Здраво, би сакала да откупам злато (плоча) дали има некој искуство на оваа тема за да ми даде совет, како кај има најдобра понуда за да се земе? Фала однапред.
Ги разгледав, ама кај нив на страната пишува дека грам е околу 8000ден, а цената на златото денес е околу 5800ден. Мислам имаат 50г плоча која доаѓа околу 6000ден. грам, ама пак ми е малце чудно.. не разбирам
Здраво, дали најдовте на друго место? И мене ми треба од тие како 1 гр злато спакувано за подарок, ако има некој да ми предложи каде да најдам кај нас?
Каде е најубаво да се продаде злато? Не се работи за нешто којзнае колку, туку за собиран стар накит, ама сепак има некоја вредност. Или е подобра опција да го заменам со друг накит во златариве. Како се исплаќа најмногу и каде?
Мене Мицко во ГТЦ ми даде најмногу за откуп. Продавав златни алки, во 3-4 дуќани во чаршија и на златарската улица ми даваа по 2.500€, за сите, а он ми даде 2.700€.