Програма за самовработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Natence88, 27 март 2013.

  1. justin4ever

    justin4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    36
    Дали некој има искуство да ми пише во врска со прашалникот и прашањата кои треба да се одговараат и врз основа на кој критериум одредуваат дали и кој ке биде одобрен?
     
  2. Monicka_monka

    Monicka_monka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    11
    Здраво да ми пише некој што се пријавил да ми каже што документи треба за пријавување, фала
     
  3. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Пријава и прашалникот таму што треба да се пополни и нормално пријавувани да сте во АВРМ како невработен/а.
     
  4. evinaevina8

    evinaevina8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    Ќе одиш во АВРСМ таму ќе ти дадат документи кои ќе треба да ги пополниш. И плус секој месец треба да се пријавуваш како невработена.
     
  5. elena.93

    elena.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    А за повратници од странство што дополнително треба? Тука претпоставувам се исклучува делот дека треба секој месец да си се пријавувал во АВРСМ..
     
  6. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Би требало... Ама зошто нив ги вметнале штом се повратници сигурно нема со овие средства да се задоволат. Тие таму биле спечалиле и сега се вратиле тука да прават бизнис.. На место тоа можеше барем уште по 2.000 евра плус да зголемат... И како ќе биде ќе живеат од бизнисите во Германија, Австралија, Шведска.... и плус тука бизнис ... Некои работи навистина немаат смисла ама тоа е ние да си ја тераме работата што сме ја замислиле
     
  7. Melon

    Melon Нов член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2026
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Здраво
    Дали со грантот може да се отвори фирма што би работело исклучиво онлајн?
     
  8. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Добро вечер
    Дали може некој да кажи од минатата година што ја поминале обуката за претприемништво дали шансите се поголеми за одобрување на грантот? Дали побрзо дознавте дали ве избрале или не?
     
  9. ЕТК

    ЕТК Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2025
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, има ли некој што се охрабри и што аплицираше за грантот? Нема уште многу време - во петок завршува рокот. Јас пред неколку години го пројдов процесот - не е баш лесен ама вреди. Ви посакувам среќа и трпение
     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cocobomb

    cocobomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    50
    За оние со искуство:

    1. Какви прашања има на прашалникот со пријава?

    2. На што смее а на што не смее да се користат средствата(освен за кирија тоа знам)?

    3. На што ги искористивте Вие?

    благодарам:)
     
  11. ЕТК

    ЕТК Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2025
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ќе дадам јас одговор врз основа на моето искуство. Пред 5 години без никакви врски или претходни знаења за бизнис - аплицирав, ме одбраа и ми доделија грант со кој си основав сметководствено биро кое и до ден денес го водам.
    1. На прашалникот имаше општи и лесни бизнис прашања се со цел да се осети дали имаш некоја бизнис логика..
    2. Смее да се користат за набавка на опрема а не смее да се користат пример за плата.
    3. Јас ги искористив за да си опремам канцеларија со канцелариски мебел, клима, принтери, компјутери - се што ти е потребно и неопходно за почеток на твојот бизнис.
     
  12. ЕТК

    ЕТК Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2025
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас кога аплицирав ова требаше, верувам дека и сега е истото:
    -Важечка лична карта,
    -Диплома од минимум завршено средно образование,
    -mail адреса која активно ја користиш
     
  13. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Јас втор пат првиот ме одбија и навистина се разочарав
     
  14. ЕТК

    ЕТК Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2025
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Во која фаза те одбија од почеток или после бизнис план? Сега за истото аплицираше?
     
  15. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.905
    Некогаш и до идејата за бизнис е. (пример изработка на сапуни, свеќи, етерични масла..) Пошто има многу посериозни бизниси за кои се аплицира. Многу отвараат адвокатски канцеларии, центри за логопед и рехабилитација, козметичари, палачинкари, многу има што аплицираат за надоградба на бизнис, знам стоматолошки ординации кои земаат грант за да купат одредени апрати кои би потпомогнале за здравството и пациентите.
     
  16. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Се поминав и на бизнис планот малку поени сум имала...
     
  17. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Можеби според вас не е сериозен бизнис планот но за мене мислам дека е и мислам дека е сосема ОК. Сепак тие што земаат за надоградба на бизнисот претходно веќе имале бизнис и работеле и колку штп знам не треба да си ниту вработен ниту управител на фирма за да аплицираш бидејќи ова е за невработени што сакаат нешто свое. Незнам зошто се потценува идејата.
     
  18. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.905
    Реално ако веќе еднаш си одбиена, мораш да промениш некои работи во бизнисот кој планираш да го имплементираш.
    Бизнис никој не потцени, но мислам дека возрасна личност која започнува свој бизнис и тоа како треба да процени колкави се шансите државата да ти одобри грант и колку тој бизнис би опстанал.

    Конкуренцијата е огромна и реално кој и да е во ситуација да избере помеѓу бизнис за сапунчиња и бизнис на козметичар, знаеме кој ќе биде избран.
    Козметичар веќе има клиентела уште пред да започне со отварање на фирма, ти ја немаш.
    За да извадиш една минимална плата и да се расчистиш месечно со ќирија, придонеси и сметки, дневна заработка треба да ти биде најмалку 2500 денари (зборувам конкретно за твојот бизнис, потрошена индустриска струја, восоци, парафини, масла за свеќите, амбалажа, бои)

    На државата и треба бизнис кој ќе биде на пазарот со години, бидејќи државата заработува од тебе.
    Даноци, придонеси, договор за издавање на деловен простор, сметка за струја и вода, сметководители, некаде фискализирање и баждарење на фискален апарат ако е Дооел, плаќање паушал… итд итд.

    Се надевам разјаснив некои работи, не сакам да се разбереме погрешно, знам како дејствуваат работите кај нас и не зборам од памет бидејќи во фамилија имаме три разработени бизниси од кои само еден е со грант.
     
  19. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Да знам дека тоа така оди.. Сепак од струја кирија и деловен простор нема да плаќам е сега останатото нормално е кога ќе се решиш за нешто и да има трошоци... Конкуренција има да не велам не но за се има конкуренција... Јас многу сакам со тоа да започнам. Што се однесува до клиентела да тоа е така некои бизниси имаат клиентела од претходно но сепак со тек на време и јас ќе имам..
     
  20. elena.93

    elena.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    После колку време од завршување на рокот добивте одговор дали е одобрен грантот?