Дали некој знае Дали по златариве во Скопје откупуваат Златни медали? Многу ми е криво што се решив на овој потег и се тоа ама во големи проблеми сум потребни ми се пари Ве молам за одговор
Мислам дека во Кисела вода на рампа таа златарата што е пред пиљарата вршат.Имам продавано злато таму мислам дека ќе може.
Каде можам да најдам приверзоци за чанче позлатени со циркони и да не се скапи? Не сакам чисто златни, и во стара чаршија ги мерат на вага како злато а тие 80%циркони имаат..
Здраво мене ми се случи истото но на 3 прсти носам златни прстени и ги носам 4 години и пред 1 недела ми оставаат црно значи за чудење не знам од што е прв пат вака се случува гледам по интернетов дека можело да значи здраствени промени ....
Исчистете ги https://m.kajgana.com/kako-najlesno-da-ischistite-zlaten-nakit На мајка ми така сребрените и оставаа.
Продавање на злато не е исплатливо, се губи на вредноста, а за купување, цените во златарите се многу повисоки во летниот период. Мислам дека златниот накит може да остава црни траги на кожата или од мачкање креми и потење, или ако составот не е чист, односно соодносот на злато и сребро или бакар не е адекватен.
Не би продавала злато од причина што го ценат на пола вредност. А за купување исто не би. Не сум некој љубител на злато и не носам накит. Сакам да го имам дома, но цените се страшно високи. Чувам многу злато но само како спомен.
Јас искрено не сум. Бурмите со бившиот сопруг ги имавме од таму купено. Откако се разведов, отидов во др златара да ја продадам и што да видам кога ја пресече, внатре беше полна со песок за да тежи повеќе. а мн скапо ги плативме.
Здраво, сакам да прашам дали некој од вас знае која е цената на женски обетки златни средна големина со облик на круг (не многу мали ниту мн големи)? И како се движат цените на златните ланчиња?