@d_net Сам не можеш, ама секако не плаќате вие за тоа, туку АВРМ плаќа на овластени лица за изработка на бизнис планот.
Во меѓувреме читам фаќам белешки.. Собирам рецепти, барам материјал што ми е потребно, закони, норми, на што треба да внимавам, правам содржини, читам мислења... Ради што неможам да седам долго два дена домашни обврски два дена го правам горенаведеното за доколку ме прифатат и ми одобрат ми бидат средени работите а не тогаш да барам и да се нервирам дали има или нема нешто или дали ќе можам или не ќе можам дс средам... Половина работи ми се средени.. Си прашав во фирми за профактури си имам листа што ќе ми послужи да средам...
а толку ли немаш некој свој почетен капитал кој што би ти послужил за да започнеш со идејата? Што работеше до сега, на која возраст си?
Не немам затоа внимателно планирам се да имам за да можам дс почнам па веднаш после да надополнувам од тоа што ќе немам...до сега во фабрика и две години на Бензиска... 33години имам до 26 учев поради наследна пензија од починат татко....
Драги девојки,дали некој знае дали има врска ре-балансот на буџетот со повикот што го чекаме.Дали чекаат тоа да се изгласа па да започнат со повиците.
Можеби има не знаеме ќе видиме во текот на денот како ќе биди... Битола мислам го изгласаа мислам го средија уште минатата недела не верувам да е до тоа. Посекако за парите е уште многу рано..
Да се надеваме.. Штом има нешто некој/а член/ка сигурно ќе пиши ... Рано е сега нашата златна администрација пие кафенце па после паузата.. Ќе почекаме до кај 12 ќе видиме
Хахаха, можеби, ако имаш среќа, а може и да е доцна после 12, обично ако бараш државен службеник околу 10-11, и ако ти речат "отиде на доручек", биди сигурна дека тој повеќе не се враќа до крајот на денот..проверено
Хм, а ја толку сигурна дека денеска ќе имате информација. Лани, последниот ден од огласот беше 08.03.2024. На 08.04.2025 во 09.17мин веќе имав меил за да изберам лице за бизнис планот. Проверете на линкот што ќе ви даде. http://samovrabotuvanje.apprm.gov.mk/loginA.aspx