Здраво, дали има некој што аплицирал за грандот за самовработување 2022 и дали има информации до каде е процедурата
Јас на 7ми јуни го потпишав ваучерот и бизнис планот е пратен.Никој ме нема контактирано дали е поминат .Но денеска ми се јавија некој од салон за продавање матријали и потребни работи за уредување ми кажаа дека добиле информација според бизнис планот што ми е потребно.Сега не сум сигурна дали е тоа завршено или не.
И јас потпишав за ваучер за менторот што е за изработка на бизнис планот и бизнис планот е испратен. Понатака немам никаква информација
сега добив информација завршената е последната фаза. Но за тоа дали поминале треба да контактираат од аврм.
Ни јас немам сеуште никаква информација. И да знаете дека морате сеуште секој месец да се пријавувате во аврм додека трае процедурата.
Здраво.некој да не има некоја информација за самовработување 2022.процесот до кога ке трае .има ли некој што е известен од АВРМ.
И јас чекам сеуште немам никаква информација. Менторот ми кажа дека треба да почнат периодов да се јавуваат, па еве сите чекаме, во неизвесност сме.
Јас да ве прашам вас што добивте, како ќе се регистрирате, која форма? ТП, ДООЕЛ? Која форма највеќе одговара? Добив и јас и можам да работам и како занаетчија, ама се мислам сега како да се регистрирам? Која опција е најповолна во однос на годишни давачки? Придонесите се тие, ДДВ обврзници секако нема да бидеме сега. Кои други давачки се на месечно/годишно ниво, освен сметки и кирија? @ivanaivis ако веќе отвараш фирма не треба, единствено провери да не треба да се пријавиш деновиве пред да ја отвориш фирмата. Прашај си за секој случај.
10 дена имаш првично за отворање бизнис од првата работна средба, и потоа уште 15 дена за носење на профактури од фирми, а вкупно се 3 месеци за да отвориш бизнис ја земеш опремата и почнеш да работиш. Лошто е што веднаш по отварање на фирма АВРМ те регистрира како вработен па веднаш ти тече стаж и мораш да исплаќаш плати и придонеси а ти кога сакаш можеш да почнеш да работиш
Дали има некој информација како ќе се одвива процедурата со парите ќе биде профактура, одобрување па фактура или како претходната година парите на сметка на фирма директно?
Носиш профактури во завод, ги проверуваат, ги одобруваат, отвараш наменска сметка со траен налог во банката и чекаш да пуштат пари. Откако ќе ги пуштат на наменската сметка, банката преку трајниот налог ќе ги плати профактурите и тогаш си ја земаш робата со фактурите.