1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Продукти кои ги имате со години....

Дискусија во 'Тело' започната од KittyAgnes, 1 март 2021.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Иако секој продукт си има рок на траење (кој треба да се испочитува :D) сепак секој од нас има макар еден производ што му трае...со години... (или можеби it's just me:sweat:) и едноставно тешко ви е да се збогувате со тој производ....

    За жал денес ќе мора да се збогувам со моето омилено течно руменило бидејќи рокот одамна му е поминат, мислам дека го имам повеќе од 3 години, можеби 4? Сериозно најомилен продукт ми е од целата моја козметика и баш е тоа што ми треба...се нанесува една капка (дури помала од зрно...микро капка), си трае цел ден, бојата делува природно...нешто најомилено а ми траеше предолго :l:
    upload_2021-3-1_12-17-40.png

    И втор на лисата е туш гелот на L'oreal, преубава и четката и формулава само количински за мене лично многу... И не успеав да го истрошам...Дали до пола стигнав и после неколку години го фрлив а го имав мнг мнг долго време и формулата си беше во одлична состојба но после нормално толку долго време...стана апла за фрлање :D
    upload_2021-3-1_12-19-14.png

    пс: ако има веќе ваква тема, извинете, префлете го постов слободно:inlove:
    ппс: секогаш почитувајте го рокот на траење :lol: