонот.. Не можеме да погодуваме кога ќе биде конкурсот, затоа сакав по телефон да се информирам. На сајтот не пишува да ѕвониме само во периодот кога има распишан конкурс или непосредно пред тоа. По една недела упорно барање на
    тел, од икс причини не можев да појдам таму директно, вчера морав да отидам и ме маткаа по шалтери, прашај овој, прашај оној за на крај да успеам да добијам одговор на моите доста ,, комплексни" прашања.
     
  10. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    @Dust Јас кога отидов пред 1 месец да се пријавам у завод, ми рекоа дека поради тоа што сум земал грант пред 4 години, се^ уште имам забрана за пријавување, односно следниот месец - во Октомври оваа година ми истекува забраната од 4 години и тогаш ќе можам да се пријавам.

    Во однос на потпишаниот договор со UNDP и АВРМ нема такво нешто - забрана за 4 години пријавување туку стои само она што го спомна ти - 24 месеци мора да плаѓаш сам придонеси т.е. пензиско и здравствено. Истото и во мојот договор го има и јас тоа си го исполнив. Си плаќав 24 месеци уредно се`. Но сега кога отидов ми рекоа: Зарем не си знаел дека по истекувањето на тие 24 месеци од договорот за кој треба да си плаќаш придонеси, потоа уште нови 24 месеци (вкупно 48 месеци) немаш право да се пријавуваш во завод. Односно тие 48 месеци ми истекуваат следниот месец и дури тогаш ќе се пријавам.

    Нормално и јас се изненадив од тоа што ми го кажаа и ич не се сеќавам дали и тогаш пред 4 години ни беше кажано, но наводно така било според нивните правила. Карма ис бич. :)
     
    Последна измена: 19 септември 2019
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.626
    Пол:
    Женски
    А зашто се пријавуваш во завод?
     
  12. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Затоа што пред месец дена ми заврши договорот од последната компанија каде што работев.
     
  13. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.626
    Пол:
    Женски
    И јас се пријавував, одев на секакви обуки. Ама освен тоа мислам дека нема фајде, затоа прашав. Поз
     
  14. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Ја би го сменил името на таа институција. Наместо "Aгенција за вработуење", реално и` прилега името "Агенција за евиденција на невработени". :)
     
    На ImePrezime, cresa-jagoda, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.626
    Пол:
    Женски
    Јас би ја укинала.
     
    На Justicija и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Ја не би препорачал да се занимава било кој со нив туку да си вади пасош и да се мане од тука. Нека си ги пријавуваат нивните другари таму.
     
    На темјанушка и tina2018 им се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    15.079
    Пол:
    Машки
    Вака сеа ме интересира, дали е важно дали поседувам дуќан на мое име (или од дедо ми) и ако е туѓо, дали ќе треба киријата да ја плаќам на сметка, дали ме разбирате?
     
    На Vikisara му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Кирија, плати, придонеси, даноци, сметки за струја, вода, интернет и останати режиски трошоци не можеш да плаќаш со парите од грантот (доколку прашуваш за тоа). Со тие пари моеш само да купиш било што, што ти е потребно за бизнисот. Инвентар, компјутер, брашно (ако си бурекџија), да го реновираш дуќанот, машина некоја, принтер, фискална каса... итн.

    Во однос на начинот на плаќање кирија за дуќан кој не е на твое име, тоа си зависи како ќе си се договориш со сопственикот на деловниот простор. Но по мене а и според било кој адвокат доколку го консултираш, подобро е киријата да му ја плаќаш на с-ка за утре да имаш доказ што се` e платено а што не. Во спротивно може секој да манипулира, прво газдата да прикрива данок од УЈП за кирија што зема, второ тебе може да ти каже ми немаш платено за Јули 2020 кирија (а ти си му дал на рука пари), и така...
     
    На Роберт 7 и Stark им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    15.079
    Пол:
    Машки

    Фала ти на одговорот, размислувам да отворам зелено пазарче т.е. да продавам овошје, зеленчук и поголемиот дел јајца...

    Инаку нема да плаќам кирија, пошто е од дедо ми, ќе ми го даде да го работам јас, но дали има некои услови, тоа ме интересираше..

    Инаку по некоја логика ова, материјалите значи со овие пари само можам да го реновирам дуќанот, фискална и веројатно за табли (влошки за јајца) и конец можам да купувам...
     
  20. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.905
    Допаѓања:
    13.679
    Пол:
    Машки
    Се што ќе земеш преку фактура можеш,како материјали за реновирање,фискален апарат,опрема за работа сл. и имаш одреден рок до кога смееш да ги потрошиш доделените парични средства.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.