Ако веќе има ваква тема, слободно бришете. Ме интересира, какви продукти користите кога се шминкате? Не имиња на брендови, иако и тоа е битно, туку кои продукти? Пудра, коректор, маскара..? Како нешминкач, ептен сум излезена од колосек со информации за шминкање, а пред некој ден гледав видеа на Јутуб, и гледав дека пред нанесување шминка, нанесуваат и прајмер (не знам кај нас дали се вика исто). А и за четки ме интересира.. колку и какви четки користите?
Од шминка , во несесерот мој имам : Течна пудра/бб крема Коректор Пудра во прав-камена пудра (кога ми е по мрсно лицето ми е одлична пудрата во прав - инаку и камена користам ) База за сенка (за очните капаци)или прајмер како што го нарече Бронзер/руменило - кога користам бронзер , не нанесувам руменило и обратно Молив за веѓи Хајлајтер (ретко нанесувам) Маскара Туш за очи Сенки за очи Моливчиња за очи/усни Кармини Прајмер користев порано повеќе, но сватив дека не ми менува ништо во врска со шминката на лицето , порите си остануваат како што се , единствено може некој прајмер да помогне во врска со мрснотијата на лицето. Затоа веќе не експериментирам со нив За нанесување на течна пудра, коректор користам сунѓерче за лице , за пудра камена и во прав - четка поширока , и за руменило/бронзер помала четка за сенки исто имам три четки купени во сет
Абе, ме интересираше за прајмерот оти го отепаа од фалење по видеава. Баш тоа.. дека ги замазнува порите и тие работи, и дека не било 'професионално' да се нанесува пудра без него... Знам дека ве има кои се разбирате од овие работи, па не ми се веруваше на рендом видео, пошто може само реклама да е.
Цц крема место пудра, руменило, пудра во прав, прајмер кој е исто така и за фиксирање, римел, туш, молив и сенка за веѓи. Кармини не користам, ми ги сушат усните, наместо тоа лабела во боја
Нивеа обична крема за лице Пудра Коректор Руж/бронзер Хајлајтер Сенки за очи Бело/црно моливче за око (на водената линија го нанесувам) Туш за очи Маскара Сенки за пополнување на веѓите (како сет специјален за веѓи ми е земен, најприродно ми изгледа на овој начин да ги пополнувам малку само) Моливче за уста Кармин за уста Отприлика ова е се што користам, мислам дека не пропуштив ништо. Прајмер не користам јас. Имам ептен чисто лице и ептен минимално ставам пудра и коректор, колку да нанесам сенки и руж... Највеќе внимание на очите посветувам.
Прајмер, пудра, коректор, моливче за веѓи, сенка, ајлајнер, маскара, бронзер, хајлајтер, сјај за усни.
Течниот коректор се покажа како одлична база за сенка, така што немам потреба од посебен продукт за таа намена. Го нанесувам со прсти и благо тапкање. На другите делови од лицето (под очи или за покривање на несовршености) го размачкувам со четка или сунѓерче за лице. Прајмер употребував некое време, но веќе не е дел од мојата шминка. Не забележав некоја голема разлика во порите, само можеби имаше минимален ефект на измазнување на кожата. Добра страна на овие продукти гледам само во тоа што имаат СПФ во составот. Што се однесува до течна пудра, за вечерни излегувања користам бјути блендер, а во регуларни денови користам четка за течна пудра зошто стварно немам време (и живци) секое сабајле да ми отпадне раката од тапкање со блендерот.. Минимално контурирам со стик кој го размачкувам со бјути блендер или четка за контури што веќе никој не ја употребува, но мене ми е супер практична. Камена пудра мнoгу ретко користам, исклучиво само за настани каде треба цел ден да издржи шминката. Некогаш го употребувам мекото сунѓерче од самиот продукт, а некогаш голема четка. Доколку е потребно, веѓите ги пополнувам со моливче. На окото нанесувам сенки, ајлајнер не преферирам. Четките варираат по големина во зависност од тоа на кој дел од окото ја нанесувам сенката. За финиш наместо руменило ставам малку бронзер на јаболчниците (прилично сум сигурна дека ова не е вистинскиот начин за користење на бронзер, ама мене ми се допаѓа ). Хајлајтер ставам речиси секогаш, минимално над јаболчниците, на врвот од носот и над усната. Користам мала четка што инаку беше наменета за сенки, а некогаш го нанесувам со прсти. За уста моливчиња, некогаш во комбинација со мат течен кармин.
Зависно од пригодата, за секојдневна шминка користам најпрво крем за лице, потоа прајмер(нема некоја премногу видлива разлика, но мислам дека со него подолго време ми останува пудрата и се друго што ставам во иста состојба како кога сум ги нанела) потоа пудра, римел, молив за уста, кармин, руменило или малку бронзер и камена пудра. За навечер ставам појака шминка, значи освен тоа што го набројав погоре, ставам и сенки за очи а под нив подлога за сенка, зашто ми се мрсат капаците, ги пополнувам ептен малку веѓите, потоа правам минимални контури под јаболчниците а на нив ставам малку руменило иако понекогаш ставам хајлајтер место руменило.Порано цело време ставав и ајлајнер ама сега го ставам само кога немам сенка.Молив за очи исто така ретко ставам. Од четки, користам една од ebelin за ставање пудра, а за руменило, камена пудра и сенка ги користам на аура, баш сум задоволна од нив, а и во ред се со цените и се квалитетни.
Зависи дали станува збор за дневна или ноќна шминка. Дневна - сакам да бидам средена на факултет (се трудам да е минимална и едноставна): Обичен крем за лице Течна пудра Коректор Молив за веѓи Nude кармин За излегување (пак да не е нешто too much - ако се очите поинтензивни, карминот е по нежен и обратно) Крем за лице Течна пудра Коректор Камена пудра Молив за веѓи Бронзер/руменило Ретко користам сенки, ама се случува Туш Маскара Кармин - црвен (секакви нијанси), виолетов, nude. Прајмер имам, ама не го користам. Четки користам за бронзер/руменило, камена пудра и сенки. Пудрата течна ја ставам со сунѓерче. Мразам хајлајтер. Летно време избегавам многу да се шминкам.
Ретко се шминкам. Прајмер не користам. Ставам маскара,туш,сенки за очи,течна пудра и кармин во бледо розева или жар црвена боја.Понекогаш само малку маскара и сјај за усни.Не сакам да го оптоварувам лицето.
Не сакам некој погрешно да ме разбере ама..половина од листиве за шминка кои ги наведовте немам благе везе што значат. Во несесер имам: 1. Две мали бледи и нефункционални палети сенки за очи. 2. Три хајлајтери (ваљда се тоа), кои воопшто не ми одговараат на тенот. 3. Четири моливчиња за кои не знам дали се за усни или очи (темно зелено, кафено, месо боја и црно). 4. Пет сјаја во боја. 5. Една бледа пудра, која такоџе не ми одговара со тенот. 6. Црвен кармин. 7. Туш кој не знам да го нанесувам и стои за украс. Прајмер, коректор, блендер, шитмејкери, ружови само од прилика знам што се. Ги немам користено, а како што не умеам да се шминкам, некад и овие ги утнувам. Елементарно сум неписмена во однос на шминка, мода и убавина. Не бива девојка од мене. Поздрав на темава, да знаете дека не сте единствени. Увек има и полошо, т.е јас.
Многу добро те разбирам. И јас сум ист случај само што наместо пудра, користам ЦЦ крем. Кога ќе видам листа од производи за шминкање прескокнувам зашто излишно е да читам нешто што не користам, а и не му ја знам намената. Си имам мој начин за поимање на женската убавина
Wild, каков изглед сакаш да постигнеш? Нежна дневна варијанта или нешто понападно? Забележав дека откако ја поедноставив процедурата и ги намалив производите, многу почесто се шминкам преку ден. Прво ставам крема за лице и околу очи. Спојлер Нанесувам пудра/ тонирана крема со четка. Спојлер Малку коректор под очите ( јутуберките искрено претеруваат со него). Со она што останало на четкичката ги поминувам и очните капаци. Камена пудра на т-зоната. Со четка за блендирање на сенка поминувам и на очните капаци. (заменува прајмер) Спојлер Бронзер, руменило и хајлајтер. Купи си некоја трио палета со овие 3 производи. Практична е, се ти е на едно место и супер е за почетници. Бронзер нанесувам на лицето и на прегибот на очите за да добијат малку боја и свежина на лицето. Палетата ја скршив, па ова ми се и алтернативните поизводи Спојлер Маскара за веѓи. Најбрз начин веѓите да изгледаат поистакнато и поуредно. Спојлер Маскара за очи. До скоро имав екстензии на трепките, па овој чекор го прескокнував. Спојлер Лабело, моливче и кармин. Спојлер Фиксатор. За да се претопи шминката со лицето и да трае цел ден. Спојлер За ова ми треба 10 мин и се добива многу природен дневен изглед. А ова е блендинг четкичката со која нанесувам камена пудра и малку бронзер на очните капаци. Заборавив да ја сликам. Спојлер
Toa e муабетот, вака си се тешиме. Види над мене што постирала Авери..мене сите производи ми личат на пудри, и идентични ми се брендовите. Дури ниту четкиве не знам дали се за очи или лице.
Четките ми се посебно непознати и ниедна немам После неуспешнниот обид барем теоретски да ги знам, ме одврати незаинтересираноста и се откажав од шминкерската ука
Ова се само мал дел производи за природна дневна шминка Тек да ги ставам сите шминки и четки фали тука сенки, тушеви, пигменти, трепки, виткачи, лепаци and so on...
Мене не ми е јасно зошто толку четки навистина, каква функција врши нивната дебелина? Се надевам половина се за очи, додека половина за лице.
Веројатно имаат некоја врска со контурирање која за нас ќе остане енигма во формата и редоследот на употреба