Спојлер Добро овие новиве ретардирани ли се?! Се е пичка до пичка!!! "Јас сакам да си одам дома сакам дома сакам мамичка ми фале БУАХАХАХАХАХ!!!" Изморени се. 9 сезони сите беа капнати и до крај се бореа оти ваква прилика еднаш у животот добиваш и неможе тукутака да си заминеш. Ту бре како ме нервират!!! Едит: Следната епизода... Бит че крв до кољена.
Во право е Џокси, бајаги беа плачковци во претходната епизода. Се расцмиздриле како мали дечиња, криво им било кога си заминуваат луѓе. Алооо, ова е натпревар, не е summer camp. Eat or be eaten, тоа е поентата, нема тажалки и плачки, сакаш да си победник или не? Па и како му се навртеа на Кристофер - Андреа си отиде заради тебе. 2 пати му го спомнаа тоа. Значи дечкото не ѝ стави пиштол на чело, ниту направи нешто посебно, сама си отиде бабата. Кој ѝ е виновен што е откажувач? Иако Вен прави навистина убави алишта, воопшто нема харизма. Нема некој убав пристап со луѓето, не можам да замислам како ќе се однесува со клиенти. Исто како што не можам да ја замислам Елена со клиенти, веројатно ќе ги мава со нож и секира. Малку (повеќе) е налудничава, ептен е невротична, ама интересна ми е за гледање. Мелиса е многу фина, заедно со Кристофер едни од најфините во сезоната, онака одмерени и смирени и прават убави парчиња. Имаат некоја фина естетика.
Ја симнав јас од kat.ph. Сега седнувам да ја гледам, се надевам ќе биде поинтересна од предходната, дајте некој предизик убав, интересен, а не ред карпет....шо предизвик е тоа, секој има спремно такво нешто
Интересно. Оној Вен од фејворит за една епизода ми се спушти најдолу на листа. Сакам да излезе. Какво арогантно понашање. Точно дека ти си дизајнер, ама дизајнираш за други, нудиш услуга, потруди се да го направиш тоа како што треба. Ко небива Сааб е па ќе се молиме сега фустан да сошие, неможел тој да работи со плас сајз, бре. Тој па еден манекен што е, па си дозволува така да навредува. Па и на крај место да се заблагодари таму што го пуштија со ужасниот фустан никаков, тој пак и незадоволен. Првиот фустан стварно ми беше перфекција, и тој со слатките.... ама ова не му требаше ич.
Ах Вен колку си ми одвратен. Да бев јас жената што ја облекуваше ќе те треснев од бирото еднаш и ич око немаше да ми трепне! Колку површно створење. Спојлер Он ваму па екс-модел е! Магарето на зајакот му се смее... ОК ми беше таа епизода. Не ми се допадна нешто предизвикот. Не ми беше ништо ново. Ама ОК,имаше убави работи. Елена ми е многу интересна! Обожавам кога е на работ на нервен слом! Смешна ми е. Фаворити ми се Мелиса Флајс и Кристофер Палу. Најодвратни ми се Ганер и Вен. Огорчени створења! Се на се,многу ми е интересна сезонава!
Уф, и мене Вен страшно ме разочара, таков талент, а толку површно и безчувствително створење... и каква ароганција за некој кој штотуку почнал да чекори во модниот свет, па не си ти Валентино или Прада па да се занесуваш на таков начин и да гледаш одвисоко на луѓето... цел живот ли планираш да дизајнираш за коски, утре кога ќе ти дојде ѕвезда од калибарот на Опра Винфри или Квин Латифа што ќе им речеш? - Извини, не дизајнирам за дебели луѓе, не знам како. Страшно, сакав да го напудат. И мене како и на Џокси фаворити ми се Кристофер, онака милно створење само да го гушкаш и гмечиш, и убави работи дизајнира. И секако Мелиса. Мислам дека одбројани ѝ се денови на Сонџи / Сонџа како и да е, многу го фура истиот стил на фустанчиња, веќе предвидливо и досадно станува. Гласам Елена и Димитри да се задржат што подолго, му даваат невиден шмек на шоуто. Посебно Елена, таква невротична и хистерична, има некој спартански режим ко послушно војниче, а од другата страна го имаш Димитри - флегматичен и ноншалантен тип. Предизвикот не беше ништо посебно, концептот досега низ епизодите е слаб, натпреварувачите се супер.
Спојлер Добра одлука донесоа судиите што не избркаа никого во овој круг, иако предизвикот беше бајаги досаден. Според мене најлош фустан имаше Сонџи и не ми е баш јасно како се провлече, убаво рече Кристофер - Cyndi Lauper is missing an outfit. Катастрофа. Другите помалку или повеќе беа ок, Кристофер ми е убедливо срцка, иако фустанот му беше бајаги обичен. Елена и Гунар се здружија, си даваат поддршка, two bitches. Вен со тие ружите негови го отупе. Фабио мислам дека има исклучително фин карактер. А и тие неговите модни додатоци - де јажиња на врат, де цветни венчиња во коса ме смеат тотално.
Знаев дека Вен ќе прави ружа уште пред да почне! И јас сум огромен фан на Кристофер, прави убави работи, а како човек многу ми е мил, сакам да го гушнам Го чекам следниот предизвик, групен е, и ќе има закачки гарант
Овој Вен ме нервира уште од предходната епизода со жената што била многу дебела за него, а он демек слаб е Инаку мене многу фустанчиња ми се допаднаа и многу се радувам што никого не исфрлија оваа недела.
Спојлер Mене искрено не ми се допадна што никој не си отиде. Сепак целта на шоуто е еден да е ИН еден да е АУТ. Вака како да се губи поентата и основата на цело шоу. Ама ок,не е најлошото што можеше да се деси. Ми се допаѓа техниката на Кристофер со shredding ама се надевам дека нема да го отупи со неа оти заради таквите се едни исти работи,Рами едвај влезе во финале! Вен ор шуд ај сеј Венко Ружиќ, ми е уште ептен одвратен и уште сакам да си оди. Сонџи ми е многу интересна и интересно се облекува,незнам Тренди оти а мрази толку!
Имам спојлерче за вас Директно од инстаграмот и твитерот на Кристофер п.с.Има многу публика, што би било ова? Не се сеќавам да не е нечија претходна креација?! Спојлер
Леле, сама со себе си правам овде муабет! Монолог Значи Кристофер во последнава епизода со костимите, имаше БОМБА фустан!!! Крај на муабетот!! Спојлер (Отиде Вен, мило ми е, ништо интересно не понуди)
Ахххх фустанот на Кристофер колку беше убав! Спојлер Вен колку и да ми е одвратен ќе кажам дека немаше најлош фустан. На Елена беше синоним за кич и фушараја. Ама ОК,нека си оди. Лајно големо е.
Јухууууу, fashion week ! Спојлер Предобар избор, сите кои фаворити отидоа. Добра одлука на судиите, Сонџи не ми беше воопшто по ќејф. Вака слатка и симпатична, ама нејзините дизајни ми се чудни и без вкус. Ама затоа срцето Кристофер, и Фабио и Димитри одат понатаму, посебно се радувам за нив. Мелиса... хммм, подобра од Сонџи, ама комси-комса, не тотално по мој вкус. Сепак останува да видиме какви колекции ќе направат. Зелениот фустан на Сонџи мислам дека беше едно од погрдите нешта во целата сезона. Не знам со кој памет Хајди беше упорно решена дека ѝ се допаѓа.
Гледа ли некој или имам монолог сама со себе последниве страници? Мило ми е што на сите им дадоа шанса за Fashion Week, арно ама Фабио ме разочара тотално. Не сум видела погрди работи, воопшто не го сфатив концептот, ниту намената на парчињата, ниту се кежуал, ниту за ред карпет, ниту за дотерување, ниту resort wear... И тие грди чевли, и панталони... и тие шеќерни пастелни бои Total fail. А баш го сакам Фабио, срцка е, јас очекував нешто сосема поинакво. Кристофер, мојот миленик се држи солидно, принтот му е интересен, миксот со кожа инстригантен, неговите парчиња ми беа најмногу комерцијални, ама добро комерцијални. Димитри имаше убедливо најфина изработка, многу добри идеи и реализација, се` ми се допадна, посебно црната блуза со биб ѓерданот. Мелиса, веднаш после Фабио, разочарување бр. 2. Ужасни работи, грди перики, ништо креативно, ново или инвентивно, баба ми може да сошие поубави работи искрено. Со причина се загрижи девојката. Не знам како ѝ дадоа шанса, се надевам добро ќе ја искористи. Фабио барем е инвентивен ако ништо друго, ова беше boring, потреба од snooze копче. Искрено се надевам дека победникот ќе се бира помеѓу Кристофер и Димитри. Ама целата таа фама и драма, како се чудеа што да одберат за да покажат пред судиите, па паника, па солзи... добро луѓе, аман, не глумете лудило, 10-та сезона е, you know the drill. Фала богу дека треба да си имате предвид што ќе покажете, па нема ништо ново тука, или непознато, не ли си планирал во главата што, како... Малку глупав е тој дел, ја сфаќам наместено, ама ова е провидно и смешно...
Победникот е... Спојлер ДИМИТРИ! Фаворит и заслужена победа, сите парчиња му беа феноменални, останав буквално подзината, чиста перфекција. Иако, морам да кажам, ми се допаднаа сите 4 колекции, секоја на свој начин, изгледаа многу подобро отколку во претходната епизода, посебно Мелиса, навистина комерцијални, но парчиња што освојуваат, би го носела секое едно парче од нејзината колекција; Кристофер имаше исто многу убава колекција, иако малку разнолика, но сепак... Фабио ме изненади, се' уште алиштата не се по мој вкус, ниту стил, ама блескаа на пистата, навистина беше breath of fresh air, со некоја фина леснотија во движење и комотна елеганција... Се` на се` - прекрасна, многу квалитетна сезона, супер ликови, предобри колекции и заслужен победник. Иако на крајот, ми падна некако жал за Фабио, и тој ја посакуваше победата толку многу, дури и јас се расплакав малку... И Тим Ган, срце, сите до еден секогаш ги држи за рака додека чекорат манекенките за време на шоуто. Фустанот на Хајди... omfg... Не можеше да е подобар, и да ѝ стои посовршено од ова.
И мене малку жал ми падна за Фабио, ептен беше срце. Ама реално Димири повеќе заслужи победа, стварно секое парче му беше чиста перфекција. Немаше нешто недоправено, чудно или нешто колку да помине. Мислам дека на секој детал и секој конец имаше посветено внимание. И мене блузата со ѓерданот и белите пантолони ми влезе во око ептен. Буквално секоја жена со било каков стил и вкус мислам дека овде би пронашла некое парче. Кристофер ми беше фаворит преку цела сезона ама ме разочара, очекував повеќе од него. Не дека беше лош, напротив, ама очекував подзината вилица додека гледам....сепак сметам дека ситуацијата беше стресна и напорна. Изгуби инспирација човекот тотално. Мелиса не ми се допаѓала, освен едно палтенце од предходните епизоди. Фабио го обожавам човекот, сцркаст е многу, исто како и Кристофер. Колекцијата му беше необична и весела, само некако чудна за мене. Ненаменска и не ми личеше на хај фејш. Се на се, заслужена победа. Нека му е со среќа