1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проект Писта (Project Runway)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од LivingGlam, 20 мај 2011.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Јас го загледав интересно ми е, иако нели не е тоа тоа.Сакам да навивам за Ник зошто ми беше еден од фаворитите, ама едноставно не ми се допаѓа ни еден од неговиот тим, така што сум за Мондо.Ања има добар тим, ама не ми се допаѓа како менторка.
    И се согласувам за минатата епизода^
    И да, не очекував последната епизода дека колекцијата на тимот на Ник ќе биде толку добра,ептен ми се допадна, посебно jumpsuit-от.
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Навивате за Оскар? :wasntme:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    ^Да. Најсимпатичен ми е. Не сакам некој од кај Мандалото да победи. Си го бива Оскар, има нешто во човекот, си заслужува.
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    И мене ми е супер Оскар, затоа што си шие и не оговара. Секогаш им помагаше на другите кога завршуваше порано, срцка е. :)

    Другиве се мн злобни, освен тој на Ања. За Ања ич не ми се зборува, отсекогаш бил кучка, а Мондо ми беше симпатичен во неговата сезона, сега веќе не. Како можеше да е толку себичен кога се бунеше за Наталија, а и самиот тој ја покани во својот тим на почетокот?

    Се' на се', неверојатно глупа сезона. Да не беше Оскар немаше да гледам. Креациите му се прекрасни... На почетокот беше малку кич ама после белиот jumpsuit ме придоби :)
     
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Леле, не ми се верува дека победи
    Оскар.
    Многу ми е мило!Се израдував од се срце!
    А и сметам дека најзаслужено беше :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    Девојки, ја следи ли некој 13-та сезона?

    По една година пауза ( Under the Gunn не ја бројам ), во јули почна новата сезона. Досега се емитувани 4 епизоди. Инаку, нема измени во судиското трио (Хајди, Нина и Зак), ниту во концепцијата. Има ликови што ветуваат добра сезона.

    Драго ми е што се вратија во стариот, добро познат формат.
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Јас не пропуштам :)

    И мене ми е мило што се вратија на старо, само ова со несогласувањата меѓу дизајнерите е многу исфорсирано и изглумено, само колку да се додаде "риалити шоу" елемент. Многу подобри ми беа старите сезони (до четврта-петта) кога тоа беше во помала доза и епизодите беа 40тина минути.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    На која програма се емитува???
     
  9. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам новата сезона. Искрено едвај чекав да почне и многу се радувам :D
    Засега немам некои фаворити според креациите и слично, но меѓу омилените ми е Корина :)

    Малку на моменти ме нервира Аманда, кога ќе почне - “Само јас сум била тука претходно’’, “Никој не знае како е под притисок, само јас знам’’, “Јас веќе знам ова она.... ’’ :| :|

    Инаку или симнувам торенти, епизода по епизода, или пак ја гледам онлајн тука, но од линковите што ги оставаат останатите во коментари ;)
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    Накратко за последната епизода...

    Поврзнаноста на синџир за бургери со мода - апсурд, ама нели спонзори ко спонзори (за момент, пред Тим да ја објасни задачата, помислив да не случајно униформи за синџиров треба да креираат...е, среќа - погрешив).
    Корина непријатно ме изненади со однесувањето, Аманда - константно препотентна, Сандија не ја разбирам, а Кини требаше да победи, иако тој тип фустани станаа мејнстрим во ова шоу.
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CrAzZyYy

    CrAzZyYy Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Aманда ми беше фаворит, ама во оваа сезона ми е антипатична, и шо ако си била тука ? да беше доволно добра ќе победеше уште минатиот пат, и да може сега да ја форсираат да победи. колку и предходната сезона да ми беше WOW овој пат не и се нешто посебни креациите за да побеува. Сандија, и таа косооката фатам ги лупнам. Фаворит сеуште немам ќе видиме понатаму...
     
  13. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Јас сум пријатно изненадена од Кими. Го забележав во последниве две епизоди. Прво затоа што брзо работи, второ - креациите му се навистина убави! Барем мене ми се допаѓаат :D
    И тоа што брзо работи - нема никакви грешки во работата, не му висат конци, не му се никаде пресечени и слично.
    А не ми се допаѓаат креациите на онаа девојкана со кратка коса, постара така, не ми текнува на името. Баш сега кога креираа за на црвен тепих за Хајди, нејзината креација ми беше премногу обична :)
    Значи меѓу омилените ми се Корина, сега и Кими ;)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Онаа Корина сакам да испадне. Демек се знае, а поима си нема, одвратна ми е. Кими дефинитивно требаше да победи. Кога прашаа кој од нив двајца треба да победи требаше да рече Јас, јас ја направив и блузата, требаше да каже да знаат, тогаш сигурно ќе победеше.
    Сандја ми е смешки ептен, така подмукла си е малку, башка она ја избра бојата, она некако ги водеше работите. Ама да испаднеше Сандја, Тим ќе ја спасеше секако. Слаба беше епизодава, и претходната исто.
     
  15. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    Како одминуваат епизодите, сè појасно е дека Кини е технички најподготвен од цела група. И во оваа епизода заслужи победа, ама изгледа Нина имаше најголем удел во одлуката. Си имаат и судиите некои нивни калкулации. Хајди попушти сега, ама ќе си го наплати долгот.
    Ако се сеќавате на осма сезона, во финале, Нина не дозволи Мондо да победи, ама пак затоа во деветта попушти пред упорноста на Хајди за да победи Ања.
    Корина, ах, Корина...во старт ми се виде најсимпатична и со најголем потенцијал (можеби поради нејзиното потекло веднаш ја поврзав со Патриша, па си реков дека ќе има што да покаже, ама досега само нејзините тетоважи ми се допаѓаат).Фејд имаше интересна техника на обработка на материјалот, а Емили претстави гот костим. Аманда беше изненадувачки скромна овојпат, а Сандиа доби заслужен reality check "шамар". Стварно слаба епизода.
     
    На sweet-cherry и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.136
    Допаѓања:
    88.489
    Пол:
    Женски
    Кини и Шон ми се допаѓаат ептен.
    Последниот фустан чадор на Кини ме освои, здолништето само по себе јас би го носела дефинитивно.
    Шон е прилично креативен и иновативен. Бел фустан кој на дожд се бои, ретко на кој би му текнало, а да не збориме и дека беше прилично ризик, зошто не беше сигурно дека идејата би му успеала.
    Од Аманда ретко што ми се допаѓа. А и ме нервира, се трудам и да ја прескокнувам кога збори :lol:
    Корина ме изненади во минатиот предизвик, со одлично изработениот фустан и палтото, кое не ми се допадна нешто многу ама како целина беше одлично.
    Сандија не можам баш да ја сварам, а и ме нервира да ја слушам кога збори. Премногу идеи на едно парче облека.
     
  17. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Конечно победа на Кини. Дефинитивно мојот фаворит сезонава :D
    Украдени му се неколку победи како на пример таа со костумите. На ова мислам
    [​IMG]

    Корина ме нервира многу и одвај чекам да ја избркаат.
    Сандија има многу чудна смисла за дизајн и што е тоа што толку им се допаѓа на судиите не ми е јасно :?:
    Уште некој што ми се допаѓа е Емили.
    За разлика на многу Аманда ми е многу интересна :D Со она нејзиноно јас сум била тука, знам што се наоѓа на секое ќоше во Муд :rofl: Би сакала да биде до крај само колку да дава шмек на шоуто. И секогаш победува во предизвиците кои не ги сака :)

    И за крај ресите се заштитен знак оваа сезона. Изгледа сфатија дека на Хајди и се слабост!!
    Фустанот на Шон за Еми наградите е Фантазија. Го сакаммммм
    [​IMG]
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Конечно оваа арогантнава испадна. :^)

    Шар нема долго да трае, не знам зошто уште ја чуваат, ама секогаш има некој полош од неа.
    Мислам дека на крајот ќе се одлучува меѓу Кини и Шон, а Аманда ќе биде третиот финалист.

    Го видовте All Stars тимот? Оваа Кејт уште колку шанси ќе добива? :^)
    Во изборот го гледам Џеј Николас Сарио - еден од моите омилени, едвај чекам да видам што ќе покаже. Ама тука е и Дмитри, па мислам дека на крај меѓу нив двајца ќе се одлучува (си пишувам за да проверам на крај дали сум била во право :D )
    Мишел, Патриша и Александриа од старт ќе ме нервираат. Крис Марч :rofl: ќе биде интересно!

    [​IMG]
     
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    ^и јас сум среќна што конечно излезе дотичната, на живци ми одеше |(
    Инаку уште од почетокот ми беа фаворити Кини и Шон, можеби Шон за нијанса повеќе, така што верувам и дека помеѓу нив ќе биде борбата во финалето, а и мислам и Аманда ќе остане до крај.
    Инаку сега кога видов за All Star ептен се израдував за Крис Марч, врв ми беше, каков човек :D А за кого ќе навивам сеуште немам одлучено, ама во секој случај ќе гледам :)
     
  20. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Комплетно разочарана од победникот оваа сезона.