lokacijata e mn bitna, inace nas od agencijata ni prodadoa kukja odvaj i ni rekoa deka da bese stan pobrzo kje odese,mnogu stanovi se.prodavale
За поткровје јасно ми е. Ама за приземје не знам зошто велите дека поспоро оди продажбата и дека е поефтин квадратот. Еве за физички лица не разбирам зошто не сакаат приземје, ама правните лица баш бараат на приземје стан за канцеларија. Во Центар е, ама не е празен станот за да биде реновиран и издаван, се живее во него..
A зошто тогаш не го средите за канцеларии? Наместо да го продаваш издавај го како деловен простор. За деловен простор ти треба кречење, ламинат, добри прозори, средено wc и мала кујна како оние од електрометал за 9,000 (од елемети-фрижидерче). Стави цвеќе на балконот и готово. А ќе го издадеш од 400е па натаму. Ќе го ставиш под хипотека а со тие пари ќе ја плаќаш ратата на новиот стан. Кога ќе го бараш кредитот ќе бараш дополнително средства за реновирање на тој стан. Во новиот стан ќе си ги донесеш старите работи и ќе ги менуваш постепено. Ова би го направила јас. Е сега ако имаш други намери и си сигурна дека сакаш да го продадеш станот, само треба да го објавиш на оглас. Без разлика што живеат луѓе пак можеш да го покажуваш. Многу луѓе прават така. Додека не го објавиш нема да ја знаеш вистинската цена на станот. Овде само можеш да се разочаруваш од коментарите. Инаку физичките не сакаат стан на приземје затоа што: 1. Се по подложни на кражба (безбедносни причини). 2. Имаш помала приватност. 3.Поладни и повлажни. 4. Постојаното лупање на влезната врата...Сигурно има уште но сега за сега на ова ми текна. А во врска со продажбата како деловен простор тоа реално оди многу тешко посебно поради фактот дека е во стамбена зграда. Издавањето е лесно (затоа што е мала квадратура па можеш да го дадеш на некое сметководствено биро, нотар, адвокат или консалтинг), ама не и продажбата. Реално мал е просторот за продажба како деловен простор.
Ради безбедност луѓе не сакаат приземје. Јас купував стан, сестра ми и мајка ми и во сите нови згради приземје и поткровје беа последни останати и одма ти ги нудат инвеститорите по друга цена. За фирма е друго, им одговара приземје. Но фирма што има потреба од простор сака само да се пресели, а големи реновирања тешко. Но пак ќе ти кажам, никогаш не се знае. Еве моја другарка пак бараше исклучиво приземје. Ради тоа што има куче па често излегува и вика не можам нагоре надоле по скали неколку пати во денот.
А да им го издадеш под кирија за добра цена, а тие да си стават гипс картон по потреба внатре? И да не го продаваш воопшто, ем да си обезбедиш еден приход плус месечно...
Ама ако го издавам како што даде предлог една членка погоре, ќе треба да земам кредит и со киријата ќе треба да си го отплаќам кредитот за новиот стан... А овој стариов стан да го ставам под хипотека за кредитот. Бидејќи не е празен станот, туку се живее во него, како што кажав и погоре.
Приземје ионака се продава испод цена. Никој не сака стан на приземје ради безбедност. Што значи мораш да го реновираш
На приземје ретко кој ги сака становите, плус покрај толку нови згради и станови скроз на ново, продажба на овој стан би одел тешко. Од моја гледна точка, размислуваме да земеме уште еден стан и веќе кога би земале нов, би сакале и нова изградба да е, нова зграда, а еден од критериумите е да не е на поткровје и приземје, плус еве и наш план е да се изнајмува под кирија, па ретко кој би сакал кирија да плаќа за нешто постаро, кога се нудат и други станови подобри и никој не би сакал да престојува во тој, логично. Ниту па нас би ни било пријатно да нудиме распаднат стан и некој да ни плаќа за истиот. Ептен ќе мораш да ја спуштиш цената, за воопшто некој да се заинтересира. Тешко е продажба на стар стан кога веќе на секој чекор нови згради градат. Поготово тоа што старите згради често и не се убави ниту на изглед, а полека полека и се во распад, постојано има проблеми со канализации, со миризби и чуда, ептен ако има исклучок да е добро чувана зграда, но генерално е така. Со оваа квадратура и овие услови, грубо 30-40 илјади евра максимум да успееш да земеш. Ние исто еве сме во мисла и за да продаваме стан, моментално само се распрашуваме за цената, со над 80 квадрати, постара зграда, на повисок спрат, но поради сите тие услови, грубо ко што зборевме со агенти за продажба, цената би била околу 50тина илјади евра... Тешко е, но пробувај на огласи, распрашај се по агенти за продажба, види што варијанти имаш.
Ако не ви се брза, ставајте огласи и чекајте, можно е да се најде некој на кој би му одговарал баш таков стан и ќе понуди добра цена. Ама ако сте кнап со време, нажалост ќе мора да идете со пониска цена. Постари станови стварно тешко идат, еве мој братучед неколку години продава стан, не е во Центар, ама на добра локација е, на 1,5км од строг центар, цело време спушта цена и ништо. Конкретно неговиот е и доста голем (90 квадрати), па и тоа си има доста удел. Едноставно има преголема понуда на станови и затоа тешко иде продажбата.
И да е реновиран пак ќе сакате плочки, кујна, купатило по ваш вкус, па и внатрешни врати и распоред на собите. Јас би реновирала се од корен по мое, отколку да земам реновиран, па да не ми се допаѓа нешто и пак наново. Само пвц прозори нека има друго не мора. Овие новите не знам некако се од неквалитетни материјали изградени и некои со многу мали соби. По 10-12 м2 детска и спална??? Некои пак со столб на сред соба, мали балкони, влез директно во дневна, ламинат од најевтиниот...
Koga se renovira stan od koren(star Stan, posebno za tie pred zemjotres kade nemalo ploca megju spratovi, drug tip na gradba ) treba na cenata da se dodade 250 evra od kvadrat za sredno nivo na Renoviranje ne luksuzi. Vo kolku vkupnata cena( cena na star Stan+ cena na Renoviranje) bide priblizno na cenata Na Nov Stan togas podobro da si kupite nov stan. Vkupnata cena vo centar ne treba da nadminuva 1150 evra za kvadrat. No nastrana go stavate raspravanje so majstori, vrème, nervi vo tek na renoviranje. Prizemje I potkrovje najteshko se prodava.
Vo Skopje ne mozes da renoviras stan za 5000 evra(kupatilo, Parket, Prozorci).Provereno I od iskustvo.
Приземје ми е најубаво мене, ниско е, најладно, може да си отвориш врата од кај балкон и тоа да ти е и влез. За кражби може и на 10ти кат да те ограбат.
Toa e so Se Renoviranje.Na PR. Star stan 50 m2(bez tarasi, samo korisna povrshina) Za renoviranje ke treba min 13000 EU. Cenata treba da e 37000-40000 za nerenoviran , star stan.No Tuka ke treba da vlijae spratot I godina na gradba....Se e dogovor. Se sto ke dobiete NAD taa cena vi e dobra zdelka.
Добро јас мислев за таа кв. 4 внатрешни врати околу 600 евра. Прозори 4 дупли 1500 евра. Купатило околу 2000 евра. Стружење и лакирање паркет 500 евра.