Мислев дека темава треба да ја сместам во Музика ако грешам и ако има ваква тема тогаш канта. Сакав да прашам дали знаете колку продукциски куќи имаме и кои навистина се квалитетни што донеле врвни музичари кај нас?Пред се треба да се покани музичарот од продуценска куќа за да ја посети земјата,мислам дека е така или пак продуценската куќа да го донесе. Единствено што памтам дека кај нас дојдоа Дејвид Гета 2х, Тиесто и Фифти сент и на други не се сеќавам ама да потенцирам зборам за музичариве од Америка,Франција....а да не знаете можеби која продукција ги донесе или покани Дејвид,Тиесто и Фифти сент? За Србиве и Хрвативе знам дека ни се почести гости ама за жал не ги слушам. Како продуценски куќи знам дека Аволон и Томато се нешто појаки имаше мислам дека уште една Македонија или слично нешто после Јованов рекордс и др не знам.Инаку би сакала да донесат нешто од поголемиве ѕверки кај нас зошто знам дека ќе имаат буџет ние сме си такви КАЈ КУМ НИЕ ДРУМ на пр:Бијонсе,Бритни,Мадона,Гага,Адел,Џаеси Џеј,Бруно Марс,Лил Вејн,Сен Паул,Енрике Иглесиас,Џастин ииии уше мн други. Епа сеа повелете кажете што мислите вие и кого би сакале да видите овде кај нас?
Не сум сигурна дали насловот ти е во контекст со прашањето кое го постави. Ама нема везе, ќе си одговорам. Би сакала да ја видам Џеси Џеј во Македонија, како и Биберчето, Џастин Тимберлејк, Бијонсе, Адел, Уан Дирекшн и Д Вантед. Бесконечна листа, али би заокружила на овие.
Сега Џеси Џеј ќе оди во Белград на големиот спектакл Belgrаde Calling. А кај нас нешто ќе има вакво ќе дојде некогаш не бидејќи никој нема да ја покани ете тоа се нашите продукциски куќи
Алиша Кис, ГАГА ! Бијонсе , Енрике, МИКА , Бруно Марс, Оли Марс....предолг ми е списоков.... My Chemical Romance, Hurts, Kings of Leon....