Здраво, сакам да купам стан во Космос - Аеродром. Дали некој има некакво мислење и искуство да сподели, дали е добра инвестиција за живеење. Дали има градинки и школи во близина или се планирани да се градат?
Тоа не е во Аеродром, туку под општина Гази Баба. Во моментов таму нема апсолутно ништо, освен ФОН и наскоро Лидл. Рано е таму за градинки и училишта. Најблиски училишта до Космос се Лазо Ангеловски и Ѓорѓија Пулевски. Пази таму е дел од канализацијата, тоа многу ќе смрди... Прошетај летно време околу и види си како ќе ти фати око.
Да се пробам и тука, ако знаете некој што продава стан во Аеродром или Ново Лисиче или вие продавате пишете ми во ЛП. Сакаме да купиме па интезивно бараме во моментов
Здраво, ако може инфо Градба 2012, стан 33м2 со 2м2 тераса, кат1/3 без лифт, Карпош карши студентскиот. колку би била продажната цена?