Помислив кај девојката да не имаш тренинзи. Скапо сепак и кај марио. Пред ковидот цените им беа упола.
така е направена поради предвиденото количество на протеин (>100 грама) што во спротивно е мн тешко да се внесе ако не јадеш мн месо/риба/јајца/јогурт итн. секако има вклучено и салати и овошје што е ок.. јас во глобала ги користам истите намирници само правам различни комбинации. има нешто конкретно што ти смета или?
и заборавив да спомнам јас јадам и манџи на пр. леќа јадев пред некој ден иако нема во програма, можеш да јадеш и грав и грашок ако ти се јаде, здрави се и имаат протеин само со нив работата е што имаат поголемо количество јаглехидрати од месо и зеленчук така што ќе треба да ги избалансираш со другите оброци во денот да имаат помалце јаглехидрати… има финтици и не дека мора по програма баш да јадеш ама битно е да се запази калорискиот внес и внесот на протеини
конкретно пред некој ден со леќата за доручек јадев протеински палачинки со путер од кикирики и банана, вечера skyr јогурт (22г протеин, го има во тинекс) со чиа, сончоглед и бадеми, само да знаеш тој е мн густ, ужинки неколку парчиња печеница и домашна пилешка супа. друга опција ти е 2 јајца или 1 јајце со повеќе белки и малку кашкавал + зеленчук. ако не сакаш да јадеш секој ден риба или месо добра идеја ти е да си земеш еден whey протеин, со тоа ќе внесуваш дополнителни 25-30г протеин дневно. лично не користам така што не знам да ти препорачам ама ко што гледам мн на програмава користат. и уште нешто: можеш и различни врсти месо не мора само пиле, јади мисирка, говедско, телешко… напрај си полнети пиперки или мусака ако тоа ти се сфиѓа само не претерувај со ориз и зејтин.. на крајот на краиштата не е страшно и да каснеш нешто друго само гледај да не претеруваш и да вежбаш редовно
Мене ме интересираат програмите на Софија, ако може некој да сподели искуство како сте задоволни, од што се состојат, подетално.
Сега ќе има ново отварање на програма заедно со дечко и дали некој планира да се зачлени и некој да сподели искуство од нејзините претходни програми ?
Јас брв на последниот летен предизвик и моѓам да кажам дека програмите се одлични!! Претходно бев долго на програмите од Ана ама нејзините во споредба со од Софија се губење на време и пари. За храната е сѐ објаснато, а и има доста работи поврзани со психологијата (емотивно јадење, прилини за невежбање итн..). Освен што ми помогна да се доведам во топ форма исто така ми овозможи да си се запознавам и да не се самоказнувам ако направам некоја грешка. Топла препорака.
Здраво девојки, сакам да ја почнам програмата на Софија, и се мислам меѓу нејзе и Ана. За зголемување мускулна маса, дома. До сега идев и уште идам на функционални вежби и пилатес, ама опремата што таму ја користиме ја имам истата и дома. Таму фокусот повеќе е ставен на кардио. А и сега кога ќе почнат горештиниве, студиово не им е баш опремено и верувам нема да биде добро за вежбање барем до средина на септември. На страна тоа што ради термин и работа некогаш ќе прошуштам час, некогаш ради добиено и од тие 2000 што ги уплаќам, ретко кога можам да ги искористам. П.С. Има ли посебна тема за програмите на Ана, да прочитам искуства?
Колку пари ѝ била таа програма? Вчера ми стаса мејл, демек Last call за некоја програма што чинеше некои си 990 денари.