Каков е дубакот и која е цената? Јас продавам релаксатор купен пред неполни три години за постарата ќерка, ама дали 5 пати легна во него. Го чував со надеж дека второто ќе сака, ама ова ни 5 пати нејќеше, така што е исто како нов. Купен е од енци менци, марка bright stars модел ingenuity vesper, купен околу 9000 тогаш, сега гледам дека е на попуст сличен модел околу 6900 (https://www.encimenci.com.mk/relaksator-poweradapt-portable-swing-abernathy-bright-starts-11440). Не знам точно колку би го продала, отприлика 3500 мислам дека е фер цена. Исти е како на линкот само друга боја и дезен. Работи и на струја и на батерии. Моделот е унисекс, сиво со зелено, јас го купив за девојче ама дури би рекла дека повеќе одговара за момче (од пуста желба на мм второто да е машко).
Продавам креветче на FREEON и душек на дормео 120*60. Двете се користени нецел месец.. Цена по договор.
Mami ponudete relaksator po moznost ne samo so lulanje tuku i so drugi dvizenja? isto ponudete i marama za nosenje na bebe ili kengur, neznam sto e poprakticno marama e za doma a kenngur za nadvor ili sto e razlikata?
Јас имам и кенгур и марама. Рално во марамата 3 пати само ја имам ставено. Убава е ама некако дур се изврзеш, дур се стегнеш повеќе време треба. Кенгурот за минута го местам. Ептен е практичен. Мој совет, подобро купи си кенгур.
И јас мислам дека кенгур е попрактичен, ама за по дома носење во кенгур се си зависи од тебе. И јас го купив со таа намера првично, демек бебе ќе седи во кенгур јас ќе си работам и ни еден ден не издржав, посебно што беше лето и жива вода станував од кенгур и бебе. А и тежи на рамениците. За второво не ни пробав. Инаку кенгурите се различни, еве конкретно мојот е 0+ со потпора за вратчето, на почеток бебе се носи свртено накај тебе. После според мене е многу практичен оти бебе може да разгледува, како да го држиш во раце, а рацете ти се слободни. За првото ми беше спас оти во количка не седнуваше воопшто. Сепак и тоа е за куси прошетки, кај мене најчесто мм ги носеше оти мене ми беа тешки (големи бебиња имам ). Инаку кенгурот ми е анатомски на Чико со потпора за грбот, и после две деца како нов е. Поскап го купивме ама преубав е. Се уште не сум решила да го продадам, си викам може ќе ни притреба може уште 2-3 пати. Мој совет ти е само квалитетен кенгур.
Не го продавам јас мојот, уште ми треба . Инаку го имам купено некои 3000 денари од енци менци, фирма инфантино. Кога ќе купуваш гледај само да е со М буквата за колкчињата да е анатомски.
Мојот е анатомски за грбот мој, не пишав во смисла за бебето анатомски. А не гледам зошто не би бил добар за бебето кенгурот кога му доаѓа исто како држење во раце. И секако не е бебето по цел ден во кенгур, тоа е за кратки прошетки само. Јас не ни можам да издржам од 1 час повеќе со кенгур на грб. Според ортопедите секое помагало е штетно и треба се да се одвива природно, ама некогаш е невозможно тоа, и се што е умерено нема да направи проблем кај здраво бебе.
Така е. И самите ортопеди кажуваат дека сите помагала се за доброто на родителите не за децата. Секако нема детето да е во кенгур цел ден. Повеќе од пола саат 40 мин не верувам некој да може да издржи да го носи.
Ги продаваат како анатомски. Според ортопедот кај што го носам синко не треба да се става воопшто. Објасни детално зошто ама одамна беше не паметам. Не што не е за добро на деца. Може голема штета да има за детето и неговиот развој. Што ке смени 30-40 мин ако е во кенгур за тебе како родител?
Јас пак ќе се уфрлам во муабетот, еве за мене со првото дете многу смени оти за жива глава не сакаше во количка да седне од кога почна да разбира дека е во количка легната (4-5 месеца некаде) па мораше во раце да ја носам секаде. Плус често бев сама дома со бебе, а живееме во зграда без лифт па количка беше невозможно да качувам и симнувам со бебе, вака ставав во кенгур и тркнував до продавница на пример. Ама секој си знае најдобро за своето дете, не судам и не солам памет за такви работи. Дури и меѓу ортопедите мислењата се поделени. Јас само си кажувам мое мислење и искуство. Ја наполнивме темата со офф топик
Последен оф топик Ќе смени некогаш многу. Мојата еден период не сакаше во количка да се вози и на сред шетање надвор морав да ја ставам во кенгур за да може дома да си дојдеме. Во раце кога е премногу мрда и се врти и невозможно е со една рака да ја носам безбедно. Или за да тркнам до продавница на кратко нешто да купам за да не се влечам со количка. Ама сепак секој си знае најдобро за своето дете. А ако некогаш повремено го ставаш детето во кенгур нема ништо да му смени во развојот.
Продавам количка за бебе kiddo jazz. Купена 21.000, ја продавам 14.000. Употребена само 4-5 пати, поради тоа што кога можеше да ја користиме почнаа изолации поради коронава.
Со механизам за лулање, тул како заштита од инсекти, 4 фиоки, душек, оградица (крем е оваков модел). Гратис уште една оградица, сина со бело. Цена, 5000ден