Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Продукти за целосна шминка

Дискусија во 'Лице' започната од WildMk, 22 август 2019.

  1. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Обожавам шминки и многу сакам да се шминкам :inlove:.
    Мојот ритуал за шминкање започнува вака: прво саат или два пред да се шминкам си ставам на лицето малце кокосово масло потоа започнувам најпрво со очите ставам подлога за сенка и си ставам сенка и туш потоа ги цртам веѓите со моливче и сенка за веѓи и потоа ставам коректор и пудра со силиконско сунѓерче ми дава многу многу поубав ефект од бјути блендер потоа ставам камена пудра и почнувам со бронзер па руменило и на крај хајлајтер ( секогаш ставам многу хајлајтер :$) на потоа ја цртам прво устата до моливче па ставам кармин :makeup: и на крај се прскам со фиксатор за шминка .
     
    На VoodooGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Многу малку продукти употребувам во споредба со тоа колку постојат. Сакам природен изглед, ама си признавам дека и малце неписмена сум кога станува збор за шминка. И тоа е само и единствено резултат на досадата што ме фаќа после гледање на само 2 минути од видео на Јутјуб. Мислам дека само од гледањето на купот продукти се уморувам. :D

    Да не должам, еве што користам.

    Дневна шминка: Крема за лице, Течна пудра (која едвај си ја погодив да ми одговара на мојов тип на кожа :sweat:), Коректор, Моливче и сенка за веѓи, Маскара, Лабело, Бронзер.

    Вечерна шминка: Истото од погоре и плус Сенки, Ајлајнер и еден „Не знам да се шминкам, but please don't hate me“ израз. :D

    Прајмер не ми поднесува кожата.
    Камена пудра такоѓе.
    Ајлајнер нанесувам одлично. Ете за тоа морам да се пофалам. (poolparty)
    Трепавици вештачки еднаш ми ставија не по моја желба, да се испробале (кај „професионален“ шминкер) и ништо не ми се глеаше пред очи. :drunk:
    Оттогаш сфатив дека не е тоа чудо за мене. :D

    Ах да и за усни или одам на безбојно лабело или на некоја силна црвена/бордо нијанса. Нема средина. :d:
     
    На koritsaki и poenta им се допаѓа ова.
  3. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Во последно време не се шминкам многу, порано повеќе се мацкав :lol:
    Скоро исто се шминкам и за преку ден и за навечер, и тоа ставам:
    -Хидратантна крема
    -Пудрa(пробувам да не ставам летно време бидејки многу ми се исфла лицетo)
    -Коректор(обично само него го ставам на места кај што ми треба)
    -Моливче за веѓи
    -Nude/розеви сенки
    -Римел
    -Бронзер
    -Руменило
    -Кармин исто nude,розев или понекогаш црвен за некое излегување
    -Фиксатор
    ии тоа е тоа:makeup:
     
  4. Maremama

    Maremama Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Летно време многу малку шминка ставам..ставам биодерма за заштита од сонце после само под очите малку коректор и на флеките и малку пудра бронзер на образите,ги поцртувам веѓите со моливче и малку моливче на уста да не бидам бледа..и воопшто не се познава дека сум ставила нешто :)
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Омг, дечки, офтопик ама многу погрешни работи прочитав.

    @Anabelle.Amorette никако пилинг со сода или со шеќер, се прават micro tears. Само хемиски пилинг му е мајката.

    Кој спомна Бекутан или Косили пудра во прав за бејкинг... катастрофален состав. Ве молам, тоа на лице не.

    Нивеа универзалната на лице, не. Бекутан на лице, не.

    Кокосово масло, никако, комедогено е (ги затнува порите) и никако не хидрира длабински, само површно. Ви треба хијалуронска киселина за длабинска хидратација.

    Вазелин на лице, не.

    Ако ви се мрси многу, можеби кожата ви е дехидрирана. Има разлика меѓу сува и дехидрирана кожа, мрсната кожа е често дехидрирана ради продуктите што се користат за регулирање на себум.

    СПФ обавезно, ама обавезно, ако не сакате брчки на 35. Сите брчки се од сонцето.

    Хидрирачки тоник, наутро и навечер, обавезно пред кремата. Миење на лице со средство, во принцип само навечер, за да има време кожата да се стабилизира.

    Ако одите по логика ама ништо не ми е, ќе ви биде за 10, 15, 20 години. Или кога ќе почне тенот да ви биде неизедначен, сув, уморен.

    Со промена на дневната и ноќната рутина и исфрлање на сите маски, пилинзи и мојата навика да се мијам лице опсесивно 2, 3 пати на ден, правилна хидратација и хемиски пилинг речиси добив т.н. mirror face ефект. Афкорс, и со правите продукти.

    Ако се шминкам, ставам лајт прајмер или течна пудра, малку руменило, моливче на веѓи и кармин. Доволно е
     
    На ElProfesore, crimson, LivingGlam и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Не знам дали постои соодветна тема за дискусијава, ама баш би сакала да знам што мислиш под тоа дека си ги исфрлила сите маски и пилинзи? :) Односно, како негативно влијаат на кожата? Јас редовно ги користам, па ме заинтересира.

    Инаку, тотално се согласувам со сите забелешки во твојот пост :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Да скратам оти ме болат очите - накратко, се оштетува горниот, заштитен слој на кожата, кожата дехидрира, губи сјај, еластичност, итн. Можеш да побараш разлика меѓу механички и хемиски пилинзи и ќе видиш зошто не се добри.

    Јас колку повеќе ставав скрабови и пилинзи, толку поголеми пори имав и толку понеизедначен тен.

    Тоа маскичките од Балеа и компанија... ужас. Никаква улога, џабе парите, само го сушат лицето.

    А за составот на продуктиве достапни кај нас да не правам муабет.

    Инаку, се' ова научив од групата на The Ordinary на фб, The Ordinary and Deciem Chat Room, така некако е.

    Препорачувам да се зачлените, многу корисни инфо.

    Едит - сега правам само хемиски пилинг со гликолна киселина и со БХА АХА киселини
     
    Последна измена: 25 август 2019
    На crimson, Sexybaby86, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ~Allure~

    ~Allure~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    За нега на кожа би ви го препорачала и овој канал на youtube преубаво е објаснето и многу информативно и забавно

    https://www.youtube.com/user/MixedMakeupChannel
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.205
    Пол:
    Женски
    Јас си користам сè. :)
    Си го пронајдов стилот кој ми лежи и си го негувам и надоградувам долго време.

    Пудра, маскара, молив за веѓи, бронзер, руменило и лабело ми се најосновно нешто за секој ден. Спремна сум за околу 5 минути.
    Коректор ретко користам, хајлајтер исто. Ставам само над усните скроз малку, само така ми се допаѓа. Мислам дека не ми стои хајлајтер кога го нанесувам на лице, па нема потреба ни да го користам нешто многу.
    Прајмерот мене ептен ми прави разлика, пудрата поубаво легнува врз прајмер, па користам и прајмер секогаш.

    Навечер додавам туш, сенка и (најчесто) појак кармин. Често кога ми е мерак си ставам туш и за преку ден, па и сенка ако сум расположена. Единствена разлика помеѓу мојата дневна и ноќна шминка е тоа што за преку ден избегнувам впечатливи бои и тоа е тоа. Ништо комплицирано.
     
  10. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Леле, јас сум била заостаната, а мислев дека модерен тип сум.
    Ставам крема, пудра, руменило, сенка, кармин, моливче за очи и маскара. И тоа за свечени излегувања толку се тинтрам. Иначе пудра и маскара и кармин и тоа кармин заборавам често да го ставам. Браво секоја чест за постовите погоре, толку многу препарати, четки, браво само за тоа четките што ги разликувате па после за трудот.
     
    На Dadusicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Amaris

    Amaris Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.025
    За мојата дневна шминка најчесто користам
    - крем за лице со фактор СПФ, крем за очи и прајмер
    - течна пудра (mineral foundation во мојов случај), пудра во прав, коректор
    - сенка за очи, нешто поедноставно светло и еднобојно, ајлајнер или молив за очи кога како, маскара, користам и молив за веѓи
    - бронзер и руменило
    - молив за усни и кармин
    - fix+ кој прави шминката да ми изгледа многу подобро
     
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    1. Прајмер NYX Angel veil
    2. Течна пудра Maybelline Fit me!
    3. Коректор Maybelline Instant anti-age
    4. Пудра во прав NYX Mineral matte
    5. Контура во прав Wet'nWild Megaglo
    6. Руж Maybelline Fit me!
    7. Туш Loreal Gel inteza
    8. Сетинг спреј NYX Matte finish fini mat
    9. Маскара прв слој Maybelline Push up Angel
    10. Маскара втор слој Maybelline Push up Drama
    11. Течен мат кармин

    Прајмер нанесувам со прсти, течна пудра со силиконско перниче oд R.T., и после се поминувам пак со коректорот заедно со бјути блендер на R.T.
    Четки користам од DM.
    Камена пудра ставам со кабуки, за контури на брада, образи и чело со аголната, за контури на носот со онаа за хајлајтер, а за контура на очи и веѓи со четка за сенка.
    Руж со четка за руж. Туш со четка за туш.
    Кармин околу уста корегирам со четка за кармин.

    Според мене, најбоље приступачна основа за мрсна кожа, јес да има уште една две пудри, прајмер и фикстатор шо се боље, али се околу 50 евра.
    Животов ми се смени од коа ги користам.
    Без заебанција.
     
    На Dadusicka, Herrera, Harper и 2 други им се допаѓа ова.
  13. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.739
    Пол:
    Женски
    Се шминкам често, сакам кога ќе видам убаво нашминкани жени и девојки, сакам да сум и јас таква.

    Секојдневно ставам: течна пудра, нјуд кармин, нјуд сенки, ајлајнер, маскара, руменило, бронзер, хајлајтер.

    За шминка за излегување, истото само со појаки бои на шминка.

    Повеќе се шминкам за секој ден, ова за излегување ептен ретко, затоа палети со интензивни бои ми стојат со години како нови. :D