Продуктивност

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од bibiK23, 9 ноември 2019.

?

Дали сметате дека го користите своето време продуктивно?

Анкетата е затворена на 19 ноември 2019.
  1. Да

    0 глас(а)
    0,0%
  2. Не

    3 глас(а)
    50,0%
  3. Се обидувам

    3 глас(а)
    50,0%
  1. bibiK23

    bibiK23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Во последниве години се појавија апликации, видеа на Youtube, и секакви други работи на интернетов поврзани со продуктивност. Луѓе се снимаат за да мотивираат, да ја покажат својата секојдневна рутина, начин и стил на живот и се тоа најчесто е поврзано со здрав начин на живот.

    Како вие го поминувате денот, неделата? Имате ли распоред до кој стриктно се држите? Дали сте дисциплинирани?
     
  2. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.432
    Пол:
    Женски
    Барав ваква тема(tumbleweed)
    Имав супер испланирани недели и постигнував се што ќе зацртав, али со ситуацијава се ми се смени. 2 недели викам ќе учам, ќе извадам книги и се, ама никако да почнам. Типс да кренам продуктивност, имате ли сличен проблем и како го решивте?
     
  3. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.443
    Пол:
    Женски
    Периодов сум само продуктивна кога е физичката активност во прашање.
    Активно секој ден возам ролери/точак, се искачувам на планина, џогирам и вежбам по дома. Тоа е тоа.
    Од пред една недела снемав книги за читање и не превземам ништо за да го сменам тоа.
    Моментално сум невработена, па делумно трошам заштеда и размислувам активно што сакам понатака во животот.

    Мислам дека продуктивноста е тесно поврзана со мотивацијата, а мотивацијата ми мањка цел живот. И се мразам ради тоа.
     
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.970
    Допаѓања:
    53.418
    Пол:
    Машки
    Најпродуктивен сум периодов у внесување калории, сите други работи се ставени на стенд бај:|
     
    На milkyway^^ и Regina.Phalange им се допаѓа ова.
  5. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    6.724
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја оживеам темава. Специфично барав дали има ваква тема, ако не, ќе отворев.

    Би сакала да створиме навика и да се држиме одговорни меѓу себе (accountability buddies) и да пишуваме дневно што сме направиле, нови добри навики, во во што сме се подобриле, колку време сме одвоиле тој ден за некоја активност од која сме прокрастинирале, итн.

    Еве јас ќе напишам прва во што сакам да се подобрам и за што сакам да одвојам време во текот на денот:
    • Сакам да одвојувам барем 45 минути 4-5 пати неделно за тежински тренинг (имам home gym)
    • 30мин дневно за вежбање јазикот кој го учам моментално
    • 2 часа за индивидуални проекти и креирање содржини за социјални медиуми бидејки ова ми служи за маркетинг на сопствениот бизнис
    • Повеќе готвење домашни јадења
    • Пешачење барем 3 пати неделно
    • Да легнувам и да станувам барем малку порано и да не спијам помалку од 7 часа.
    • Да не јадам после 8ч навечер
    • И секако стандардното, повеќе фокус, помалку скролање и телефон.
    Ќе пишувам редовно за да го документирам својот прогрес, па се надевам ќе ве мотивирам за да ми се придружите и вие! :)
     
    На Paula123, Milobebence, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    3.615
    Пол:
    Женски
    Земи си еден нотес и напиши си го ова како секојдневни активности (list to do).
     
  7. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    Има и за на мобилен апликација, секогаш и секаде е со тебе.
    Јас ја користам Microsoft To Do.
     
    На Cinnamon Bun и Malesia им се допаѓа ова.
  8. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    6.688
    Пол:
    Женски
    еј браво @Cinnamon Bun

    Многу ми се допаѓа темата.
    Вчера на Digital Health ставив 5 мин на Инста и Фб, и денес ги исклучив.
    Ама после темата, пак ќе ги активирам. :inlove:
     
    На theowndemon и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  9. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    10.098
    Пол:
    Женски
    Ако се рачуна, рмбам ко кучка на работа за да си ги решам (делумно) егзистенцијалните дилеми.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    6.724
    Пол:
    Женски
    Да, користам Notion и таму запишувам, но може вака со accountability buddies повеќе ќе се мотивирам да ги остварам сите предвидени задачи. Обично кога гледам како сите околу мене работат и се продуктивни ме мотивира и мене, па реков дај да си споделуваме прогрес и да си аплаудираме меѓу себе :D

    Wow 5 минути е импресивно, не знам дали би можела толку малку, браво! :clap:
     
    Последна измена од модератор: 24 септември 2025
    На Milobebence и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    59.191
    Пол:
    Женски
    Супер што ја оживеа темата! Можиме да се мотивираме. :sun:

    Еве нешто мое:

    - Повеќе време поминување надвор, особено за викенд.
    - Пешачење барем еден час дневно во работен ден, повеќе за викенд.
    - Кога не дозволуваат условите за пешачење надвор, тогаш дома орбитрек. :)
    - Да вклучам тренинг со тежини.
    - Повеќе посветување на учење јазик (иконечнодомашнаданапишамодпретходноЛОЛ)
    - Да готвам поздраво и да намалам благо (бидејќи ќе го мразам животот ако го исклучам скроз :D исто како и кафето наутро)
    - Зборувајќи за јадење, и јас гледам да не јадам после 8ч навечер. :)
    - Да си легнувам во понормално време, ова успеав да го потсредам, кај 1ипол сега си легнувам а знаеше да ме фати 3! И станувам кај 9-9ипол.

    Од на пролет имам и некои други планови, но здравје дотогаш, за тоа тогаш би пишала. :D
     
    На Mumoftwo30, Momichka и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  12. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    6.688
    Пол:
    Женски
    Рака на срце, продолжив уште три пати по 5 мин. Толку прекинувам. Се мотивираме за подобро јас :inlove:
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.384
    Допаѓања:
    177.801
    Пол:
    Женски
    Имам некои промени кои веќе два месеци успевам да се држам до нив.

    • Минимум од 10к чекори секој ден, кога имам временска можност поќе (целам на 15км кога имам временска можност, најчесто то е Недела, за малку не успеав 15км чисто зошто имав мал hiccup и морав порано назад; самиот ден ми имаше над 15км, ама во едно одење беа 13.5км). Вчера ми беше 63 ден.
    • Јадење исклучиво домашно готвени јадења, поздрави, и одбирање "паметни" оброци ако сум надвор. Па можи од пролетва доминантно спремам дома, веќе две недели и бројам калории колку да знам во која рамка се движам. Исто гледам да имам барем х1 оброк овошје и со ручекот (целам и кон вечерата) - салата зеленчук.
    • Како продолжение на претходното мислење е да лимитирам колку благо јадам, зошто претервам со то. Зато уствари бројам, ништо не лимитирам во поглед калории сем благото. Па така овие две недели е куц-туц. Често и заменето со некоја поздрава опција. Пример ако јадам денес Кам сирово топче, не ни имам потреба за чоколатце. Ама ако не каснам Кам сирово топче можи ќе земам ред чоколадо, или една обланда, или едно колаче итн. И то е океј. Пошто претходно беа сите колачиња, пола пакетче обланди, цело чоколадо итн.
    • Користам помалку телефон. Не го зборам ова дека си мерам време. Скроз на вајбс. Кога сум на работа ич не провервам телефон. Кога пешачам исто. Ако сум на кафе го вртам со екран кон маса и го игнорирам. Па чим успеам тогаш да не користам, после дома да прам и bedrotting не ми е трагично. Не гледам многу на време да ограничам зошто имам контакти кои ги имам само онлајн и си имам одвоено quality time со нив (а, то ми се води кон screen time), плус често сакам да читам за теми од социологија и психологија кои ме интересираат. Е, не можи се то без скрин тајм.
    Е са од цели кои сакам да ги почнам:
    - Сакам да цртам секој ден, чак по една чкртка. Се трудам стварно, ама многу често заборавам и ми текнува дури кога легнувам да спијам. Inktober ми е под голем ризик ако не влезам во ова рутина.
    - Желба ми е посериозно да трчам, не од трка за трка. Ама станвам на сабајле и покомотно ми е да лежам под ќебе него конечно да станам. А, три пати неделно стварно не е трагично.

    Вчерашниот ден ми беше х63 како имав над 10к (вчера зошто имав кафе закажано после работа не ми остана време за поќе над 10к -10974, 6.88км). Во поглед храна сум избројала 1.8к калории (од кои секогаш скоро 100kcal ми се од сите ампули и ќесички шо ги пијам за добро утро). Искрено ќе беа за скоро 200 помалку, ама кај шо излегов на "кафе" немаа чај, па зедов нешто шо најблиску мириса на чај - Пелинковац. :D :$ Зборај ми за одбирање добри опции кога сум надвор. :rofl: Раков ми среди алкохолизмот, зато не ни внесвам дека пијам макс 1 (до 2 пијачки) на недела-две (зависи повод, друштво, ама 2 пијачки ми е максимум и ако стигнам до 2 пијачки неделава, ќе целам да скокнам наредната недела).

    Појадокот ми беше вафла со крем од грчки јогурт, протеин, и малку крем од ф'стак, со коцка темно чоколадо и по една јатка сечкана (бразилски орев, индиски орев, лешник, бадем). Ручек 50г макарони со урда и јајце. Вечера полнета пиперка со ориз и џекфрут без леб. Овошје на денот: грозје. Зеленчук на денот: марула салата. Десерт: мал корнет полнет со ф'стак крем и кадаив, затворен со чоколадо. И пошто така тргна денот - и едно Линдор ф'стак чоколадо (х1 топче). Сега сфаќам дека денот цел на ф'стак ми бил удрен. 2 кафиња. 1 чај. 1 Пелинковац.

    Скрин тајм ми бил 4 сати и 20 минути шо е напредок на 7-10 сати шо знаел да ми биди скрин тајм.

    За да не пишам пак набрзо, денес немам обврски и целам кон 15к чекори. Активно мислам од ко станав дека чим дојдам дома ќе цртам, и дека викендов ќе земам со мене тетратчето. Појадок имам крејвинг за белки од јајца со вегета, знам дека многу јадат ова оти морат. Јас јадам оти ми е вкусен снек. Ручек полнета пиперка и салата краставици. Вечера размислувам за брускети со кашкавал + песто + домат и марула салата. Овошје на денот: јаболко. Десерт: протеински пудинг од чоколадо. Ужинка: сирово топче од Кам, по една јатка (бразилски орев, индиски орев, лешник, бадем) и ставив и коцка темно чоколадо ако имам потреба.

    Еден сат ми е засеа скрин тајм, ама се одјавувам до после ручек некое време скроз.

    Не мислам дека неделава ќе биди та која ќе почнам да трчам. Ќе видиме викендов како ќе бидам слободна за да го напрам првиот чекор. Башка сакам по една рутина на одреден временски период да форсирам, па време е прво фокус на цртањево да дам.

    Поздрав. Јас многу сакам да пишам детално за рутини, в тетратка не ми оди ама си користам апликации. И уствари така успеав да се држам толку долго до некаква структура. Не ми е проблем да пишам и јавно зошто имање поддршка и градење заедништво е многу силен мотиватор.

    Поздрав.
     
    На Mumoftwo30, Gentlewoman!, Cinnamon Bun и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    6.724
    Пол:
    Женски
    Вчера повторно ја симнав апликацијата форест. Садиш дрвце за секоја задача и ако прекинеш, дрвцето ќе ти умре.

    Немам paid subscription но сепак функционираше и ме натера да постигнам многу подобар фокус. Би сакала да се претплатам зошто на тој начин не си во можност да ја минимизираш апликацијата и да покушаш да отвориш инста. 2 долара е не е страшно.

    Докажано е дека после успешно завршена задача ако се почестиме или добиеме мала награда сме по наклонети да седнеме и се фокусираме следниот пат, знаејки дека ќе добиеме immediate reward веднаш по завршувањето на задачата, во овој случај тоа се дрвцата во апликацијата, as silly as it sounds. Ќе ја земам про верзијата па ќе ви кажам мислење за една недела.

    Мал update:
    Вчера бев доста пофокусирана и попродуктивна. Исто така вежбав доста интензивно и сега целото тело ме боли.
     
    На bookslover, theowndemon, milkyway^^ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.893
    Допаѓања:
    81.133
    Пол:
    Женски
    Продуктивна сум, да, на работа. За друго, онака. :bug:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Многу интересна тема. Во цел овој хаос што го живеам (селење, опремување стан) се чувствувам доста продуктивна дури па и претерано.

    - 10000 илјади чекори на ден, дали по продавници или салони небитно битно се чекори 8):D
    - си готвам јадење за два дена од канцеларија, здраво и нискокалорично.
    - намалено користење на телефон и повеќе читање книги
    - читам по 40/50 страни на ден некогаш и повеќе и целам до 40 книги прочитани годинава (моментално сум на 35).
    - посветувам повеќе време на работи што сакам да си ги правам, боење, читање на интернет нешто што ме интересира и за викенд гледам воопшто да не користам телефон, да одам да се видам со моите, да си прошетам во природа, да си купам по некоја книга итн…

    Се надевам дека ќе можам и понатака
     
    На Eunoia, Mumoftwo30 и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.384
    Допаѓања:
    177.801
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да пишам за важноста на accountability buddy.
    upload_2025-10-3_17-32-3.png
    Јас последнава недела сум у ж а с н а. Дип шо чекорам секој ден по 10к чекори од чист инает зошто сум кладена. Инаку како ќе сум си легнела в кревет под ќебе и само серија ќе гледав. И почнав да јадам срање. То кило намалено шо го измерив Понеделникот за претходната недела мислам дека ќе е дупло вратено, а е само Петок. Фатив цел Инстаграм и Јутуб ги превртив барем три пати.

    Епа неделава дури денес се видов со мојот accountability buddy. То е другарка со која имаме исти цели и кога учиме/ работиме/ јадиме/ вежбаме го прајме то паралелно, или после активноста си даваме отчет ако не сме во можност за да сме заедно. Е неделава е врнежлива, на одредени работи сме на почеток на промената и денес дури се видовме. Оти сме на почеток на промената значи дека има големи шанси да се лизниме и да утниме. Ќе јадевме заедно за ручек после работа и се гледаме двете со џанк в раце, и јас одам да купам десерт за двете. И се договоривме дека вака не можи поќе. Дур ја имав да ѝ пратам отчет на крај на ден или да јадиме заедно и буквално да гледа шо јадам и прам, и исто и таа - двете се држевме максимално до целите. Една недела не заедно и ете ти. (facepalm) :rofl:

    Инаку од целите жими шо одам 10к+ чекори секој ден, и шо цртам еве трет ден со сила. Не ми е по ќеф ама го прам. И се ова го пишам, каде исхраната ми е дел од целите, дур јадам десерт. Упсич. :wasntme:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.