Често пати ни се случува да се разбудиме на сред некој убав сон и потоа не можеме да продолжиме да го сонуваме истиот сон.Дали има некој начин да се продолжи сонот?
Не верувам дека постои некој посебен начин, освен веднаш да се вратиш на спиење. Мене ми се случило да се разбудам, за две секунди пак да заспијам и да продолжам да го сонувам истиот сон. А финта некоја посебна, нема.
Мене ми се има слулено да сонувам нешто,да се разбудам и пак да продолжам да го сонивам да.Не се сеќавам што точно е,но ми се има случено два,три пати со сега.
Неколку пати до сега ми се случи да сонувам сон и да се разбудам без некоја причина, и поради силна желба да променам нешто, да не оставам така да се случи во сонот, пак заспивав и ми продолжуваше сонот (ама без некои промени). Сакам да кажам дека во моментот кога се будам, не сакам да се разбудам и сакам да ми продолжи сонот, и така успеавам да заспијам и тој продолжува, можеби не баш од каде што завршил. Ретко сонувам, па и кога сонувам се нешто ми е без врска. Соновите се чудна мистерија и не знам какво значење имаат и дали воопшто значат нешто, иако си ги поврзуваме со судбински настани од животот.
Мене ми се има случено да се разбудам од некој убав сон и потоа поради силната желба да го продолжам сонот, се враќам на спиење и ми се има случено да го продолжам истиот. Но тоа се случува само накратко кога ќе се разбудам.
Мене еднаш до сеа ми се случило да го продолжам сонот но за многу кратко време . Се будам и после 3 сек. заспивам пак и сонот си продолжува . Ама коа сам нејќе да си се продолжи ја си дремам и сама си го продолжувам т.е сама си замислувам
ретко, многу ретко сум успеала...непишано правило секој убав сон брзо некако завршува и неможе да се продолжи
Јас кога се будам на најубавиот дел од сонот (2 дена ми се случува) легнувам и со сила пробувам истиот да го сонувам,си правам филмови и продлжувам како јас што сакам ...
Одкако еднаш ќе станам а сонот ми бил преубав,се трудам да си легнам пак и да го продолжам. Но сепак тоа е само фантазирање,зошто моето спиење веќе завршило.
Јас можам да си го повратам сонот, и тоа не мора веднаш. Само се концентрирам и се замислувам како се вртам во круг со рацете во воздух и мислам на сонот што сум го сонувала. Секогаш успева, барем кај мене.
Jас кога морам да одам на училиште секогаш сонувам убави соништа, а кога мајка ми ќе ме разбуди и се лутам и си продолжам Можам да си го продолжам сонот, но многу ретко!
Колку е лошо да сонувате убав сон и да ве разбуди алармот на телефонот...Полошо нема. Потоа си викате, ајде ќе поспијам уште 5минути да го досонувам, правите напори ама никако да се види крајот
ми се има случено да сонувам еден долг сон и го прекинав се разбудив Утредента и го раскажував на другарками околу 2 часа многу беше долг ама ми беше жал што го прекинав Ама за среќа моја по 2 дена го довршив Со овој сон цел роман можам да напишам Никогаш нема да го забораваммм
И мене ми се има десено да сонувам некој убав сон и после ми се прекинува сонот Многу се нервирам и сакам да го довршам сонот ама не можам!