1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Програма за фитнес

Дискусија во 'Фитнес' започната од budalce.budalo.malo, 18 ноември 2010.

  1. budalce.budalo.malo

    budalce.budalo.malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    дали некој знае некоја добра програма за фитнес??? идам на фитнес скоро еден месец, ама сакам да знам дали некој знае како правилно се вежба, како да се зголемуваат сериите на вежби, килажата со која ги работиме вежбите...?
     
  2. jasic

    jasic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    програма за фитнес

    Зарем нема таму тренер да ти направи програма соодветна на твојата конструкција, желби и потреби?

    Поздрав
     
  3. littlegirl92

    littlegirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    скоро почнав на фитнес и мене ми е супер ама баш сега чиатв несто на форумов дека со фитнес се правеле мускули а не се слабеело па ако може некој да сподели искуство со кој справи/вежби има најмногу успех??
     
  4. budalce.budalo.malo

    budalce.budalo.malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    Хмм нема врска тоа...ако со комбинација на исхрана вежбаш се ќе биде у ред...имам другарка што беше како бумбарче па сеа има тело бомба после една година идење у теретана =)така да уживкај и ти ако си упорна се ќе биде у ред
     
  5. Anna-Marija

    Anna-Marija Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Може некој да ми каже некое студио за фитнес да одам..?
    Имам 13 години дали ке ми дозволат да вежбам на фитнес..?
    Ве молам кажете ми. :)
     
  6. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Не би ти препорачала,ќе се набиеш уште од мала,сега за сега само спорт,џогинг и слични кардио вежби.
     
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    таму треба да има тренер и тој да ти го прави планот... па кај секој е различно..
     
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Во теретана дечкото што работи како "тренер" 99% нема лиценца и чисто сумњам дека би се нафатил посебно на женско да прави систем на исхрана и вежби. Може само справите да ви ги претстави и ништо друго. Ако ви треба нешто околу исхрана и вежбање пишете ми ЛП, ќе гледам да ви помогнам :)
     
  9. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    ако под студио за фитнес подразбирате теретана, тогаш не гледам зошто не би ти дозволиле :D јас имам 12 и појќе ми е срам да одам во теретана ама морам да бидам храбра, да симнам некое килце :lol:
    инаку јас ќе прашував, која справа е најдобра за затегнување на стомакот, односно слабеење и симнување на салото ?? и дали знае некоја од вас (ако вежбала во теретана или дома на некоја справа) за колку време може да се постигне ова погоре наведеново ??
     
  10. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    За салото на стомакот нема да ти помогне ниту една справа. Справите се за затегнувае на мускулите, а за салото ти е потребно кардио третман. Трчање, пливање, скокање јаже,велосипед... било што од тоа минимум 3 пати неделно (моја препорака 5 пати неделно). И нормално-средена исхрана. :)
     
  11. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    eпа добро, сепак има ленти за трчање и собни велосипеди :D јаже за скокање планирам да си купам, да пливам незнам :$ , а исто и да трчам правилно незнам ( да, знам, смешно е ама ете незнам :rofl: :lol: ) што значи, трчање во паркови или јавни места за мене нема, и ми останува само возење велосипед :D

    а за исхраната, ете сега сум на Аткинсовата диета, велат дека е успешна, од утре ќе одам во теретана па ако ослабам до крајов на месецот ќе пишам на што вежбав :D
     
  12. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    27
    Јас одам на фитнес а и со фитнесот се слабеело ама ако јадеш само салати и некои лесни храни што не те гоат. (ти за време на вежбањето трожиж енергија и помалку јадеш тоа е ) а ако сакасх само да се затегнеш нормално си јадиш и одиш на фитнес :)
     
  13. siki11

    siki11 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo
    dali nekoj znae fitnes ili aerobik klub vo cair?sakam da pocnam da vezbam a nemam pojma kade zosto ziveam vo cair
     
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Неколку пати спомнав ама не ми е проблем уште 100 пати да кажам :D Да не доаѓа до забуна има две ОСНОВНИ правила во фитнесот.
    1. 80% е исхраната а само 20% се вежбите
    2. Со самото зацврстување на мускулите, салото се топи (што автоматски доаѓа до помал обем) и тоа се нарекува исто така-слабеење.

    Околу исхраната-Ако си само на салати, верувај брзо брзо ќе се онесвестиш. Ако не вториот, онда третиот ден. Протеините се МНОГУ битни. Нека не ве лаже некој дека така лесно се прават мускули. Не е само влези во теретана и ОП! од некаде си се набилдал. Тоа не е точно. Еве, слободно прочитајте ги исхраните на девојките од Викторија Сикрет. Погледнете ја исхраната на Миранда Кер, Амбросио и др. девојки. :)
     
  15. Ilovetaylorlautner

    Ilovetaylorlautner Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Вежби за почетник

    Планирам викендов да почнам со вежбање во теретана, бидејќи сум многу попуштена после празнициве. Е сега, проблемот е во тоа што незнам какви вежби да правам и по колку пати ќе бидат доволни за почеток бидејќи сум почетник. За ова би било најдобро личен тренер, но моментално неам доволно средства за да го најмам. Ми треба мала помош во ова, да ми кажете како почнавте вие со вежбање и тн. :D
     
  16. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Вежби за почетник

    Абе цуце симни си програма некоја полесна и почни си, ем ќе можеш во секое време да вежбаш. Не си ги трошете за цабе парите кои и онака малку ги имаме. Како што сите си вежбаме дома и супер тела имаме истото и ти го можеш. Ако ти несакаш да работиш ништо не те спасува, треба да имаш желба за да постигнеш нешто. Иди си до мојот фитнес ден плус мотивации и таму имаш еден куп почетници како и јас самата кои дома вежбаат без личен тренер, ама со желба за подобро тело и мотивација да работат. Не ти требаат ниту теретана ниту тренер, желба ти треба ама доволно голема. А да, и еве петти ден јас забележав промена од интенсити програмата, напорна е, тоа да ама мојата желба за совршено тело уште по напорна. Така да почни со некои полесни вежбички и продолжи понатака со потешки, ако ти сама несакаш никој нема да може да те натера, се е до тебе. А ако сакаш може одма со потешки да вежбаш. Болката не е ништо во споредба со тоа како тело ќе имаш, ете ќе ја наречам слатка болка која мине за два три дена и подоцна и да вежбаш ништо не осеќаш од болка, само желба да продолжиш и понатаму да вежбаш за да стигнеш до убаво тело.
     
  17. marija3333

    marija3333 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    што да се вежба во теретана за витко тело

    Штотуку започнав да вежбам, но би сакала доколку некој знае да ми каже што да вежбам и на кои справи за да се затегнам?
    Досега сум слушнала дека во теретана можеш само да набиеш груби мускули на нозете..
    Би сакала доколку некој има искуство некој да ми помогне ....
     
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Јас навистина не знам каде слушате такви коментари. Така лесно да се правеа мускули-јас немаше да киснам во теретана. А што да вежбаш? Тоа ќе си одлучиш самата ти.
     
  19. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека имаш 12-13год ја лично не би ти препорачала теретана а уште помалку аткинсова диета.Ти си сега во години кога се развиваш каде ти треба енергија,протеини а со аткинс може да се уништиш уште повеќе.Почни да јадеш повеќе овошје,зеленчук,риба,млеко,пилешко што помалку зејтин,благо,чипсови,мрсно се она што е брза храна.А за вежбање може да си возиш точак,ролерки да правиш по дома склекови,стомачни можеш да пешачиш да почнеш да тренираш нешто.
    Имаш многу програми по форумов за вежбање така да нема потреба да одиш во теретана и да врлаш пари вака за дома ти требаат 2 тегчиња и ништо повеќе :D А за личен тренер кај нас нема толку професионални
     
  20. stefani24

    stefani24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Де кажете некој програма за вежбање :) :) :) :)