Џокси да те предупредам дека петтата сезона е ептен досадна. Аууу без Хајди и Тим? За Хајди ќе се помирам некако, ама Project Runway без Тим Ган ми е невозможно да го замислам, па макар било и само за All Star. Ми се допаѓа изборот, битно Мондо и Рами ќе се тука, и Ентони, Остин Скарлет и Мајкл Костело. Забавно ќе е, само Мила и Sweet P ме нервираат. Џокси за Сириано да не слушнам лош збор уште еднаш.
Креации од Christian Siriano. Каков талент едит- Сега го прочитав мислењето на JoxyTheFreak. Втората сезона мора да ја гледаш! Многу е интересна и има прекрасни дизајнери. Сантино е закон!
Не ми дава да редактирам па морам да пишам ново мислење.. Од каде ги наоѓате сите слики од дизајните? На Google е ептен тешко. Има некој сајт?
3 епизода од 9тата сезона http://www.videobb.com/watch_video.php?v=43xq72Y5ngTw Многу мрднатни креации, а девојките одат како прекршени. Не ми се допаѓа.
Девојки како ги гледате епизодите на http://videobb.com? Имате акаунт или? Бидејќи неможам да ги најдам. Првите 3 епизоди од 9та сезона овде на темата ги најдов. А на http://www.mylifetime.com ми вели: THE VIDEO YOU ARE TRYING TO WATCH CANNOT BE VIEWED FROM YOUR CURRENT COUNTRY OR LOCATION. Инаку излезена ли е 4та епизода?
Девојки јас закочив на 6тата сезона. Ја изгледав неа, ама ќе ми треба уште малку одмор за да продолжам другите да ги гледам. Оваа лето јас и сестра ми само Проект писта гледавме. Оваа Аlthea не е лоша.
Само што ја изгледав 6 сезона ја чекам првата од 7 да се наполни. Во спојлер е моето мислење... Спојлер Се беше во ред. И дизајни и задачи. Но,аман бре на жирито треба да му се пуштат епизодиве пред да донесат одлука за победник!!! Шабаева ми е една од најодвратните,најсамобендисаните и најантипатичните кандидати во историјата засега. Абре како ја нападна Алтеа дека е плагијатор а самата нејзина колекција беше лоша копија од онаа на Сиријано,кој и покрај тоа што критикуваше,се гледаше дека во него има човечност и тоа го кажуваше на шега. Да,добар дизајнер е со чиста визија,но однесувањето и беше повеќе од одвратно. Омилен ми беше Страуб на почетокот но незнам после што му стана па почна да прави некои лоши креации. Ми се допадна и Гордана и Карол Хана,која требаше да победи.
Мене оваа новава сезона ми е некако многу слаба, незнам дали дека е на почеток уште, ама до сега никој не ми влегол во око онака да се воодушевам. Не само дизајнер туку и креација, сите победнички ми се онака меех...натинг спешл. Секоја чест на трудот де, не ги потценувам ама ми се чини многу послаба од другите се сезони. Ама ќе видиме, има време Последнава созна со Спојлер долгите нозе ми беше крајно глупа
Последнава епизода беше тапа. Ич не ми беа интересни креациите. Многу ми беше жал кога Спојлер Ања ги загуби парите, мислев дека крај е со нејзината кариера во шоуво, ама успеа да се извлече, алал да и е. Каква креативност, што направи со само 11 долари и на крај пак победи. Девојкава стварно има стил и несекојдневни идеи. Фаворит ми е. А Берт стариот незнам што толку го форсираат, мене ич не ми се допаѓа....може дека одбивен ми е карактерот негов ама незнам. Ајде нека дадат некој предизвик веќе еднаш, нешто интересно (ко на пример еднаш што имаше фустани од ѓубре ) да биде ставрно од ништо - нешто. А не ова предизвик: фустан од 70тите, голема работа. Секој дизајнер го прави тоа. Ова се најдобрите 10
Интересно шоу, го следев додека се емитуваше на канал 5 и навистина успеваше да го задржи моето внимание. Ми се допаѓа концептот, баш е забавно за гледање.
Mајка ми порано ги глеаше на скај нет или телма нз точно кај иде, се влажнеше на Xејди,многу и е убава, и ја покрај нејзе гледав, и интересна е емисијава во сеќавање ми остана еден слаб исушен, со голем нос таков црн беше Hе знам како се викаше ... Hеколку епизоди излгедав супер е шоуто едит Santino Rice овој