Во нејзината соба си има дрвено големо креветче ама не ми се верува за скоро да може да ја преселам сама да спие или ја кај неа у соба да се бапнам
А дрвеното не можеш да го залепиш за спална? Ние така спиеме уште од кај 4 месеци. Имав и јас вакво некст то ме ама не се спушташе доволно ниско да ми биде залепено за спална, башка користено беше и цело ведеше на едната страна и се изнервирав ставив дрвено раат сме
Изгледа така ќе направам и ја ќе го однесам од детска во спална дрвеното креветче тоа го користиме за дневни дремки пошто навечер станува триста пати и со мене е на спална ама со надеж дека ќе се стабилизираме
Јас на дрвеното креветче му ја извадив страницата и го споив со спалната, а од другата страна е до ѕид залепено. Од 5 месеци така спие, душекот на најниско ниво спуштен.
И кај мене спалната е на сред соба нема да може залепено али скроз не ми текна дека може едната страна да ја извадиме за до кревет утре ќе проверам могучности и да средам ситуација
Го залепив креветчето до ѕид, па ја поместивме спалната до креветче за да не го мислам од таа страна да се качува.
Ние од почеток така спиеме, во дрвено креветче без една страна, залепено до спалната. Кога ќе почне да се исправа, ќе го спуштам. Дури мислам и душечето што го имам е нормално бебешко душече од симпо, не многу тврдо, се надевам не е страшно ама еве така тераме. Го редам и денски во истото да спие, демек да знае дека тука му е место за спиење, ама не е многу успешно
Продавам Енок Киндеркрафт хранилка, користена неколку пати. Ја продавам 5000 ден. Линк од каде што е купена со продажната цена https://www.libertabebecentar.mk/relaksatori/hranilki-2/kinderkraft-feeding-chair-enock-natur-white