Проект Писта (Project Runway)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од LivingGlam, 20 мај 2011.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    50.538
    Пол:
    Женски
    Како бе немаме тема за Project Runway?
    Прво да ве замолам да не ги отварате спојлерите доколку не сте следеле некоја сезона, а планирате да ја следите, зашто тотално ќе си го уништите впечатокот (шејм он ми за осмата сезона).
    [​IMG]

    Американско реално шоу за моден дизајн во кое учесниците се натпреваруваат за награда од 100 000 $ кои ќе им помогнат да почнат своја линија.
    Досега се излезени 8 сезони. Последната сезона беше со епизоди од 1 час наместо 40 минути, и беа вметнати интимни делови од дружењето на дизајнерите, разговори и оговарања, со што ми се уништи шоуто. Од едно шоу со многу убава цел ми стана обично реално шоу што бара и создава скандали. Далеку подобро беше кога се емитуваше на Браво ТВ.

    Домаќин - Хајди Клум. Ја обожавам женава, Проект Писта не би било тоа без неа. Смешна, понекогаш дрска, понекогаш фина, искричава и енергична личност - ма многу е телевизична.

    Ментор - Тим Ган. Човеков е неверојатен. Културен, фин, ги гледа дизајнерите како свои дечиња. Имаше проблеми во последната сезона поради неговата искреност. После секоја епизода пушташе видео на ЈуТјуб во кое без влакна на јазикот кажуваше што се случувало зад кулисите, и ги нарече тројцата судии "The crack smokers" :lol: . Не се согласуваше со нивните решенија и јавно го кажуваше тоа. Меѓутоа, после неколку епизоди престана да ги пушта тие видеа, многу јасно - затоа што во неколку наврати ги навреди продуцентите, и кажа дека тие намерно го пуштале на погрешни локации, и сакале на некој начин да се решат од него. Ама ако го нема Тим Ган не верувам дека некој ќе го гледа шоуто.

    Судии - Хајди Клум, Нина Гарсија и Мајкл Корс. За Хајди кажав што мислам, ама овие двајца во осмата сезона ми станаа одвратни. А, и се изненадив кога видов дека биле во врска. :^)

    ______________________________________________________________
    Првите сезони беа вистински бум, шоуто стана мегапопуларно низ целиот свет, а дизајнерите направија добри кариери.
    Втората сезона беше супер, а кој може да го заборави Сантино? Или го сакаш или го мразиш. Или фамозното "What happened to Andre?", или "Where's Andre?" :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=FzUH6wjU46A

    Според мене најдобра сезона без конкуренција беше четвртата. Дефинитивно имаше најголеми таленти и изборот беше најтежок, а учесниците беа многу забавни. Од оваа сезона се двајца од моите омилени дизајнери - Christian Siriano (http://www.christianvsiriano.com/) и Rami Kashou (http://www.christianvsiriano.com/).
    Овде навистина не знаев за кого да навивам, но сепак некако повеќе ме привлекуваше Рами со неговите романтични модели и женствени линии. Сепак, Кристијан е едно дете-продиџи, најмладиот победник во Проект Писта, и мислам дека ја заслужи победата. Толку млад, а со свој изграден печат и стил. Колекцијата есен-зима 2011 е... просто да се заљубиш. Сепак Рами останува меѓу моите омилени, и едвај го чекам проектот All Stars, во кој се надевам ќе учествува.
    Не смеам да го заборавам и Chris March - многу позитивен и смешен лик, се смеев до солзи со него.

    Петтата сезона беше многу слаба. После одличната четврта, оваа беше бледа, невпечатлива. Не ги ни помнам повеќето дизајнери :yawn: .
    Сепак - откако заврши сезоната следеше едно изненадување - All Stars Challenge, со најголемите ѕвезди од дотогашните сезони. Учествуваше дури и еден победник кој веќе доби сто илјади, но за чудо - многу слабо се покажа.

    Шестата сезона беше полна со изненадувања. Од Њу Јорк Проект Писта се пресели во Лос Анџелес, со нови спонзори, на нова телевизија (првите пет сезони беа на Bravo TV, од шестата се емитува на Lifetime Television.) Нина Гарсија која сите ја знаевме како уредник на Elle, сега е на Mary Claire, а со тоа се сменаа и спонзорите на шоуто. Сезоната почна свежо и бомбастично, но како што одеше понатака ми стана здодевна.
    Победникот Ирина Шабајева беше дефинитивно најдобра во текот на целата сезона, но некако не ми остана многу во сеќавање. Немаше дизајнери кои си играа со креациите, ова беше сезона на... поедноставни модели. Сепак крајното шоу на Ирина беше одлично.

    Седмата сезона имаше одлични дизајнери.
    Единствено не се согласував за третиот финалист, ја одбраа Мила со нејзините млаки и веќе видени креации, а Џеј Николас Сарио беше одличен и дааалеку подобар. И него чекам да го видам во наредната All Star сезона.
    Во оваа сезона за прв пат почнаа да се чувствуваат поголеми несогласувања меѓу судиите, и Мајкл и Нина ми станаа малку одбивни, посебно со решението за третиот финалист.
    Сепак, се согласувам 100% со победникот на сезоната -Сет Арон. Цела сезона беше константно добар, а ревијата на Fashion Week му беше прекрасна - ревија која останува да се помни долго време.
    Седмата сезона имаше една голема ѕвезда - Ентони Вилијамс. УУф го обожавам човекот, толку наивен и искрен хумор, личност која едноставно не можеш да не ја сакаш. Зборуваше 24 часа :D И за него ќе навивам во All Stars.

    Осма сезона. Многу контроверзна. Заврши пред неколку месеци, а се’ уште се зборува за сканддалот во финалето.
    Гречен победи :o
    Неверојатно, со нејзините млаки бапски дизајни што се наоѓаат во секоја втора продавница :x
    Мондо од друга страна навистина, ама навистина ја заслужуваше победата.
    Овде ќе го цитирам Тим Ган - "Мондо ќе успее и без победата, а на Гречен и’ требаат парите". Ако не победеше, Гречен сигурно немаше да биде успешен дизајнер, а Мондо е мегапопуларен.
    Мондо ме расплака неколку пати во текот на сезоната. Прво со неговата детски наивна реакција кога победи во 9 епизода за наградата од 20000 долари. Не можам да ви ја опишам, а ако сте го отвориле спојлеров веројатно знаете за што зборувам (претпоставувам дека сте гледале).
    Во 10тата епизода од 8 сезона не можев да се соземам од плачење :$
    Ако решите да гледате само една епизода од шоуто - ова е вистинската.
    Мондо тогаш ме придоби и мене, а и милиони други обожаватели низ светот.

    Така, сега останува да го чекаме All Stars проектото, со најголемите ѕвезди од сите досегашни сезони. Мислам дека ќе биде во септември, и се’ уште не се познати учесниците.
    Ако Мондо не учествува - не гледам. И Рами, сакам и тој да учествува (DRAPE THE WORLD, RAMI KASHOU!!! :rock: )
    Имам само еден проблем - навистина не знам за кого ќе навивам тогаш :sweat: .
    Инаку, нема да биде само една епизода како претходниот Аll Star, туку ќе е една мини сезона со 8 епизоди.


    Епа, го следите шоуто или џабе си пишував? Омилени дизајнери, омилени креации? Што мислите за Хајди, Тим, судиите... ?
     
    На moneni, antonina, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  2. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    197
    И јас од дамна го гледав ова и многу го сакав...а сега кај гледаш?
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    50.538
    Пол:
    Женски
    Сега гледам онлајн, на оваа страна
    http://www.sidereel.com/Project_Runway

    Порано го даваа на Канал 5, но само три сезони колку што знам, потоа го прекинаа.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Ауу, мене многу ми беше интересна, редовно гледав на канал 5, сега и не ги памтам баш сите, убаво да се присетам на некои конкуренти кои многу ми се допаѓаа... Браво за темава. :clap:
    И фала за постирање на видеото-Where's Andre? What happened to Andre?! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  5. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    Го следев и јас ова шоу,и навистина беше интересно.Штета што не ги даваат другите сезони
     
  6. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.022
    Не пропуштав кога ги даваа трите сезони на канал 5. Прва се цртав пред телевизорот :D сакам паааааак
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Eeeeeeeј сум го заборавила шоуво.
    Ептен беше добро. Многу убави задачи им даваа на идните дизајнери.
    Ги гледав само тие на канал 5. Да има пак би гледала нормално :wasntme:
     
  8. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    760
    И јас го гледав на Канал 5, и кога го прекинаа мислев дека нема веќе други сезони... тие уште 4-5 направиле :o
    Како и да е, повеќето дизајнери ги памтам на лик, не по име. Се сеќавам на Сантино, не по добро, туку по тоа што толку мнооогу ме нервираше. Креациите му беа врв, прекрасни(иако знаеше да се избаци со нешто вонземјанско), ама толку ми беше одвратен, дебилен, арогантен, дрзок... ај да не редам.
    А омилена ми беше дефинитивно Клои. Девојката зрачеше со шарм бре, да ти е мило да ја гледаш, а за креациите да не збориме. Немаше грешка, и многу ми е мило што победи!
    Ете на тие најмногу се сеќавам :D
    И секако на "What happend to Andre?", тоа не се заборава :D
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    50.538
    Пол:
    Женски
    Мене па Сантино ми беше многу интересен. Абе такви се талентираните луѓе, мора да се малку или многу чудни. Во секоја сезона има барем по еден иритирачки лик, а да не се таквите нема да е интересно.
    Многу ми беше интересен Сантино кога го имитираше Мајкл Корс :D
    Чекај да побарам такво видео.
    Еве го :lol: http://www.youtube.com/watch?v=xSGThVETzEw&NR=1

    А овој момент леле леле :x . Стварно е заминат човеков.
    http://www.youtube.com/watch?v=Vgb5RJJ8 ... re=related

    Инаку, се сеќавате на Остин Скарлет (тој пластичниот)? [​IMG]
    Сега имаат шоу заедно со Сантино на Лајфтајм - On the Road with Austin & Santino, да го најдам па ќе го гледам.
    Тим Ган исто така имаше свое шоу на Браво, со две сезони што планирам да ги гледам.

    А ова ми беше еден од најдобрите моменти во 4та сезона. (нема страшен спојлер, може да го гледате).
    http://www.youtube.com/watch?v=QYEsuzRL ... re=related
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    760
    Па да, точно е дека талентираните си се малку леви, ама не би ми сметало да не се занесуваше толку. И имитирањето му е особено јака страна :D
    Леле како можев да го заборавам ова гејчево? Многу ми беше сладок, како женче некое. Ама опасен таленат е :!:
    А двајцата во комбинација... не можам ни да замислам. Како ли се поднесувале додека снимале? Чудно како Сантино не го изел :^)

    И да, знае ли некој која е тракава што оди на почеток на клипчето за Мајкл Корс?
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    50.538
    Пол:
    Женски
    Па веројатно нивна си е музиката, на Project Runway :?:

    Едит: гледам сега клипчиња со Сантино и дефинитивно ќе ја повторам втората сезона, закон е :D
    http://www.youtube.com/watch?v=7yCv-V6t ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=Yjfas64y ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=crQ5H3up ... re=related
    :D


    И легендарното: http://www.youtube.com/watch?v=mBiHT5wg ... re=related
    Are this space pants? 'cause my ass is out of this world :rofl:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Моментално ја гледам 8-мата сезона, ми се случи да изгледам три сезони наеднаш и некако претерано ми се виде, па направив пауза. :lol:
    Многу добри дизајнери продефилираа, инаку сум забележала дека во секоја сезона задолжително има неколку геј дизајнерчиња (Doh!), и една теткица која ги нервира сите.
    Во првата сезона најмногу ми се истакна Austin Scarlett, понатаму низ сезоните ми се допаднаа Uli Herzner, Rami Kashou и Seth Aaron Henderson.

    Најслаба ми беше 6 - тата сезона, кога победи Ирина Шабајева мислам, можеби парчињата и' беа убави, но немаше харизма, и воопшто сите ликови беа никакви.

    Некои, како Мила и Лора Бенет им дадоа премногу шанса, а не покажаа ништо особено.
    Еден од подобрите дизајнери беше и Емилио Соса, ама исто како и Ирина - шарм нула.

    Кристијан Сиријано - срце. :)

    Од судиите никој не ме нервира посебно, секој му дава посебен печат на шоуто.
    Можеби најомилен ми е Мајкл Корс, гласчето на Хајди Клум некогаш ме вади од такт. :D

    Се' на се', интересно, забавно, никогаш не може да се предвиди што ќе им се допадне, а што не, а кога ги суредуваат моделите, фризура + шминка = ммм, празник за очи.
     
    На zhap4e и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    50.538
    Пол:
    Женски
    Абе го обожавам гласчето на Клум :wasntme:

    Тим Ган има едно видео кај што кажува колку уствари бил арогантен Емилио Соса, а не беше до тој степен прикажано во монтажата.

    Трендафилке откако ќе ја гледаш осмата сезона кажи ми што мислиш за тој портокаловиот и Нина. :)

    За Мила се слагам, не требаше да биде
    трет финалист, Џеј многу повеќе заслужуваше. Тим Ган во едно видео кажа дека и тој имал свое шоу на Модната недела, се’ уште не биле објавени резултатите од финалето и најголем дел од публиката помислиле дека тој е победникот.

    Ги помина деветтата и десеттата епизода или не си стигнала до таму?
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Не, се' уште сум на третата епизода. :$
    Ќе пишам впечатоци штом ќе ја завршам. ;)
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Како можев да го заборавам ова грдо човече?
    Santino Rice :clap:
    [​IMG]



    Аплаузот секако не е за неговата убавина, туку за прекрасните парчиња кои ги изработи. :clap:
    Малку арогантен и самоуверен, :!: но со причина.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На soncicko, Bozica1980 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    50.538
    Пол:
    Женски
    Најсмешна епизода - предизвикот за машка облека :rofl:
    Леле солзи, солзи ми течеа од смеење :rofl:

    http://www.dailymotion.com/video/x3mbu5 ... shortfilms

    Посебно кога се појави силуетата на Sweet P, не знам како се повратив :D
    Уште не ми е јасно како го преживеа тој предизвик и ја пуштија понатаму. [​IMG]
    И веднаш после неа пантолоните на Стивен :D
    И костумчето на Рики може да влезе во конкуренција :D
     
  17. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.340
    леле леле леле преубава тема :) :inlove:
    И јас сите сезони ги имам изгледано, се согласувам дека 4та беше најквалитетна. Од 8ма сезона (дека ми е најпресно гледана) најсрце, најталентиран Мондо Гуера, ненормален талент, што се случи да не победи не знам, и оценувачиве се доведоа до прашање, за тоа колку се комптетентни да оценат талент, јас бев шоирана. А Гречен од почеток не можев да ја поднесам со нејзиното лигавење, иако немаше утка во креација но се беше веќе видено.
    Многу ми се допадна Мајкл Костело, исто од оваа сезона, ептен во око ми падна, скоро се негово јас би носела.
    Мене најсмешна епизода од сите сезони ми беше кога креираа за Drag Queens, леле како беа убави :D се изнасмеав слатко, посебно на почетокот кога се појави Крис од 4та сезона (така мислам дека се викаше) со тоа рогчињата.
    Хајди ми е ко Џив Џив кога зборува слатка е, ептен.
    Исто почит за Сантино, на него најмногу се сеќавам од првите сезони :bow:
    Е така, алал да ти е Ливиг за темава,

    auf Wiedersehen mwa mwa (2 пати).
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    50.538
    Пол:
    Женски
    Фиарлес во врска со осмата сезона
    Тим Ган кажа дека Мајкл Корс лобирал за Гречен. Нина цело време пред тоа ја фалела колекцијата на Мондо, но Корс и’ рекол дека кога-тогаш мора на ПР да победи некоја sportswear колекција (а знаеме дека Мајкл направи кариера со sportswear, па тоа е еден вид афирмација на она што тој го прави). Нина го фалела Мондо, но тој и’ рекол - па ти го критикуваше Мондо за неговите аксесорис, а тој воопшто не те послуша и си продолжи по свое... Па Нина чудотворно го сменила мислењето. Секако, овие делови се исечени во монтажата, но затоа е тука Тим Ган :!:
    Хајди го викнала Тим да и’ помогне со одлуката за победникот, да ги убеди дека Мондо повеќе ја заслужува победата, но неуспешно... Пак ќе го цитирам, за ова е навистина во право - "Mondo will do fabulously anyway, and Gretchen really needs the money." Ауч :lol:
    Инаку, Мајкл и Нина преку ноќ станаа најомразените телевизиски личности во Америка и пошироко - апсолутно никој не се согласуваше со решението. Погледни го Тимчо наш колку е искрен.
    http://www.youtube.com/watch?v=yaSPipl8 ... r_embedded
    Она што ме изнервира беа аргументите на судиите - на Мондо креациите биле премногу авангардни... Па цела сезона го фалеа токму поради тоа, а на Гречен и’ префлрлаа дека не е доволно храбра, на крајот го казнија Мондо за она за кое го фалеа и бодреа, а ја наградија Гречен за она за кое и’ забележуваа :talk: :fubar:

    И не се работи само за финалето. Цела сезона излегуваа погрешните луѓе. Ти текнува на оваа "креација" на Ајви?
    [​IMG]
    Не ми се веруваше дека таа кучка остана со таква креација, а испадна Казанова (срцлест ми беше ептен) со сосем солиден модел. Еве го неговиот
    [​IMG]

    Едит, еве точно зборовите на Тим:
    “Oh, boy. I’m going to get in trouble for this. Michael [Kors] was campaigning for Gretchen. He said, ‘We need a sportswear designer to win one of these seasons.’ “I thought, ‘Well, Mr. Kors, you just want to validate yourself. But do you want to validate yourself with Gretchen?’ I wouldn’t. Nina [Garcia] was very much in favor of Mondo, and then Michael nudges her and he says, ‘You know, Gretchen listened to every word of advice that you gave her. Mondo didn’t listen to you at all.’ So suddenly, Nina is, like ‘That’s right! He didn’t! I’m going with Gretchen.’ So that’s how it all happened.”
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.340
    Ми текнува на Креацијава од Ајви како не, јас поубаво ке го исечев, и тоа ме разочара. Си викам или јас немам вкус, или нешто овдека е страшно грешно. Креацијата на Казанова беше супер, и нослива, а не како нејзината партали.
    А за коментарите и јас страшно се разочарав, и ова што го видов сега, знам дека најмизерни испаднаа со одлуката, но до олку дека била работа со оваа Нина... ц ц ц.
    Страшна работа, не знам дали да гледам 9та сезона кога ке дојде, или ако е излезена. Многу разочарувачки.
    За тим секоја чест, но сепак мислам дека ни таа реченица не е толку утешителна, Мондо си заслжи и тоа како, и на секој му требаат пари за понатамошен успех, да му олеснат.
    Да се гледа или не наредна сезона прашање е сега :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    17.192
    Пол:
    Женски
    Колку ја обожавав серијава, ја гледав некаде до 3-та сезона и престанав, и викендов кога ја видов темава добив некоја желба повторно да ја гледам, и ете стигнав до 2ра сезона по втор пат и планирам да ги изгледам сите :D
    Има убави креации, некој добри креатори, некој и не до толку добри, но во секој случај интересно е да се погледне :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.