Иако секој продукт си има рок на траење (кој треба да се испочитува ) сепак секој од нас има макар еден производ што му трае...со години... (или можеби it's just me) и едноставно тешко ви е да се збогувате со тој производ.... За жал денес ќе мора да се збогувам со моето омилено течно руменило бидејќи рокот одамна му е поминат, мислам дека го имам повеќе од 3 години, можеби 4? Сериозно најомилен продукт ми е од целата моја козметика и баш е тоа што ми треба...се нанесува една капка (дури помала од зрно...микро капка), си трае цел ден, бојата делува природно...нешто најомилено а ми траеше предолго И втор на лисата е туш гелот на L'oreal, преубава и четката и формулава само количински за мене лично многу... И не успеав да го истрошам...Дали до пола стигнав и после неколку години го фрлив а го имав мнг мнг долго време и формулата си беше во одлична состојба но после нормално толку долго време...стана апла за фрлање пс: ако има веќе ваква тема, извинете, префлете го постов слободно ппс: секогаш почитувајте го рокот на траење
Имам. Парфем Angel ou demon, го имам и тоа мноооогу години и уште ми стои. Ме потсети темава дека треба да го потрошам. Не можам да пишам колку време го имам, рекорд е, никој толку време не дочувал парфем. Го користев и одеднаш престанав, не знам зошто. И си остана, уште малку има. Имам и еден молив за очи од Golden rose што го користев долго време и не е дотрошен ама е стар неколку години, па си купив друг. Имам мини кармини односно мостри од Авон што така си стојат, не ги користам, ги користам новите. Други производи на кои им поминал рокот ги фрлив, некои скоро нови. Затоа сега не се залетувам да правам залихи непотребно.