Мене ни една колекција не ми се свиѓаше нешто претерано. На Шар ми беше најлоша, ми немаше некаква поврзаност. Тој првиот, тиркизниот фустан ми беше одвратен. Шон се со тие ресите, портокаловиот фустан беше ептен сличен на синиот, Хајди што го носеше. Кини исто разочара, се изгуби некако, дали дека толку се очекуваше од него... На Аманда не беше лоша, ама не беше нешто посебно. Така што се исто ми беше кој ќе победи. http://tomandlorenzo.com/2014/09/projec ... dhya-sean/ А што е со линков, зошто и Корина и Сандија имаат колекции?
^ и мене тоа ме буни.Гледам има колекции и од Fade zu Grau, Alexander... http://tomandlorenzo.com/2014/09/projec ... anda-char/ http://tomandlorenzo.com/2014/09/fade-z ... ollection/ Инаку уште ја немам гледано последнава епизода, али за жал на фејсбук ја имам лајкнато Project Runway страницата и ми се појави на news feed кој е победникот.Како генерално гледање на целата сезона што направи задоволна сум
Секогаш има над 5 колекции на Fashion Week затоа што се одржува пред да се емитува финалната епизода, а настанот е отворен за публика. Па за да не се знае кои се трите финалисти е вака. И мене никој посебно не ми се допадна. На Шар не и’ беше местото таму. Од сите колекции Шон дефинитивно беше најдобар, иако беше досадно секој модел со реси. Последниот фустан ми беше прекрасен. Инаку, има и Project Runway со деца, пред некој ден видов на сајтот. Не сум го гледала, ако некој го гледа нека каже дали е интересно. Сега ќе ги чекам Џеј Николас Сарио и Дмитри во All Stars.
Гледате All Stars? Овие судииве врска немаат, не ми се верува дека Кејт ја пофалија минатиот пак. Како и да е, овие што не ги сакам баш полека испаѓаат. На Димитри му прогледаа низ прсти, ама вреди за талентот
Јас не пропуштам. Фино што веднаш по финалето продолжија со All Stars, таман имав набиено кондиција и ќе ми фалеше ако направеа пауза. Накратко за финалето, многу слаби колекции. Според мене, Аманда имаше за нијанса подобра колекција од Шон, ама генерално сите потфрлија. Особено Кини. Што му бидна на човекот, не знам, ама не издржа машки до крај. Инаку, Кејт навистина е исфорсирана. Не знам која е и дали некој од продукција и` држи грб, ама толку величење на нејзините генерички и клише фустани ми доаѓа премногу (во сите три сезони). Од сите дизајнери судии (и во Project Runway и во All Stars), Ајзак ми е најреален, а од сите водителки Милано ми е најантипатична. Многу ми е уфилмана, коментарите и се небаре е некој врвен моден критичар, а интонацијата и смеењето ...бррррр. Ај сега, следен да си оди Gunnar.
^ На нет. И јас не знам што е со Кејт работата, Неподнослива и досадна е веќе. Од толку луѓе морале ли пак неа да ја донесат? И мене не ми се свиѓаат судиите. Она фустанчено на Кејт колку беше мизерно... Димитри направи утка, ама се надевам ќе се поврати.
Крис Марч ми беше многу чуден и депресивен во оваа сезона. Изгледаше разочаран низ епизодите додека беше тука, а кога испадна се скрши. Џеј и Дмитри ми остануваат омилени. Повеќе навивам за Џеј, срцка е А, и Фабио е закон! Туку, што беше со тоа златното фустанче на Сонџи што победи во претпоследната епизода?
Задоволителна сезона на All Stars. Предизвиците беа интересни, со исклучок на тој за девериците, каде сите модели беа ужасни. И колку беше глупо изглумено тоа со венчавката, побезвезе нешто не направиле досега. Во секој случај, Спојлер: заслужен победник Дмитри дефинитивно ја заслужи победата. Сонџи беше океј цела сезона, ама не ме воодушевува тој кичест, типичен црнечки стил. Џеј и Фабио беа супер, иако направија неколку непростливи утки. Мишел долго време ја влечкаа за џабе. Дмитри сака да се претстави како самоуверен, ама тоа му е само маска, човекот не знае како да се поврзе со други луѓе... баш го разбирам. На крајот се опушти и ја покажа таа пријателска страна.
Девојки, знаете ли кога почнува 14-та сезона? На нет единствено најдов информација, дека имало кастинзи уште во јануари и дека почнува крај на јули. Некој знае нешто повеќе?
Епа конечно! http://www.ew.com/article/2015/07/07/project-runway-new-contestants Ај еден експеримент, од прв поглед на сликава. Таа во светкавиот костим со капа ќе испадне меѓу првите. Оваа црната во центарот ќе е the bitch of the season, ќе се држи до крај ама нема да победи. Меѓѕ финалистите ќе бидат девојката со наочари на десниот крај од сликата, дечкото со долга коса (до црната во центарот) и плавата девојка со наочари и карирана кошула. Овој со наочари до полничката девојка од лево исто така ќе испадне меѓу првите. Исто и дечкото во плави шалвари и кожна јакна. Ај сега да видиме.
Почна некој да ја гледа новата сезона? Впечатоци? Јас немам време, па ќе гледам неколку епизоди наеднаш кога ќе се ослободам.
LivingGlam, еве јас почнав со новата сезона и следува релативно негативна критика. Ако мислиш дека тоа би ти влијаело при гледање, препорачувам овде да привршиш со читање. Концептот на шоуто е добро разработена формула и реално тука и нема многу простор за новитети и освежување, па затоа почнувам од изборот на кандидатите. Според мене, никогаш немало толку просечни (да не речам слаби) кандидати. Спојлер: спојлерче Една девојка, не правеше разлика меѓу muslin и muslim, сè додека Тим не ја поправи и не мислам дека беше еднократен лапсус. Друга девојка направи почетничка грешка во изборот на материјал: избра памучен, нерастеглив материјал за костим за капење, па шиеше директно на моделот. Ова само за илустрација за мојот став. Во претходните сезони, после 3 епизоди (без воведните, аудициите) веќе имав омилен кандидат или барем, во најмала рака, еден-двајца силно ми се издвојуваа пред останатите. Оваа сезона сите ми се meh, поточно има двајца-тројца (Ашли, Лори и Суапнил) што малку ми отскокнуваат, но само нијанси ги делат од другите. Дел од нив се ептен технички непотковани, а дел имаат техничка основа, но крајна демоде естетика. Темите т.е задачите што ги добиваат се, како што реков, стара и добро позната шема. Имам критика и за одлуките на судиите. Разбирам дека секогаш бараат нешто ново, свежо и невидено до моментот (иако сè e веќе видено во светот на модата), ама имам впечаток дека точно тоа е причината за неколку, според мене, погрешни одлуки. Најескцентричниот модел, не секогаш е и најдобриот. И Зак, многу ми е симпатичен, ама го сакам Ајзак на местото на Корс. Вака, имам впечаток дека Нина и Хајди го имаат последниот збор, а ниту една од нив е дизајнер. Спојлер: Ново шоу Хајди најави Project Runway Junior. Дефинитивно би го гледала и се надевам ќе ја доживее популарноста на Мастершеф џуниор. Ќе биде забавно. Сепак останувам да ја гледам и сезонава до крај, навика ми е веќе шоуто.
Мислам дека веќе имаше Project Runway Junior. Не го гледав, ама критиките беа негативни. @do-re-mi пиши впечатоци ако го загледаш.
Не знам LivingGlam, Хајди го најави како upcoming show. Побарав и на нет, мислам дека уште се снима и премиерата е најавена за Fall 2015. Како и да е, планирам да го гледам и секако ќе пишам впечатоци. Сега видов дека возраста на учесниците е од 14 до 17. Потенцијална можност за too much teen drama и нема да бидат слатки и мили како децата од Мастершеф, ама барем ќе почнам да го гледам. @WildOnes55 во тек е 14-та сезона. Секој четврток се емитува нова епизода, а веќе во петок има торенти. До сега се емитувани 5 епизоди, вклучително и една вонредна: Designer Home Tours.
Морам да се согласам дека сезонава е подпросечна. Луѓето ми се сите антипатични. Марлин не знам што и е со она смеењето, како недоквакана ми делува. Да, и јас се посмеав на муслимот. Креациите ми се сите веќе видени. Ми се чини ко да не се ни трудат нешто поинвентивно да направат, туку гледаат само да поминат во следниот круг. Спојлер Костимот за капење од последната епизода беше одвратен, среќа си отиде дома Химнештонешто. http://www.imdb.com/title/tt4148494/ На ова да не мислиш?
RainBow мoжеби да е истото и само преименувано во Project Runway Junior. Не сум го гледала ова. Eве овде е најавено како прва сезона: http://www.mylifetime.com/shows/project-runway-junior http://deadline.com/2015/06/lifetim...r-renews-project-runway-all-stars-1201456257/