Мислам дека после нашите дописки темава треба да се смести во "другата наука". ,,Мистериознo - магиски продукти за целосна шминка".
Имам пробано разни прајмери од најевтини до поскапи ама ни еден не ми дал некој посебен резултат. На почеток ќе ми се допадне- или така си мислам јас дека ги покрива порите , по некој саат лицето ми е како да сум нанела само пудра. Да бидам искрена повеќе ми помогнала пудра во прав (нанесена со сунѓерче врз порите) отколку прајмер наменет за пори На јутјуб за жал повеќе се е реклама -им ги праќаат производите бесплатно , па гледаат да им направат колку што може поголема реклама за да добијат утре и др производи јас порано следев доста блогерки , јутјуберки( од Грција претежно) ама по ова веќе во ништо не верувам додека сама не го испробам производот
Не сум многу вешта во шминкање и ретко целосно се шминкам, но кога го правам тоа користам само неколку работи: - крема за лице - течна пудра - маскара - сенки - туш за очи - кармин Друго не ни знам да користам. Обично носам многу лесна шминка која се состои од: - крема за лице - течна пудра - маскара - (понекогаш блед кармин, понекогаш ништо или само лабело). Не ми е грдо да излезам и без воопшто шминка, што често се случува.
Многу ретко се шминкам а имам два полни несесери и нон стоп докупувам нешто. Најчесто користам пудра, коректор, римел, моливче за усни наместо кармин, руменило, хајлајтер и малку кафеава сенка ставам бидејќи онака не се ни приметува дека сум нашминкана уствари
Крем за лице не користам откако имав лошо искуство со секакви препорачани креми и од лекари и од кој уште не со катастрофална формула, па преминав на кокосово масло што го ставам на сувите делови од лицето, т.е. образите и по пилинг со шеќер/сода бикарбона ставам од витаминските маски на Балеа. Повеќе обрнувам внимание на негата отколку на ставање десет слоја шминка. Фул фејс пудра- никогаш, не се чувствувам пријатно. Ставам коректор на подочниците и на некои места ако имам црвенило. Користам влажен бјути блендер или нанесувам со прсти. Ставам маскара, туш, ги чешлам веѓите нагоре, хајлајтер купив дури пред некој месец, ретко ставам бидејќи не сум голем обожавател на хајлајтери, вештачки и пренападно ми делува. За преку ден ставам кармин што има слична боја како усните или само балсам, а ако се работи за вечерно излегување, најчесто ставам темно црвен кармин и на очите правам cut crease за да ги истакнам. Прајмер, бронзер, руменило, вештачки трепки, сетови за контури- не користам. Не ми затребале досега и од досегашната едноставна рутина со неколку основни работи сум задоволна.
Течна пудра сосем малку ставам, маскара и кармин. Тоа е сѐ од мојата шминка. Користам дневен и ноќен крем за лице, зошто имам сува кожа. Е да, кожата ја негувам почесто, ама морам заради тоа што ми е осетлива и сува. Ги гледам помладиве девојчиња на 13 -14 год. како се темелно нашминкани, па во споредба со нив, јас како ништо да не сум ставила
Добра тема, и мене ме интересираше. Се шминкам секој ден, трошам време за шминкање, а секогаш изгледам како да не сум се нашминкала во споредба со другите. Таман ќе научам како се употребува нешто, излегуваат уште сто нови работи. - Прво ги шминкам очите: подлога, сенка, туш, виткам трепки и маскара. - За веѓи имам восок и сенка. Ретко ги користам бидејќи не знам, поарно ич отколку да настани катастрофа. - Потоа ставам крем за лице, течна пудра, пудра во прав, руменило и хајлајтер. Пудрата ја нанесувам со четка и со сунѓерче. - За устата кармин и молив. Ова е за вечерна шминка. За преку ден, помалку. Абе цела наука...
Некаде прочитав дека ја нанесувате пудтата со влажен бјути блендер, зошто? Неможам да го најдам мислењето за да го испратам прашањето директно до членката.
Ако е сув бјути блендерот ќе впие повеќе од пудрата отколку што ќе ја нанесеш на лицето, а ако е влажен можеш полесно да изблендираш и да нанесеш. Мое мислење.
Користам сѐ што можам да искористам, бидејќи купувам и тоа што ми треба и тоа што не - никогаш не сум останала кусок со нешто, секогаш си имам на залиха повеќе пудри, коректори и сл... Пример за секојдневна шминка може да се случи да имам различен изглед во однос на тоа што ќе го искористам. Пример, можам да имам ставено пудра или бб крема, нормално како подлога користам крема и некогаш евентуално хидро прајмерот на алверде кој не прави ништо освен што можеби ја зголемува трајноста на шминката, го ставам некогаш и само за да го искористам, да не се фрла дека купен. Обавезно ги потполнувам веѓите со brow kit или попросто речено сенка за веѓи и одозгора некогаш ставам маскара за веѓи за да ги фиксирам и да не ми се разлетуваат, руменило, бронзер и хајлајтер (ги ставам по расположение, некогаш сите три, некогаш само руменило, некогаш бронзер и хајлајтер). Зависно што сакам да постигнам и каков ми е мудот. Сенка за очи, туш за очи поретко, маскара ставам некогаш, некогаш не за секојдневно шминкање затоа што ме мрзи да трзам и да го вадам црното од очи, а вечерно секогаш ја ставам. Контури во стик порано ставав, сега ретко. Заборавив да кажам дека го сетирам лицето со камена пудра или пудра во прав, затоа што на лето посебно се потам, се мрси и не изгледа убаво. Лани не користев камена, ко лампион на слики. Прво малку лабело/балсам за усни, моливче и мат карминче, сјај или мат карминче па сјај. Прајмери не користам; сѐ уште не ми потребале, а и кога ќе ми требаат - пак ќе си инвестирам во креми. Прајмер за очи е супер инвестиција за да не ви мрда сенката, го најдов совршениот на Gosh, уште не ми е купен ама затоа на аура, сетиран со камена пудра ми врши работа засега. Оваа финта ми ја кажа некоја од феминките...се испотави дека сум имала мрсни капаци, не само Т-зона.
Јас сакам "силни" шминки ама со годините сфатив дека тоа не е за мене. Ја следам Фран на Инстаграм и кога гледам колку (количински) пудра, коректор и контури става на лицето дури не ми е верно. Како што пишаа и погоре, од кога користам помалку шминка почесто се шминкам. Крем за сува кожа, течна пудра, некогаш и во прав над неа, добра маскара и кармин. Се мислам сунѓерче за пудрата да земам ама секогаш заборавам. Се водам по тоа подобро помалку ама поквалитетно.
@WildMk, леле ме погоди, у прав момент со темава (да не ме сфатиш грешно-не можам да ти помогнам, туку ти мене ). 3 продукти имам во несесер, и сакам за следниов голем настан да се нашминкам конечо (шминкер отпаѓа). Вчера кај се фатив да гледам видеа, дрво право, ги поднаучив демек продуктиве и прееска у ДМ по шминкиве опсервација цени и сл. Сега ме стаивте у мисла за прајмерот за очи, по видеава ептен го тупат дека е 'мора' производ, за појака шминка зборам што треба подолго да трае. Некој спомна дека иста функција врши и течен коректор? А што е прајмер за очи, што ппдлога за сенка-различно е? И се замерачив трепки да ставам, добри се тие со магнет? Или? Кажете, просветлете ме, која фирма, што, како?
Ако досега не сте се шминкале воопшто, како сега планирате да се нашминкате професионално @WildMk @Elenpelen ? Башка не ви се исплати. Да купиш се што е потребно за профи шминка ќе кошта многу повеќе од тоа да платиш шминкер. Башка што производите што ќе ги купите нема да ги користите во секојдневни прилики па ќе се најдат во канта на крај. Трепки со магнет не сум пробала, мене најубави ми се на Аура. И лепилото за трепки на аура е многу убаво.
Се шминкав на времето, ептен.. Само сега има нови производи, кои тогаш не ни постоеја... Знам да се шминкам... не е то проблем
Сум видела кај доста шминкерки користат трепки и лепак(има црн и проѕирен, според мене е поубав црниот) на Аура, убави се а и не се толку скапи. Не е ич филозофија за лепење, не му ја мисли. Можеш да пробаш и неколку дена претходно, истите можеш да ги исчистиш и повторно да ги залепиш кога ќе се шминкаш за настанот. Притоа, внимателно одлепувајќи ги за да не ги оштетиш.
✌️ Го имам коректорот на Catrice Liquid Camouflage и го користам како база веќе неколку години, до сега не ми мрднала шминката од очи. Секако, многу зависи и од квалитетот на сенките. Инаку мислам дека прајмерот за очи има иста функција како оној за лице, да овозможи мазна површина за лесно нанесување на сенката. Подлогата помага за истакнување на бојата на сенката и не спречува мрсење на капакот и размачкување/избледување на сенката како прајмерот.
Мицеларна вода Дневен крем за лице Пудра за преку ден-лесна Римел Руменило Карминче-тоа е за наутро Ручек-гел за миење лице Вечера-мицеларна вода Ноќен крем за лице Колку сум јас само едноставна
Ако немаш некоја широка палета на шминки јас би се задржала на фина течна пудра и коректор, пудра во прав за фиксирање, бронзер, руменило, маскара, некоја сенка и кармин. Ако несакаш да се замараш со сенки можеш да ставиш трепки и туш со црвен кармин ...мх преубаво. Прајмери сум пробала повеќе но не гледам некој ефект...сосема е доволно чисто лице и хидратантна крема што веќе ја користиш. Прајмер за очи исто не е неопходно, коректорот врши иста работа. Спрејови фиксатори итн само ако си мн напудрена па да се освежи лицето.. и тоа ништо неопходно. Пудрата во прав има клучна улога за фиксирање и прикривање пори, (само пази кога ја вираш да не е некоја со лош флешбек) јас ја користам со оние округли плишани апликатори, ја тапкам на т зона и со она што останува нежно натапкувам на лицето и на капаците, вишокот го расчеткувм со мека четка, имам мн мрсна кожа ако ти е сува стави минимално или ич.Од четки основно е една четка за бронзер (таа погоре на аура е фина некои 200 ден е) и една две четки за сенка ( аура и ебелин имаат фини околу 150 ден се). Немој да се трошиш мн одеднаш види пробај па ако ти е мерак терај. И едно моливче за веѓите да ги пополниш не е на одмет. Ништо не е морално ама па мн е забавно и ништо чудно да се навлечеш хаха. Have fun