1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Продавање стан

Дискусија во 'Дом' започната од cresa-jagoda, 14 ноември 2019.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Има тема на форумов за купување на стан. Но за да не бидам офтопик во таа тема, решив да ја отворам оваа тема и да ве прашам, од ваше искуство колку е лесно да се продаде стан, кој е стар и нереновиран?
    Како најлесно да се продаде таков стан? И колку да се намали цената за квадрат на стар стан споредено со цената за квадрат на нов стан (на иста локација)?
     
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.842
    Пол:
    Женски
    Многу тешко, особено ако во околина има нови станови. Само многу испод цена да се даде.
    Ако таа квадратура треба да чини 50 илјади евра, а треба 10 илјади да се дадат за реновирање, максимум 40 илјади можеш да му земеш. Моментално во оваа ситуација се свекорот и свекрвата, не е ставен скапо станот на оглас, ама кога на лице место ќе видат дека се од корен треба да се средува, никој нејќе да се замара. За нешто плус пари, ќе си земат нов стан и дирекно се вселуваат, место 3 месеца да се мафтаат со мајстори.
    Најсоодветно во оваа ситуација е да се инвестира во станот, да се потсреди, па да се продава. Што не е изводливо ако живееш во станот или немаш кеш на располагање.
     
    На Doozy, Јаневски и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Стар стан потешко се продава ако не е реновиран. Пред да го купиме станов сакавме да купиме друг, ама тој не беше реновиран. Требаше да даваме повеќе пари за реновирање. За тие плус пари купивме реновиран стан. Се вселуваш одма. А вака треба да губиш време да средуваш се од корен.
     
    На Deni87, Feminka22 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Би купиле ли стар и нереновиран стан на пример нотар/адвокат/извршител или некоја друга фирма како канцеларија да го користат?
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Јас сум против. Многу пари ќе отидат за реновирање.
     
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Епа што да се прави со таквите станови?
     
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Креваш потрошачки кредит, го правиш бомбона, го продаваш и затвораш потрошачкиот.
    Не гледам друго чаре.:|
     
    На candy.cane, Feminka22, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ќе го средиш за да можеш да го продадеш за добра цена.
     
    На Feminka22, molikaMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Баш ако е за бизнис треба најсреден станот да биде...
    Плус, треба многу слободен простор внатре.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Многу ја спушта цената тоа што не е сочуван. Патем повеќето бираат нов да земат за да не плаќаат данок. Исто така 90% од купувачите зимаат со станбен, па ако не е ок станот и процемителот од банка може да не го одобри кредитот... Има заебанции баеги.
     
    На Elen4e_sonce и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Зависи многу и локацијата на станот.
    Јас познавам некои кои купија стари и не реновирани, само поради тоа што им одговара локацијата.
    А исто така, познавам и некои кои купија реновиран, па пак реновираат зошто не им се допаѓа како е тоа изведено. Така да, не значи ако е стар, нема шанси да го продадеш. Склоп на околности се тоа.
     
    На lovestoneddd, oblace1, mime87 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Ако сакаш да го продадеш ,мора да го реновираш.
    Во спрптивно ќе го продадеш под цена.
    Имавме на времето стан над Рекорд.
    Колку и да е атрактивно местото за деловен простор, никој не сакаше да го купи зашто тие станови се ептен стари.
    Иако станот има огромни балкони, големи соби, посебна кујна..што е реткост (сега зградите се градат со послаб квалитет, со француски балкони и мали квадратири) сепак никој не го купи.
    Се смени се од корен ( купатило, прозори ,паркет) и стана интересен.
     
    На Mrs. Lovett, Dream-Girl, SexiLy и 7 други им се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    А нема ли да ти испадне исто ако земеш да трошиш пари за реновирање?
    Да тој што ќе го купи ќе даде повеќе, ама бидејќи ти веќе си потрошил пари, нема да имаш ќар, кога ќе минусираш ќе испадне пак под цена како да си го продала.

    Да, ама затоа тие нека си го реновираат според нивна желба и потреба.
     
    На Sexybaby86 и stetoskop им се допаѓа ова.
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Локацијата е најбитна ... и катноста т.е на кој кат е. А тоа дали е среден/ реновиран или не ,за оној кој купува може да биде уште една поволност јер ќе си го реновира по своја желба .
    Цената на продажба на стари станови не се формира според тоа дали е реновиран ,туку амортизација според години на изградба ,локација,катност и сл.
     
    На oblace1, Dream-Girl, mime87 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.143
    Пол:
    Женски
    И јас мислам локацијата е најбитна.

    Ако е топ локација,не е важно ако е стар поготово што старите ги држи глас како поквалитетни ,со 5 илјади евра ќе реновираш,прозори,купатило,паркет стружење.
    Не е страшна сума за тој што купува.
    Кога купувавме стан гледавме и стари ,но не сакавме реновирани.
    Подобро пониска цена и сама реновирам и изберам прозори,плочки за купатило,врати.
     
    На dunika, oblace1, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Локацијата е супер, плус на приземје и мислам таман е големината 64 квадрати.
    Богами во право си, зградата е од 1957 година и го има издржано земјотресот во 1963. Новине одма ќе ти се срушат скраја да е...
     
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    По мене најбитна е локацијата. Моите продадоа стар, но реновиран и супер одржуван стан во Скопје. Едвај се подаде зошто локацијата беше не атрактивна . Сите сакаат од Влае-Центар- НовоЛисиче и Кисела Вода. Го продаваа неколку години.
    Инаку има луѓе што сакаат да купат исклучиво стар стан. Мои пријатели бараа стар и не реновиран, за сами да си го стокмеле како сакаат , а сметаа дека старите се по квалитетни.
    Мислам @cresa-jagoda кај вас има удел што е на приземје. Поспоро оди продажба на приземје и подкровје. Но , огласите го, може да се погоди некои баш тоа да бара и среќа да имате.
     
    На cresa-jagoda и g8lQQk им се допаѓа ова.
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    @cresa-jagoda само да знаеш дека дури кај новите станови цената на приземје и поткровје е секогаш пониска. Освен ако е во строг центар и има атрактивна околина па да е погоден за канцеларии. Во твојот случај претпоставувам не е така зошто да беше до сега ќе ви беше реновиран и издаден.
    Но сепак, не сакам да го потценувам станот. Пробајте, видете, барем сега огласите се ефтини. Ставете цена која не е најниската ниту пак највисоката. И набјудувајте го однесувањето на луѓето кои ќе дојдат да го видат. Тоа ќе ви даде јасна претстава на што сте.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Тешко се продава стан за реновирање.
    Поготово стан каде треба се од корен да се менува.
    Кој како сака нека рече, ама и кога јас купував стан, когс ќе видам стар паркет или оние стари дрвени дупли прозори , пожолтено парно и скапано купатило и беспари да ми го дава не го сакам.
    На таков стан мора само ѕидовите да ги оставиш и се да откорнеш, а тоа е баш голема инвестиција за купецот.
     
    На Limpan, dunika, Elen4e_sonce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.646
    Пол:
    Женски
    Ние го продадовме многу лесно.Имаше многу луѓе што редовно прашуваа дали се продава ама заради нерешен статус на сопственост станот остана да скапува 18 години.На крајот имаше пукната цевка, инсталација стара, ама локација 5 минути од центар Едно ипол собен. Без бања, итн го продадовме за 12.000 евра.Може џабе ама да фрлаш пари кои никогаш нема да ти се вратат оти не е твој , доволно беше .
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.