Продуктивност

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од bibiK23, 9 ноември 2019.

?

Дали сметате дека го користите своето време продуктивно?

Анкетата е затворена на 19 ноември 2019.
  1. Да

    0 глас(а)
    0,0%
  2. Не

    3 глас(а)
    50,0%
  3. Се обидувам

    3 глас(а)
    50,0%
  1. bibiK23

    bibiK23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Во последниве години се појавија апликации, видеа на Youtube, и секакви други работи на интернетов поврзани со продуктивност. Луѓе се снимаат за да мотивираат, да ја покажат својата секојдневна рутина, начин и стил на живот и се тоа најчесто е поврзано со здрав начин на живот.

    Како вие го поминувате денот, неделата? Имате ли распоред до кој стриктно се држите? Дали сте дисциплинирани?
     
  2. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    Барав ваква тема(tumbleweed)
    Имав супер испланирани недели и постигнував се што ќе зацртав, али со ситуацијава се ми се смени. 2 недели викам ќе учам, ќе извадам книги и се, ама никако да почнам. Типс да кренам продуктивност, имате ли сличен проблем и како го решивте?
     
  3. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Периодов сум само продуктивна кога е физичката активност во прашање.
    Активно секој ден возам ролери/точак, се искачувам на планина, џогирам и вежбам по дома. Тоа е тоа.
    Од пред една недела снемав книги за читање и не превземам ништо за да го сменам тоа.
    Моментално сум невработена, па делумно трошам заштеда и размислувам активно што сакам понатака во животот.

    Мислам дека продуктивноста е тесно поврзана со мотивацијата, а мотивацијата ми мањка цел живот. И се мразам ради тоа.
     
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Најпродуктивен сум периодов у внесување калории, сите други работи се ставени на стенд бај:|
     
    На Regina.Phalange му/ѝ се допаѓа ова.