Последно беше да си пријавена на денот кога е пуштен огласот.. Значи ако го пуштат на 01.03 да си пријавена барем од 29.02 Пари не даваат иначе, плаќаат префектура Пари на сметка даваат кај кредитирањето ..
Вака беше на претходниот оглас, можеби и ќе сменат нешто во наредниот. @maaraa96 најдобро да си се пријавиш веднаш во АВРМ и да следиш кога ќе објават. Груба пресметка, тие 5000 евра се поклопуваат фактички со придонесите за 2 години, само што ги земаш во роба, репроматеријали, што и да ти треба. Ако веќе имаш нешто што работиш па сакаш да биде легално се исплати да земеш.
Ме изнасмеа Толку си сериозен во правниве совети и објаснувања и глеаш ти се обраќа со женска хахахахахха
@maaraa96 порано имаше можност и за кредитирање со помала камата на подолг временски период за отплата, плус доделуваа средства и за секој нов вработен, доколку ти одговара можеш да се распрашаш и за оваа опција.
Дечки здраво! Јас сум уште еден лик кој сака да биде самовработен, започнувајќи сопствен бизнис, па годинава планот е да се аплицира за грант. @Forca големо благодарам и од мене за одличните објаснувања. Имам едно прашање, ако имаш информација. Вака, лаички... Допрва чекаме да излезе огласот и со сета потребна документација се аплицира. По извесно време добиваме информација дали грантот е одобрен. Од искуство на пријател, по одобрување на грантот, сретствата ни ги префрлаат на сметка тек кон крајот на годината. Прашањето ми е, дали може да се отвори фирмата, односно да се почне целата процедура во тој период или има некој одреден рок? Јас до тогаш да имам склопен план од каде ќе ги направам сите набавки за роба, инвентар и сѐ што е потребно, па по месец септември (кога малото ќе почне да посетува градинка) да почнам со нарачки, реализација и прибирање профактури и слично. Се надевам добро објаснив. А како пишувам, по некоја логика веројатно има рок, односно, сигурно порано треба да се отворат банкарските сметки (а со тоа и фирмата) за да веќе имаат регуларна документација пред префрлање на сретствата.
Всушност, со читање на прирачникот ми се разјасни процедурата. Сфаќам дека сѐ е отом потом. И има рок.
Здраво Сакам да прашам доколку знаете, кои и колку се трошоците откако ќе ја отвориш фирмата? Покрај кирија, струја тоа веќе знам Но, кои се другите придонеси? Книговодител.. дали треба да си пуштиш плата? Фискална?
Зависи дали ќе продаваш на финални купувачи, значи фискална ќе ти треба тогаш. Сметководител 2500-3000 Фирмарина годишно се плаќа зависи од градот Придонеси зависи на колку плата ќе се осигураш, за минималец 10.000ден..плата треба да си пушташ Одржување на сметка во банка 300+ ден а најчесто 500-600 Зависи од дејноста може и санитарна книшка да ти треба и преглед секоја год...
Здраво,имам едно прашање, пример ако огласот е на 25 овој месец, трае да речиме 20 денови и сум одбран за грантот, колку е временскиот рок за цела процедура да речиме обука, отварање на работилница, уредување на истата и започнување со работа. Фала на одговор
Zdravo, sakam da se prijavam za grantovite sto gi davat za samovrabotuvanje. Ima li nekoj ovde sto iskoristil nekoja od merkite za otvoranje mini market/pogolem market za prehrana za da mi objasni sto I kako
Денес аплицирав за грант, не е потребно да носиш никакви документи освен лична карта и картончето за евиденција. Доколку не си евидентиран како активен барател на работа прво тоа го средуваат и потоа се пополнува електронски во нивниот систем еден прашалник поврзан со првичната бизнис идеја.Ништо сложено барем засега
Прашање до тие што имаат искуство со грантот, дали може да си пријавен на пола работно време во тие 24 месеци?