Спојлер Сите беа супер, ама Дмитри дефинитивно си ја заслужи победата. Можеби недостигаше елементот на изненадување кај него, но само затоа што претставуваше совршени парчиња од самиот почеток, за разлика од останатите. Браво, заслужено 100%, ретко победува најдобриот на Проект Писта и оваа сезона за среќа не направија глупост. И мене ми падна жал за Фабио... ама и за Дмитри ми беше жал затоа што само тој немаше семејство или дечко/девојка во публиката. Некако тажно ми изгледаше тоа, човекот сам се борел за се’ што постигнал, којзнае колку му било тешко од тинејџер да биде оставен сам на себе. И да биде упорен, да работи на себе и да се усовршува постојано... навистина заслужи, парите не би можеле да отидат во подобри раце. И ај кажете дали Тим не е најзакон човек на светов? "I'm losing it" Мислам дека недостигаше Вен во финалето, сигурна сум дека би направил добра колекција. И Елена исто така. Квалитетна јубилејна сезона, браво!
Новата All-Stars сезона започнува денес. Емилио Соса,оној дебилот Казанова,Суејд и секако причината за која ќе го гледам... Wendy FUCKING Pepper...луда баба из прве сезоне. Со неа ќе биде покољ сто посто! И де некој го молам да ми каже дена она со црната коса не е Ајви? Аууу,жени неможам да а поднесам органски!
Денес во 21 часот почна 3 сезона, на fox life. Кој ја нема гледано (како мене) има можност да ја гледа сега
Многу ми се свиѓаше последнава сезона, многу интересно, иако јас во целост не го сфаќам поимот couture во модата, па некој поинформирам да ми појасни. Вака визуелно имам претстава, ама никако точно да дефинирам и покрај тоа што гуглав Последниот момент беше многу добар, Ули која трансформација ја направи Си заслужи место во финале. Ионака Џошуа ми е крајно антипатичен. На Емилио црвениот фустан беше wow. Требаше да победи, ама реално низ цела сезона Ентони беше подобар. А од комбинацијата на бои на Џошуа уште ме болат очи. Незнам како може да им се свиѓа тоа.
Јас ги изгледав 9та и 10 сезона. Морам да кажам дека 10тата ми се свиѓаше многу повеќе во целост. Спојлер На почетокот ми се допадна Вен, ама човече, го отече со тоа шарата, а и кога му се падна покрупниот модел се утепа жалејќи. Никаков осет немаше ниту спрема жената, да ја расплаче еј. Ама го разбирам дека не мислеше нешто навредливо, туку чисто за предизвикот не му одговараше, па не е ни он мал. Колку се смеев кога и викаше за каишот дека бил мал, цело време потенцираше дека се е помало. Ама онака без осет. Па кога рече на пистата дека работел само он со real sized model, за малку ќе му избегаше plus sized. Ама добро, почна да опаѓа после. И бев за Димитри до крајот, многу ми беше мило што победи, многу ми беше некако симпатичен, ама и реален. На Фабио не ми се допадна колекцијата, на Мелиса беше ок, последниот фустан беше впечатлив, а Кристофер многу разочара, се изгуби целиот, не можеше да се состави. За 9та сезона, бев за Ања зошто ми беше најсимпатична и во последен момент успеваше да извади нешто на пистата. Имаше некоја леснотија во моделите.
Победникот на оваа All Stars сезона беше повеќе од заслужен. Цело време беше најдобар, не само како дизајнер туку и како карактер. Спојлер Колекцијата на Ули исто така беше прекрасна и искрено не очекував да биде трета меѓу финалистите. Емилио ме разочара комплетно во финалето. Идејата му беше добра, но моделите просто ужасни. Корсет над кошула - епа поселско не може да биде. Ентони Рајан, сосема заслужено. Ми беше жал за Џошуа... Прочитав некои глупи коментари дека судиите во ПР биле расисти и никогаш не дозволувале црнец да победи. Мислам, каква глупост! Самите такви коментари се расистички и колекцијата на Емилио беше смешка - точка. Новата регуларна сезона почнува веднаш, ептен се радувам.
Оти Џошуа несакаше да му помогне на Ентони Рајан??? па шо тогаш воопшто се појави таму. Заслужена победа, преку цела сезона имаше одлични модели. Срцка е
Вчера започна новата 11 сезона и малку сум разочарана бидејќи It's all about teams Ама како и да е, мислам дека треба да и се даде шанса пошто има интересни дизајнери како и секогаш.
Мене ова ми беше една од ретките интересни први епизоди. Мислам дека ќе биде супер сезона. И морам да забележам уште еднаш дека Хајди го прави шоуто тоа што е. Има посебна весела енергија што недостига во All Stars сезоните.
Не, тие сезони ги води друга, различни водителки беа во двете досегашни Аll Stars. И Тим Ган го нема таму.
Спојлер Искрено,понекогаш мислев дека Керолин ептен го форсираше Ентони. И многу ми е криво Ули што не победи! Ја обожавам жената. Колку е мила и како зборува...срце! И на Емилио колекцијата беше многу добра и идеата позади неа беше многу уникатна. Ама на Ули беше бајка! На Ентони мене ми беше многу МНОГУ комерцијална. Сметам дека не беше доволно иновативна и дека сите тие работи можеш да ги најдеш во било кој бутик. А кога сме кај All-Stars... Џоана Колкс ми ја нема таа магија што ја има Тим Ган. Џоана му е ментор,Тим му беше татко! Спојлер Нема кој да ги испраќа бре бељата на Господ се! Преѓеска ја почнав 1ва од 11та и се успав па одам да ја догледам!
http://www.free-tv-video-online.me/inte ... on_11.html Eве за онлајн, на последниот доле sockshare можеш да ја гледаш, најбрзо се полни.
Спојлер Како ми е мило што си отиде ова Емили. Првите зборови и беа дека ќе победи и сите останати да се спакуваат и да си одат. Ма немој! Покажи сестро на дело, не ми тупи празни зборови. Јас игла во рака што немам фатено ќе направев нешто подобро. Најгрдото нешто што го имам видено низ шоуто. А овој мустаков заслужена победа, срцка беше ама аутфитот феноменален. Имаше многу добри епизодава. Ми се свиѓа ова со тимовите, малку неферски ама и дава поголема тежина