Продадена (Патриша МекКормик)

Discussion in 'Книги' started by anabel-a, Mar 18, 2012.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2011
    Messages:
    3,333
    Likes Received:
    15,499
    Сторијата во книгава се базира на вистинити настани, за жал.
    Раскажувано е низ повеќе раскази гледано низ очите на 13 годишната Лакшими.
    Се чита во еден здив и со сигурност никого нема да го остави рамнодушен.

    Јас вчера ја купив а веќе ја прочитав. Штотуку ја завршив.

    Лакшими е тринаесетгодишно девојче кое заедно со своето семејство живее во мала колиба на планините во Непал.

    Иако се очајно сиромашни, животот на Лакшими е убав, среќен и исполнет со едноставни задоволства како прошетки низ планината, играње со нејзината најдобра пријателка и набљудување на момчето за кое е ветена да се омажи кога ќе порасне.
    Но кога безмилосниот хималајски монсун ќе ја уништи и онаа малку посеана земја која ја имаат и ќе ги остави без ништо, очувот на Лакшими вели дека таа мора да замине во градот и да помогне во издржување на семејството.
    Тој ја запознава со гламурозна жена од градот која ветува дека ќе ѝ најде работа како слугинка.
    Среќна што ќе може да му помогне на своето семејство, Лакшими го напушта Непал и пристигнува во „Куќата на среќата“ полна со надеж. Но таа многу брзо ќе ја дознае вистината: дека нејзиниот очув ја продал како бело робје директно во водите на проституцијата.

    Јас ја купив од книжара ТРИ во трговски 330 ден.
     
  2. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Според ова што погоре го прочитав многу ми се допадна.
    Оваа ми е следна на мета!
     
  3. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Joined:
    May 28, 2011
    Messages:
    1,314
    Likes Received:
    737
    Gender:
    Female
    Јас книгава денес ја купив од саем 120денари :)
    Според мене подобро ќе беше да беа подолги расказите и да не беа со наслови сите.Некако ми двои од едно случување кон друго.Премногу кратка некако ми се виде.Содржината болна премногу емотивна,така да некој шамивче нека си спреми :)
     
  4. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Joined:
    Feb 3, 2012
    Messages:
    702
    Likes Received:
    601
    Јас пред некое време ја читав.На крајот кога испадна пред Американецот мислам камен од срце ми падна.Се ежам кога ќе помислам на Мумтаз и тоа со обетката :x :tmi: За книгата давам 10ка ;) Вреди да се прочита.
     
  5. the.one

    the.one Популарен член

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    564
    Likes Received:
    797
    Оваа беше првата книга која ја прочитав годинава, и можам да кажам дека добро сум ја започнала 2014. :)

    Просто ме воодушеви книгава, толку што за еден ден цела ја прочитав. Многу чувства разбуди во мене, често се возбудував за иднината на Лакшими, се растажував за тоа што и' се случува, па и плачев на моменти. Ме натера да мислам какви се' ужаси се случуваат секојдневно, и колку сме сите луѓе слични меѓусебно.
     
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Joined:
    Oct 3, 2012
    Messages:
    945
    Likes Received:
    1,765
    Многу се потресувам на вакви книги а прва ми е на листата "Книги за купување".
    Серозно имам психичко пореметување на овие теми и страв ми е да ја купам и да ја прочитам.
     
  7. eminil

    eminil Истакнат член

    Joined:
    Apr 5, 2012
    Messages:
    197
    Likes Received:
    130
    Книгава ми ја купи брат ми од саем. Немав појма што ме чека...
    Една од најсилните потресувачки реални приказни што се воопшто напишани. Не секој би бил толку храбар како Лакшими и сличните на неа кои верувам дека се во мал број. Но сепак како што вели мајката на Лакшими: "Самото издржување е триумф". (y)(y)(y)