Кога би купувала стан, би купила стара градба, доколку е нереновиран по пониска цена, мада зависи и локацијата. Ако не ти е итно не го давај испод цена @cresa-jagoda, сепак се наоѓа во центар. Во мојот град сите нови градби се неквалитетни, квалитетен материјал одамна нема. Распоредот на становите е посебна прикаска. Никој не прави веке станови со убав распоред на соби, високи плафони...Само гледаат што повеке соби да добијат, а сите мали. Така да стара градба секогаш ставам пред нова, квалитетот и распоредот нема споредба.
Тоа што е најладно е ок три месеци во годината, 9 месеци е проблем. Јас баш ради тоа не би сакала стан на приземје, ќе мрзнам цел живот.
Татко ми вика - за секое магаре - самар, така да и твојот стан ќе си најде купувач. Секако дека цената треба да ја усогласиш со состојбата на станот. Кога јас би бирала помеѓу стар реновиран стан и стар стан за реновирање, би го избрала вториот од причина што реновирање не е само шминката која најчесто се прави пред продавање - прозорци, ламинат..., туку и инсталации кои се многу важен дел на реновирањето. Поткровје и приземје во стари згради се со најголем ризик. Поткровјето од протекување на атмосферски врнежи + недостаток на лифт, а приземјето од запушување на одводната инсталација. Кај новите станови, најчесто приземните се на сама земја или на висина од 50-тина см над земја, па нормално е да се помалку вреднувани, затоа што безбедноста е минимална.
Дома кога се заинтересираа за купување на стан, татко ми инсистираше на стара градба баш поради таа причината што се поиздржливи. Мислам дека пола година можеби разгледувавме различни станови околина Центар или К.Вода. На крајот земавме стан, во околина на железничка баш така како што го опишуваш. Лично јас кога влегов внатре, дамла ме удри. Лустери стари до земја, крцкав паркет, мебелот и прозорците праисториски, а тоалетот да не збориме. Позитивната страна беше локацијата и тоа што беше единствен стан што имаше преубав распоред во приближно 56 квадрати простор. Од купувањето каков беше, а каков е сега изреновиран и направен не може да се спореди со ниеден нов стан. Така да, не се само лошите страни дека е дополнителен трошок и многу замарање за реновирање. Баш напротив, имаш можност се` да извадиш и исфрлиш од паркет до прозори и да уредиш така како што сакаш. Ќе се продаде станот, само купецот вистински треба да се најде. Не знам каде е точно локацијата, но не би ти препорачала да го даваш испод цена.
Јас не би купила стара градба стан. Од новите има квалитетни, ама многу мал број. Единствено ЗФС имаат добра градба, дугите сите се со гипс картон и се слуша преку собите. Ужас, и комшиите ги слушаш. Пониска цена, да, ама за реновирање. А има и народ што сакаат одма да се вселат па сакаат и реновиран да земат. Јас не би.
Нека си ја проба среќата членката ама најреално е да спушти цената за трошокот за реновирање па дури и нешто екстра, за губењето време, живци, труд и слично од страна на купувачот. Сум ги слушала муабетите дека стара зграда е подобро, ама не можам да најдам смисла во тоа. Можеби, ако споредуваш нова лоша градба со стара а добра. Ама има нови и солидни градби, плус цела зграда ти е нова. Сум живеела во стара зграда и не сите стари згради имаат добра изолација, моето искуство е баш спротивно. Во ред, станот ке се реновира ама за да се реновира баш од корен треба доста средства и пак некако влегуваш во стара зграда, стари лифтови. Според мене нема поубаво од ново, само внимателен избор за градба.
Купувам стан во Аеродром, Кисела вода, Центар, Карпош или околината до 40.000 евра. Доколку некој има нешто да понуди пишете ми.
здраво Дали мозе некој постручно да ми објасни што се подразбира под наместен стан? Продаваме стан кој е релативно нова градба,луксуззно наместњн.Е сега ме интересира што мораме да оставиме во станот бидејки го продаваме како наместен,? Или се е договор?
Мебел и покуќнина (ел. апарати, садови...) се мисли на наместен иако се е договор. Некој остава само мебел и целосно опремена кујна без садови на пример и ел. апарати (пегла, смукалка и сл.). Ако го продавате како наместен тогаш мебел и целосно опремена кујна (со се фрижидер) треба да оставите. За садови и ел. апарати (не кујнски) треба да се договорите - доколку ги има.
Мебел, кујна, ел. уреди (клима, шпорет, микробранова, тв, фрижидер итн.) за да му земете поголема цена, садови, чинии, душеци и слично не се остава тоа се фрла со сигурност, завеси може да се остават може и не, секоја жена си има посебен вкус за завеси
Квадрат во скопски Центар ќе надмине 2000 евра. Цените на становите допрва ќе растат, велат од Градежната комора. Причина за забрзаниот раст на цените има повеќе, но главно е дека растат цените на материјалите за работа. Според пресметките на комората, градежните материјали се поскапени за 80%, а се поголем проблем претставува и нивната набавка заради пандемијата. За градежните и работната сила станува се поскапа. Високата цена на метар квадратен во централното градско подрачје во Скопје ја диктира и недостигот на станови затоа што многу се купува во услови кога малку се гради. Градежниците велат дека иако секторот не бил директно погоден од пандемијата, не останал имун на кризата заради поврзаноста со другите гранки. Во текот на 2020 градежништвото паднало за 2,1%, но негативниот тренд продолжил и годинава. Копирано
Темава не е многу активна ама сепак ќе се обидам...дали продава некој стан или знае некого што продава во Аеродром или Ново Лисиче? Може и стар стан со нормална цена.
Барам стан во Охрид, да е трособен или можност за преградување за уште една соба. Ако има некој од тука или познавате, би ми помогнале многу
Не ми се јасни работиве околу продажба на стан. Продавам стан. Е сеа, во имотен лист е впишано одредена квадратура околу 50+ квадрати, меѓутоа двата балкони се големи и плус има помошна просторија во самиот стан, кои не се впишани на имотниот. Според мене не може туку така да отиде станот без да ги земат предвид тие простории. Но, моето мислење е секако небитно. Ако ги пишам со се нив, тогаш испаѓа за 20 квадрати повеќе површината. На имотен ги нема. Како е според закон? Прашано е за легализирање тераси, но добив негативен одговор дека во блиска идниина ќе нема конкурс.
Квадратурата во договор мора да биде идентична со квадратурата во имотен лист, во спротивно договорот е невалиден и нема да биде спроведен во Катастар, не верувам било кој адвокат да стави потпис и печат на договор каде што квадратурата или описот на недвижноста да е различна од таа во имотен лист, исто не верувам било кој нотар таков договор да солемнизира, како што пишав од Катастар нема да го спроведат, исто ќе има проблем и во град Скопје (ако се работи за Скопје) при утврдување на данокот на промет на недвижности. Проблемот првично пробајте да го решите во Катастар да ги допишат тие м2 ако не биле упишани поради техничка грешка, или другиот начин е легализација на доградбата во општина, или ако не дозволат, тогаш граѓанска постапка за утврдување на право на сопственост. Моментално тие 20 м2 не може легално да ги продадете, единствена опција е да го продадете станот по повисока цена за м2 сразмерно зголемена за тие 20 м2, но не кажувајте на купувачот оти никој нема да сака да плати 20 м2 кои реално ,,висат во воздух"
Никако не можеш да ги пишеш, бидејќи никој нема да ти плати за магла, ти можеш колку сакаш да си имаш, ако се 50м² на имотен лист, тогаш 50м² смееш да продадеш..