Искрено, џабе ти е било каков курс и да посетуваш ако не планираш сама да седнеш да куцаш код. Дефинитивно можеш да научиш основи од онлајн курсеви, ќе го научиш истото како да идеш на курс во семос бидејќи сега и на нив курсевите им се онлајн. Едно нешто што не ми се допаѓа кај удеми курсевите конкретно е тоа што повеќето се задржуваат во градење на една програма во текот на целиот курс (тоа може да биде добро, но мене лично не ми одговара). Како и да е, најважно е да куцаш сама код, и сама да си гуглаш ствари за кодот пошо тоа ти е кодирањето.
Е здраво ти благодарам на одговорот...го купив почетниот курс за програмирање на Удеми, уште истражувам како функционира...Не е дека баш нешто сум воодушевена..Ама кога веќе го земав ќе се позанимавам со матерјалот, баш да видам дали нешто ќе научам...
Дали може да споделите искуство после завршувањето на академија или курс, колку брзо најдовте работа и што изучувавте?
Знам дека после академијата одиш на пракса кај некој нивни партнери, ама ретко кого задржуваат таму, сите што сум зборувала ми кажувале дека после академијата во браинстер и после праксата, сами си барале работа по фирми, никаква помош не добиле од Браинстер после тоа.
Маж ми он само се надоградува не му треба за работа. Повеќе му е за самата диплома. Призната е насекаде?
Женски да не знаете некој да бара програмер почетник за да го вработи или барем на пракса да оди? Брат ми заврши програмирање во Сивус академијата и сега бара работа ама секаде каде што ќе аплицира бараат со искуство а он неможе да го стекне ако некаде не почне прво...
Нека ги следи огласите на bintern.com,страната е само за практикантски и entry-level позиции...ко шо гледам моментално axapta masters имаат оглас.Good luck https://bintern.com/student/panel/careers?page=0
Здраво, јас уплатив курс на Code Academy Web Development (front-end), но не сум во состојба да присуствувам или слушам онлајн, ме интерсира дали постои можност да оди друга особа место мене? Успеав да го паузирам,но сепак нема да можам да го продолжам, искрено сфатив дека не е за мене тоа,па бидејќи доста е вложено не сакам толку пари да ми пропаднат. Ако некој бил или е во слична ситуација, ве молам пишете ми.