Квин(Куманово и Скопје ) ништо не им е квалитетно плус крадат сушат. Земав обетчиња бебешки не помина еден месец едната се откопчуваше се извитка отидов за рекламација па пола саат се молевме дали може или не на крај прифати едвај ама исти такви да биле. Две години подоцна сакав да ги продадам да и купам поголеми. 3500 ги земав ми нудеа 1000ка ,вика ни пола грам нема овде... Исто ЕФОР gold во чаршија пред еден месец ми продадоа лепено ланче. Не сум била за рекламација.
Сакам да продадам злато кое не го носам и искрено не се ни сеќавам кој ми го подарил (како дете). 20 и кусур години го чувам само. Дали имате идеја каде можам легално и ферски да го продадам?
Дали може да дадам старо злато во златара и да ми го преработат? Пр имам ланчиња и обетки стари да ги направат ново ланче
а баш сега гледав обетки од таму и се мислев дали да си купам, дали би била добра инвестиција. Фала за коментаров, искрено ми е жал што си имала такво искуство
Ако купувате во чаршија злато, моја препорака Ами Голд. Нема некој избор вака огромен, ама многу фер е човекот. И за работи што сум ги купила од таму не мрднале, и за работи кои ги продадов таму цената му е повеќе од ферска.
Затворен е веќе 4 години. Отиде во странство. Пред околу 2 години купив повеќе злато и си го чувам. Дали мислите дека цената рипната од тогаш многу и ќе можам да го препродадам по добра цена?
Нема шански. Го знам лично човекот. Карши Пеко е. Дуќанот сега е за нешто друго. Не бе. Сакам да ќарам.
Којзнае кај си била пред 2 месеци. Го знам и газдата и син му. Босанци се. Отидоа фамилијарно за странство. Во Германија или Швајцарија. Од него купував злато и ми правеше мн добра цена.
Па истата фамилија го држи Ами Голд и конкретно истиот човек кај кого бев пред 5 години беше таму и пред 2 месеци.
Зашто да продаваш во заложна куќа злато по 30 евра грам,кога истот може да го продадеш по 43 евра грам.
Купување злато не е иста инвестиција со купување златен накит. Накитот е продукт за конзумеризам со надувани цени поради цената на обработка. Купување златни плочки и монети е долгорочна инвестиција.
Па не знам баш. Назад ако читаш за двете работи измешан е муабетот и прашањата. Башка темава не е у мода и стил, каде што веќе има тема со наслов Накит.