Програми на Ана Стојанова

Дискусија во 'Диети' започната од IAmPresident, 15 јули 2020.

  1. ecotte12

    ecotte12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Дечки ги има ли некој пробано? Долго време ги гледам и сега на инста нешто персонализирани програми видов дека е новитет. Вреди ли да се проба? Планира ли некој да се приклучи ?
     
  2. madam puff

    madam puff Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2019
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    14
    Дали го има некој менито за fit bride 6 неделниот предизвик??
     
  3. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Никад више кај Ана. Не ме прашувајте зошто.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.227
    Допаѓања:
    9.089
    Пол:
    Машки
    Зошто? :rofl:
     
    На Marsi*, Shade и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Бро
    Уназад години имам уплаќано и предизвици и обични програми.
    Не дека не знам сама да смислам или не дека не знам да вежбам, него ај ради реда, нели да си имам водич...
    Летните предизвици и беа фантазија - што од добар концепт, што од добри интересни вежби и тоа 5 пати тренинзи наизменични делови од тело и темпо+план за исхрана...и тогаш цената беше смешна, нешто како 890 ден. за 2 месеци плус 1 гратис.
    .....
    И..Доаѓа време за booty challenge сеа у ноември...и..паднав у несвест
    > 1290 ден платив
    > Влагам у програма, ставила САМО 3 тренинзи за задник.
    > Тренинзите ги снимила некоја рандом ТЕОДОРА (idk who tf is she), некоја што не е компетентна, што нема тело на вежбач, што не знае да вежба и што не знае да ЗБОРИ, нит да објасни
    > За да вежбам други делови од тело, јас буквално немам пристап, пошто не сум си уплатила обична програма - која патем е 3000-4000-6000 ден
    [Секако можев да си уплатам ако сакав хехе, за пари одма сè може]
    Заклучок: криво ми е што пред 4-5 години сум плаќала поевтино и сим добивала подобри бенефити од програмите и денес не дупчи сите у мозок.
    Царица е за маркетинг, ама кога тогаш ќе ја прочитаат сите и ќе и спласне славата.
    + Не сум единствена со ставов, некаде прочитав, некое девојче и имаше пишано директ, дали кај нејзе на профил на некое видео или на профилот на Peach Army, не знам, само знам дека сè повеќе се освестуваат.
     
    На eliesaab, shekerna, sheis и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    4.766
    Пол:
    Женски
    Те сваќам дека ти било ефтино и ти заштедувало време и си имала полесно организација ама ниту Ана не е компетентна, ниту стручна па ниту образована на таа проблематика што ја продава. Сме збореле наназад по страните, нема кондиција, видеата од програмата со вежбите и се однапред снимани и монтирани и пак погрешно ги изведува вежбите. На страна што откако ќе ги отвори тие фб групи не е ни активна затоа што не се ни замара ниту пак се разбира. За маркетингот секоја чест ама пак ме чуди да уште продава како луда програми зар до сега не ја прочитаа луѓево.
     
    Последна измена: 10 февруари 2026
    На Cka и simoncelicius им се допаѓа ова.
  7. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Да да, се согласувам дека и Ана не е компетентна, ама ај прогледуваш низ прсти дека и она вежба па се лажеш..а оваа Теодора ужас...
     
  8. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Лелееее, а јас па гледав нешто за нови мајки и ми се виде примамливо. Подобро да пешачам отколку да платам астрономска сума за колк лево колк десно.
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    2.766
    Не се нервирај ! Немаше ли рок од недела време во кој ти ги враќа парите ако не си задоволна ?
    Инаку кај Милана Делич со уплатата имаш и исхрана и пристап до сите програми.
    Кај Chloe Ting имаш таков challenge во 2022. Се вика grow a boothy challenge и е бесплатен. Плус и рецепти има на страната.
     
  10. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.405
    Допаѓања:
    1.673
    Кај Божидар Пецаковски имате само храна и тренинг. Никакви челенџи и глупости. Резултатите врв. Овие сите останати погоре од Јутуб копираат исхрана и вежби.
    Ана нема ни тело ни форма ни ништо. Едино прај реклами и со парите што си ги заработува си шета Дубај.
    Едно време беше послаба и подобра форма имаше а и добри нејзини совети. Сега се и е копија.
     
  11. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Дечки, немам проблем со килажа, нит со мускулна маса, само се пожалив од програмите на Ана и сакав да отворам очи на други девојки да не потпаѓаат на маркетингшки трик, chill:DЗнам за сите овие што сте набројале, како и да е.
     
    На eliesaab, lovely91 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  12. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Јас сум вежбала и кај Ана и кај Бубало и кај Драгана и кај Софија и кај Паки и јога со Лејла. Најпрво почнав со Ана и навистина е добор за оние кои не знаат која насока да ја фатат. Ослабев 10кг и еве веќе 6та година јас ја имам рутината на исхрана од кај неа. Денешно време кога се ни е достапно од видови и комбинации на исхрана, лесно е да си гонпронајдош твојот начин на балансирана исхрана. Потоа купив програми од Бубало во кои многу се пронајдов и алал нека и е за се што вложила (се познава стручен човек во својата област). Кога останав бремена продолжив со Бубало ама нормално знаев да избалансирам тежина и темпо за мојата состојба но исто така паралелно и со Драгана вежбав и многу многу многу ми се допадна нејзинот начин (иако многу повеќе сакам агресивни тренинзи). Пробав еден месец со Софија Манчева но слично ми беше како кај Ана... И исто така сакав да накачам на мускул па купив програма од Паки, но не се пронајдов бидејќи повеќе е само тежински тренинг а како што напоменав повеќе сакам по агресивни со кардио и тежни. А јога си вежба по тренинг или во денови на пауза со Лејла. Со купив програма со 10тина тренинзи од по 15 мин и идеални се за доколку немаш многу време а сакаш да се истегнеш. Ова се мои искуства па можеби на некого ќе им помогнам за одлуки
     
    На bookslover, Isabela23 и shekerna им се допаѓа ова.
  13. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    2.295
    Пол:
    Женски
    Може да ми дадеш линк од јогата со Лејла и нејзните програми?
    Побарав на гугл ама само јутуб видеа ми излегуваат
     
  14. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Пиши и на инстаграм (Lejla Ramkovska) ќе ти прати линк и ќе ти кажи за уплатата. Јас платив 1000 денари само еднократно и можам кога сакам и колку сакам да ги користам. Не е стандард уплата секој месец, туку еднократно.
     
    На eliesaab и CooperD им се допаѓа ова.
  15. Divine One

    Divine One Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, дали некоја од вас била на Fit Bride програмата? Ме интересираат искуства, дали сте биле задоволни и дали стварно има резултати. Фала однапред
     
  16. BlackEmss

    BlackEmss Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Јас ја купив ланската програма каде што имаше и опција за GYM со плус мени и вежби за groom. Менито беше избор на рецепти кои и беа дел од претходни програми (кои се погодија истите од претходни програми што ги имав користено ) од кои само 2 нови рецепти fit burger & bride сендвич. За groom вежбите беа од Стефан (истите кои се дел од премиум опцијата плус истата храна само со повеќе калории). Искрено, само вежбите за gym беа добри. Исхраната лесно се спремаше, ама веќе кога имаш пробано од истите претходни рецепти не е то тоа. Ако си доследна ќе имаш резултати. Само внимавај овај режим не е препорачано да се користи подолго време, бидејќи некои денови беа испод 1300 кл.

    Ова е мое индивидуално искуство.

    Оценка според мене 2/5.
     
  17. veris

    veris Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    1.581
    Пол:
    Женски
    Летните предизвици се ТОП. Секоја година, од авион се гледа дека има посветено и време и труд, вметнато некоја нова вежба, нов рецепт итн. Убави награди, добра мотивација, добри тренинци. Значи за мене, 10ка.

    Се што не е летен предизвик е КОПИЈА на ДЕЛ од летен предизвик. Исти вежби, рецепти што се повтараат, па вежба некоја X непозната а ти си платила као АНА да ја следиш итн. Нула.

    Значи летен предизвик би купила секогаш, не сум пожалила до сега. Овие другите, ужас.

    А за цените, да не зборуваме. Илјадници девкојки во програмите, а која цена...... Епа дај барем повредни подароци, или повеќе на број. Порано имаше повеќе награди и подобри награди сега не..

    А за ефикасност, ефикасно е. Добро се искомибинирани оброците, вежбите ми се супер. Ама пак ќе кажам, само летни предизвици, друго не.
     
  18. Fancy_Nency 22

    Fancy_Nency 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Само да прашам дали некој го има порачано планерот на Ана Стојанова?За колку дена стига?На грешка сум го оставила стариот бро незнам дали ќе ме најдат од каргото.Пишав мејл на help@anastojanova.com и на Ана и пишав се надевам ќе врати.А прочитав и дека со планерот има еден месец бесплатен пристап до тренинзи и летни рецепти.