Мами синко веќе не го користи релаксаторот, има 9 мелодии и вибрации... на три нивоа се подесува столчето..од лежечка положба - 40/65/90 степени.... ако има некоја заинтересирана го продавам 1500 денари ...
Jas kupiv eden ama korisen e samo ako e malecko bebpceto....inaku sinko moj bese mnogu golem i za dzabe go kupiv. go dadov kako poklon veke. razmisli ako imas golemko bebe - ne e prakticen
@Dzevelekova ако имаш да позајмиш од некој најубаво и да пробаш (мене искрено најнекористена работа ти е кенгурот, јас џабе го купив, само два пати го прошетав во кенгур, искрено тежок ми беше.. веќе на 3м беше 7+кг
Мали сме па затоа сакав да слушнам искуства, 4+ кг сме.. Се мислам уште што да правам.. Па не сум ни прашала пд некој да позајмам да пробам може и таа опција.. Ви благодарам!
Ако е бебе што не сака количка (како моево), кенгурот е идеален. Значи скапав носејќи го во раце, сите децата во колички си ги возат, јас моево го тегнев ко векна леб по улици. Можда и си ме видела негде Пробував уште откај 2месеци во кенгур ама плачеше, дури со 4полни почна да сака во него и да разгледува. И го користевме докај 7 месеци кога почна многу да ми тежи и не беше веќе возможно да ја поднесам тежината, машала големо бебе. Така што ако си упорна мислам ќе си го користиш.
Од струмица си? Инаку сака количка не ми прави проблем ама така сакам низ двор, по дома да си го носам у кенгур или слинг.. Шоо знам..
Да и јас мислев дека со него у кенгур демек ќе пофаќам по дома...ахам, како да не едно е теорија друго пракса
Мoре и јaс размислувам зa кенгур ,дaли декa сo двечки мoрa дa пoтфaтиш нештo пo дoмa и гледaв зa нaд 3 месец се крнгурите или грешка сум?
Да, главно се од три месеци, а има и за помали, со додатни делови за потпора. Но јас не би ставила помало бепче сепак се нежни и мали, а моево и пиштеше вриштеше ни кенгур ни бутур,само во раце сакаше и тоа кај мене што да кажам, мамин син, и ден денес е таков слинг ми е повеќе како за помали бебувчиња.
Ние прв пат на два месеци ја ставивме во кенгурче ,но не го сакаше т.е се гледаше дека не и е удобно. Го купивме од Лотус М во Струмица 900 ден.
Sinko ne saka kolicka ic, ke go stavis malku ke se povozi I vriska za vo race. Kengurot do sega ni e spas, go koristime od 4m, samo da napomenam so kilaza sme slabi, 6kg na 6m.
Nekoj da ne ima sediste za na tocak za malo detence ona so potpirac na grbceto i leziste za nodzinjata? Ako ima pisete mi vo poraka...
Дали ви се наоѓа градинка за дома? Ние градинка го викаме, онакво како ограда да може да си лази и игра бебето внатре? Ми треба за внука. Ако има некој нека ми пише.