Нема да ми држи само со пудра во прав. Ми треба за на свадба, и морам да ставам фиксатор. До сега, од тоа што немам, само 2-3 четки останаа, фиксаторот и прајмер за очи се мислам да пробам. Друго веќе имам. Едит... можи и некоја сенка да приземам
Користам: Течна пудра Бекутан бебешка крема Моливчиња за очи и усни Маскара понекогаш и тоа е тоа а имам све и свашта. Шминка користам многу многу ретко...
Пробај фиксатор ако сакаш мене лично не ми врши работа ама индивидуално е. За сенки не си троши пари со дрогерискиве освен за некои седефасти, мат сенкитe нечинат. Земи на inglot мат сенки сега имаат 50% попуст. Единечна беше 400 значи сега се по 200... феноменални се. Или некоја од палетине во тоа александар козметик на make up revolution.
Доста многу сакам шминка иако не ја користам многу често . А исто така ми е жал што не знам да се шминкам со сенки иако пробувам да научам Најчесто користам : пудра , коректор , моливче за веѓи , бронзер , маскара , молив за уста , и течен мат кармин .
Од фиксатори јас овие ги имам: - Too faced e од sephora и ок е - Catrice e фин освежувачки хидратантен може и како прајмер да го к ористиш од dm e 270 ден е мислам - Nyx може да го има во александар козметик јас од грчка го земав мислам 8 евра. Овој се води баш како фиксатор другиов на catrice e повеќе за освежување - Aura овој ич не го сакам како лак за коса е ама ако тоа бараш... нез само дали уште го има Но, како год да се водат дали за освежување или баш за фиксирање мене ист ефект ми имаат како некоја хидратирачка вода хаха. Освен оној на aura тој е апла лак за коса мене лично не ми се свиѓа ама сепак индивидуално е. Едит: незнам слика да ставам ко што треба хаха
Јас од шминки користам: течна пудра-ја редам со сунѓерче, камена-поретко, моливче за веѓи, коректор,сенки за очи- четки имам комплет од 5 четки , од потесна до поширока , туш-редам за на забави или други свечености, римел, пред да ставам римел ги должам трепките со алатка, бронзер не редам, руменило-понекогаш, кармини - бојата темна виолетова,темна црвена или светли нијанси на розево и хајлатер - понекогаш и го редам со поширока четка. Тоа е моето шминкање за вечерно излегување, а за преку ден најобична шминка редам, само пудра во тенок слој , римел, молив за веѓи и сјај за усни.
Од дневна шминка користам: Секако најпрво крема за лице, ББ крема, моливче за веѓи, маскара, и некој нежен кармин (понекогаш малку хајлајтер, зависи од расположение). За посебни прилики: Крема за лице како подлога, течна пудра, коректор на очите како подлога, исто така на подочниците. Потоа сенки за очи, понекогаш туш, маскара, бело моливче на долната линија од окото. Моливче за веѓи, бронзер, малку руменило и малку хајлајтер и кармин. На крај ставам фиксатор доколку шминката треба да ми стои малку подолго. Пудрата ја нанесувам со прсти, некогаш знам да ја истапкам со сунѓерче. Сенките само со четка за блендање. Руменилото и бронзерот со истата четка само внимавам колку ќе ставам количински. Хајлајтерот со прсти го тапкам само. И тоа е тоа.
Ништо, останува до свадбата да гледаш видеа со туторијали на youtube (некои поедноставни), неколку пати да повежбаш, па го чекаме крајниот исход . Иако, да бидам искрена, јас така кога гледав видеа ништо од прикжаното не ми успеа, ама баш ништо . Еднаш сакав трепки да си залепам сама, три дена се врткав лево-десно, за на крај на веѓите да си ги залепам . Од тогаш видеа и туторијали не пратам, си се шминкам како знам и умеам и задоволна сум. Ама рачунај јас ич не сум по креативноста, да не ти бидам демотивација . П.С за сенки, убави се овие од Make up revolution, јас барем сум задоволна од нивните палети. Пигментирани и лесно се блендаат, а изборот е огромен.
Не, далеку од тоа дека не сум се шминкала, него поим немам од новитетиве и у последно време се некако срамежлива шминка, планирам малце похрабра
Пудра Коректор Моливче/Сет за веѓи Тоа за вртење трепки Маскара Хајлајтер Моливче/Течен кармин Тоа е за кежуал излегување. Ако ми прдне додавам и сенка. Со контури воопшто не се замарам.
Во фиока имам едно 500 моливчиња, кармини, сенки, сјаеви, маскари, четки, пудри, што ти не работи. Од сите тие знам само 5% да искористам. Сенка никогаш не научив да ставам ко што треба, повеќе изгледам ко претепана со сенка на очи, па затоа и ретко ставам. Пред една година случајно дознав дека постои ЦЦ пудра, значи толку ми се погоди на лицево, од ДМ си ја купувам. Кога ќе покријам црнки, бубулици и подочњаци со пудрава, знам дека сум заличила на човек. Претходно ставав некоја си темна пудра од Авон и изгледав ко аргета да имам на лицево лупнато. Без туш на очи, средени веѓи со восок и моливче, ЦЦ пудра, коректор, маскара, моливче на усни и хајлајтед не излегувам од дома. Повеќе од ова мислам дека немам потреба. Ипак повеќе сум за поприроден изглед и минимална шминка. И да нагласам дека имам другарка што е апла луда по шминки, па имав среќа да учам од некој.
Јас секогаш пред да почнам да се шминкам навика ми е да го измијам лицето со гел за чистење/миење лице и вода.Потоа, ставам "прајмер". Како прајмер користам крем од чајно дрво и тоа во многу мали количини. Го ставам колку за подлога, убаво ги исполнува празнините (порите) на кожата и со тоа самата течна пудра убаво налегнува и лесно се размачкува. Понатаму, текот и изборот на шминка зависи од пригодата. Ако е за лесна, дневна варијанта ставам: прајмер, течна пудра, коректор, кафеава кремаста контура, пудра во прав, маскара, креон, моливче за уста, цртам веѓи и тоа е тоа. Ако се работи за нешто по свечено, тогаш обрнувам повеќе внимание на очите (погламурозна сенка, трепки (иако ретко ставам трепки), нагласен хајлајтер, нагласена контура, добар кармин). И еве како ТРИК нека ви послужи: 1. Користам течна пудра најсветла нијанса - во замена за коректор. Со сунгерче, т.е."бјути блендер" ставам под очите и онаму каде што вообичаено и се става коректорот. (Заштедувам на пари, бидејќи многу бавно се троши, а и функционира доста добро.) 2. Наместо пудра во прав (бејкинг паудер) - користам бела бебешка пудра во прав од Бекутан или Косили, иако сметам дека Бекутан е подобра за оваа намена отколку Косили, бидејќи Бекутан се покажа како попокривна.Функционира и ова доста добро. Охрабрете се да испробувате и да го износите нештото ако вас ви се допаѓа, и ич да не му ја мислите кој што ќе речи Поздравв
@Elena-123 , супер што се сети да спомнеш за ова со пудрата. Но, за другите што читаат: пазете каква бебешка пудра користите, гледајте да нема талк и други штетни состојки внатре. Косили имам и јас и би можела да речам дека е добра. Оставете малце да отстои над коректорот, навлажнете го сунѓерчето уште еднаш или напрскајте се со фиксатор за да ,,легне" убаво и да не делува суво па отстранете го вишокот. Јас се залажав со еден фиксатор од Балеа, но бидејќи не фиксира, го користам откако ќе нанесам бебешка пудра, за да не се пресуши лицето. Прскам и тапкам со сунѓерчето. Друго, најпогодно е ова за светол тен, јас користам најчесто на местата каде што ставам коректор и осветлува, но гледам да не шлакам премногу бидејќи кожата не ми е баш мрсна. Значи, за тие со аристократски тен- поевтина и можеби и поздрава варијанта за фиксирање на коректорот и спречување да се насобере во тенките линии под и околу очи.
Ставам крема за лице после 5 мин ставам подлога за сенка на очи, сенки, туш, течна пудра ја нанесувам со четка, потоа контура минимално, бронзер или руж, римел, моливче за усни, кармин и на крај ставам спреј за подолго траење на шминката (ова е за посвечени пригоди) а за преку ден крема за лице, течна пудра малку сенка во беж боја, туш или моливче, римел, сјај за усни или карминче и толку некогаш и само крема за лице ставам хаха
Имам само прајмер, течна пудра, бронзер, туш, моливче, маскара и сенки за очи, едно моливче за усни и 15 кармини. Секојдневно само пудра и кармин ми бркаат работа, очи не шминкам. А остатоков од мојата мини колекција во ретки случаи, кога треба ептен лепотица да бидам, со очи со све. Споредено со се што постои денес и препарати што не знам како се викаат, гледам колку малку се шминкам.
Не се шминкам ни јас, ако ставам само коректор и толку. А за поважен настан користам најпрво Нивеа крема обична за секојдневна употреба. Потоа нанесувам ББ крема од Фармаси. За очите бела сенка на почетокот од внатрешноста на очниот капак, па сенка во праска боја и завршувам со нешто кафеавко (припази на тоа до каде да ти завршува сенката). Нанесував порано туш ама сфатив дека сум катастрофа во тоа и сега само со тенка четка нанесувам црна сенка над трепките и тоа само кон надворешноста. За трепките, прво ги виткам па нанесувам маскара за која имав проблем бидејќи кога нанесував обично имав црни линии под очите па затоа ставам бебешка пудра под очите и немам проблем. Потоа ставам руж и мат кармин, а ако ми е обичен тогаш со салфетка само втиснувам на усните неколку пати и тоа е тоа.
Ако сум умрена/исфрлена/одам на журка/роденден/прослава: -пудра (обавезно) -коректор (ако ме мрзи пудра да шлапам или сум премногу умрена и ми треба јак backup) -хајлајтер -руж (обавезно) -туш (ако ми стави некој ) -сенка (зависи од поводот) -молив за веѓи (обавезно) -римел (обавезно) -кармин (обавезно и тоа мат ) -моливче под очите -камена (зависи) -трепки (никогаш и немам во план во скоро да ставам) Углавном римел, молив за веѓи и кармин имам секогаш на мене, независно од повод, годишно време и дали е кафе, низ маало или повод некој.Пудра преку лето никако не ставам, другото може. Не користам некои wow скапи шминки и производи.Користам такви кои одговараат на моето лице, мојот тен и на мојата коса Контури чуда имам ставено 5-6 пати сè на сè и тоа за полуматура ми шлапна братучедка ми, и за некои родендени или журки. Четки имам 2 за сенки, една за хајлајтер, една за камена(мада ставам со сунѓерчето) и една за ружот
Се шминкам за на работа ама гледам да е нежно.Не сакам нападна шминка , а и јас не знам баш да ги користам ниту пак како се викаат Прво нанесувам крем за лице.Па после течна пудра што не сум сигурна дали е ама многу ми одговара не ми се познава и не ја менам Ја ненесувам со сунѓерче иако имам четка за пудра што ја користам за руменило нанесување. Секогаш користам руменило розе-црвена боја.На очите имам коректор ама го заборавам најчесто Ставам само на горниот капак креон -самоостречко моливче и римел исто ако не заборавам Ако сум подобро расположена ставам и хајлејтер малку. За веѓи имам моливче за веѓи и го размачкувам со четкичето од моливот. Уста обично течен кармин ставам ама ретко. Сенки ставам ретко на свадба кога одам или некаде вечерно ако шетаме.Гледам да е многу нежно, ретко понападно
Прво бришам лице со мицеларна вода Нанесувам дневна крема со фактор Течна пудра Коректор под очи Транслусцентна пудра за да ја сетирам течната која воедно к матира Бронзер Хајлајтер Маскара Пополнувам веѓи со моливче Молив за исцртување уста и кармин Дет’с ол Секогаш иста шминка, и во 7 наутро за на работа, и за вечерно излегување. Уствари за навечер плус некоја сенка знам да ставам..иако ретко.