1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    -Џаханара, Под мермерно небо-Џон Шорз.
     
  2. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    - Тажењето е нешто што се прави на само, без да се крева прашина околу тоа.

    - На лицето му се појави насмевка кога се сети дека Вилијам еднаш му кажуваше дека засаденото семе е најлесен начин да добиеш резултати, а едновремено и потсетник дека најдобрите работи во животот најчесто се наједноставни.

    - Нема смисла човек да се обидува да го врати она што се случило некогаш. Исто како да се обидува да врати снесено јајце назад во кокошка.

    - Да беше сликар, ќе можеше да го наслика она што го чуваше за себе, исто како што Вилијам го насликал портретот кој стоеше над каминот. Имаше слушнато дека добрата уметност се раѓа од огромно страдање и, ако тоа беше вистина, тогаш тој сигурно ќе насликаше некое ремек – дело.

    - Преправај се дека успеваш додека навистина не успееш.

    - Кога уште малку ќе пораснеш, драга, ќе ти биде јасно дека секоја убава жена има право да не кажува ништо.

    - И не е погрешно да се бориш за она во што веруваш.

    Токму затоа внимаваше на момчето. И на семејството воопшто. Како да играше шах: најдобрите играчи секогаш размислуваат неколку чекори однапред. Се’ што требаше да направи беше да ги чува своите фигури и да ги елиминира нејзините една по една, се’ дури не и’ остави друг избор освен да признае шах – мат.

    - Можеби никој не е виновен. Понекогаш работите се случуваат без причина.

    - Одврзаната уста потопува бродови.

    - Изгледа г. Барбур никогаш не слушнал дека човек е невин додека не се докаже спротивното.

    Жена во црвено - Ејлин Гоуџ
     
    На mysterious и Forgotten им се допаѓа ова.
  3. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Неколку кратки цитати:
    -Совршенството неможеш да го достигнеш,но никогаш не се откажувај од стремежот кон него!
    -Бакнежот е само уште еден доказ дека некогаш најубавите работи ни се пред носот.
    -Довербата е како огледало - ако ја скршиш никогаш не можеш да ја поправиш..
    -Кога и да видиш успешен бизнис, некој донел храбра одлука.
    -Една личност со верба е еднаква на силата на 99 кои имаат само интереси.
     
  4. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Морам да додадам уште еден :

    Како да одам чекор по чекор кога сум научена да трчам?
     
    На The.Crab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    "Главата ми е преполна со работи за кои сакам да пишувам. Како некоја шупа натрупана и без никаков ред." рече Сумире."Разновидни слики,сцени,неповрзани зборови,луѓе-се' во мојата глава зрачи,живее.Слушам
    како ми викаат:Пишувај! Чувствувам дека ќе тргне една величенствена приказна.Дека ќе стигнам на некое ново место.Добро,седнувам на маса за да го ставам сето тоа на хартија,но сфаќам дека недостига нешто битно.
    Не се издвојуваат кристали,остануваат само камењата.
    Никаде не успевам да отидам."

    Извадок од-"Спутник љубов"-Харуки Мураками
     
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Таа ја обожава сината боја. Тој ги разликува само трите на семафорот и кон нив е апсолутно рамнодушен. Таа обожава чевли. Тој има еден пар патики од прелани. Таа секој втор ден пие кафе со сестра ѝ. Тој со својот брат не се видел осум месеци, го избегнува бидејќи му должи пари. Таа ги знае родендените на сите од фамилијата на памет. Тој до сега четири пати си го заборавил својот. Таа сака цвеќиња. Тој сака зелка и марула. Таа сака да прелистува модни списанија. Тој сака да чита новина додека седи на шоља. Таа посакува, тој барем еднаш да ја изненади со романтична вечера по повод годишнината на нивната врска. Тој секогаш јаде хамбургер пред телевизор на тој ден. Таа сака романтика. Тој мисли дека таа премногу гледа шпански серии. Таа сака масажа под свеќи. Тој го сака задното седиште на автомобилот. Таа сака тивка музика. Тој сака да се откачат на рок журка. Таа сака да се држат за рака додека шетаат. Тој се чувствува истормозен од оваа формалност.
    Таа сака тој да ѝ се обраќа со милни зборови. Тој сака да ѝ се обраќа со „Џони„. Таа сака да водат љубов. Тој сака секс. Таа инсистира секогаш во спалната соба светлото да е изгаснато. Тој сака да ужива во секоја несовршеност од нејзиното совршено тело. Таа сака да добива ситни подароци од него како знак на внимание. Тој сака да ја гледа додека таа спие. Таа сака комплименти. Тој сака да ѝ пишува пораки на фрижидерот: „те сакам,дебела„. Таа сака долги разговори по телефон. Тој сака само да слушне дека таа е во ред. Таа понекогаш смета дека тој не ја заслужува. Тој мисли дека е среќно копиле и го смета истото. Таа се залага за моногамна врска, но понекогаш флертува. Тој никогаш не погледнал друга жена. Таа го сака. Tој неа повеќе од себеси…
     
    На 1209, teddybear и Monroe им се допаѓа ова.
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Про Фемина

    Ќе ви зборувам за жените од перото,
    зашто и јас сум од тој сој.
    Нашиот најголем забележан успех?
    Сите до една, стари госпоѓици.

    А нашите најтажни значајни утки?
    Омажени стари госпоѓици.
    Зајмени за своите мажи во кои барале замена за татковството...
    Тажни дами што со тост и чај ги пишувале
    сонетите што ги сакавме како девојчиња;

    Средовечни девици кои заведува незрели антологичари
    со похота на умот;
    Камила низ чии вени тече река од барбитурати,
    Жени со бескрајно продолжени менструации,
    тивки гласници на времето
    Кога поезијата не била вештина, туку тешко испрување на духот,
    Воздух наполнет со мирисот на темјан, мошус
    и емоционлната уцена.

    -Керолин Кајзер
     
  8. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    ...Сега, најточната вистина е дека повеќе не те сакам, а доколку во некоја страница ти се причини дека распознаваш некаква несигурност, или присуство на некаква желба, сепак верувај во оваа последна вистина. Вистината на овој миг. Зашто одлучувачки и вистинит може да биде само мигот на сегашноста.
    Повеќе не те сакам. И кога би посакувал да не е така , тоа не би го можел, не би можел да спасам ни миг од она што беше убаво, освен само некоја прелажана верност на сеќавањата. Ништо не може да се направи против нељубовта, против ова негативно и постојано чуство кое е многу посилно од она што се изразува со зборовите "не те сакам повеќе", зашто тоа секој миг може да се промени...
    ...На твојата љубовна болка не би можел да спротивставам што било друго, освен сожалување:најслаб лек за раните кои сме му ги направиле на друг, или за раните што човек си ги направил сам на себе.
    Тоа што ти го чуствуваш во твоето срце не е дури ни остаток од една љубов , затоа што љубовта зад себе ме остава остатоци... Или љубиш или повеќе ја нема...

    Либерто Биџиарети-"Умирање на љубовта"
     
    На stejsi2005 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Љубовта е чудна напивка, го поматува умот и ја зоврива крвта. Ги зачинува чувствата со мистериозност и копнеж, со желба и посакување, го исполнува денот со радост и тага, а ноќта со бескрајно исчекување... Го разигрува срцето, умот станува непослушен, телото растреперено - отфрла сѐ друго и нѝ поставува една цел - достигнување на заедничка илузија, да се создаде целина, две души со еден ум, две срца со едно чувство...
    Бегство од харемот - Марија Луис Фишер
     
  10. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Морам да го споделам со вас, цитатов дугачок ми се допаѓа повеќе од целата книга воопшто.

    Понекогаш се случува при нанесувањето на бојата едно затреперување на раката што ја држи четката да направи непланирано скршнувања на линијата што се повлекува, или пак создава сосема нова, малечка линија, или дури само точка на платното, и тоа скршнување, таа линија, таа точка потполно да ја промени сликата - да ја измени композицијата, перспективата, заради тоа скршнување.. или таа линија, или таа точка сликарот да промени се‘ на својата слика, и така да настане сосем ново дело од она првично замисленото.
    Така и во животот, понекогаш некој гест, некој ненамерно изговорен збор, некоја случајна средба или пак изборот да се тргне не по улицата лево туку по онаа десно, може во потполност да го смени животниот тек, но не само она што следи по тој збор, гест, средба, навидум безначаен избор, туку и настаните што биле пред тоа добиваат поинаква боја, поинаква текстура, поинаква перспектива од оние пред гестот да бил сторен, зборот изречен, средбата случена, изборот направен и така сиот живот изгледа како одново насликана слика.

    Сестрата на Сигмунд Фројд - Гоце Смилевски.
     
    На stejsi2005 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Милион погледи.
    Уште повеќе замерки.
    Долга тешка улица, навидум чиста,
    но на неа, толку валкани чекори!
    Додека дождот полека го мие нејзиното лице,
    очите и се полнат со солзи… се радува на новото.
    Полека пристигнува до кривината која ја носи кон невиденото…
    Дали ќе го сврти погледот?
    Или ќе остане во раката на несознанието?
    Дали е таа онаа правата?Сигурно некогаш во животот сте се нашле во ситуација кога сте требале да донесете одлука.
    Уф! Секогаш кога треба да донесам некаква одлука, ми е тешко. Имам една особина која не ја сакам многу кај себе, знам силно да се покаам за нешто доколку не е направено со најмали детали… А подоцна пак, ќе си речам: „Што ти е? Успеа нели? Дај опушти се!“ Тешко е да се опуштиш кога знаеш дека оние мали, ситни детали те двојат од врвот, од целосната победа… Од друга страна пак, сите сме победници, зар не?
    Имам натпреварувачки дух, кој не толку многу го покажувам, но постои и кога треба, сите го чувствуваат. Сметам дека секој еден треба да го храни тој дух во себе. Да сакаш да победиш е една од најздравите особини кај еден човек.
    Така се постигнуваат целите во животот, барем според мене… Секоја победа има своја цел. На кому како му се посреќило. И победата има своја ранг листа… Те става онаму каде си заслужил… Старите велат: „Колку си посеал, толку ќе си ожнееш.“ Имаат право. Не постојат златни лажички. Жал ми е за оние кои не се трудат. Нема секогаш некој да им ја работи работата. Ќе паднат и тие. Фрустрира понекогаш, знаете? Фрустрира фактот дека некој направил помалку, добил повеќе, а ти, ти си се здробил од работа за минимум, за трошка…
    Кога ќе се случи нешто такво во моја близина и присуство, јас секогаш си велам, барем знаењето и искуството се мое богатство. Некои ова мислење го сметаат за празно. Не ме засега. За секој еден ќе дојде времето. Само труд и трпение. Трпение – спасение.
    Сакам збор.
    Сакам.
    Сонувам.
    Мечтаам.
    Не можам да објаснам што е доволно…
    Три точки…
    Тоа е сè…
    Што значат?
    Значат сè што имаме.
    Значат сè што ќе имаме.
    Иднината е ваша. Патот по кој ќе одите е онаков каков сами ќе си го ископате. Снаодливи, тајни, нежни, два чекори напред, еден назад… Па добро, секогаш останува оној еден чекор напред… Јас не се откажувам. Ви удриле шамар на реалноста? Соочете се со неа. Нема бегање. Постоиме поради некоја си причина… Јас велам, искористете ја. Па животот е краток, луѓе мои. Едно трепнување и сме се нашле на крајот. Почетокот е навистина важен.
    Оставете впечаток ;)
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, дури и кошулата од грбот - но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.

    Атентат - Јасмина Кадра. :clap:
     
    На OrdinaryGirl, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    ... Штом се вратив од јавање, отидов до работната соба на татко, за да го поздравам... Татко зборуваше со богат земјопоседник... тој беше мошне старомоден и не веруваше во женските слободи... „Зарем е неопходно“, праша тој, „на Индијката да и’ се дозволи да се однесува грубо, како Англичанката? Зошто таа се воспитува според странски мерила и и’ се дозволуваат толку слободи? Имате намера од неа да направите адвокат, како вас?“ ... Кога влегов... татко ме праша дали сакам да студирам право. ...

    Виджај Лакшми Пандит, Границите на среќата, 1979 год.
     
  14. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Денес започнувам нов живот. Денес ја отфрлам својата стара кожа, која предолго ги трпеше ударите на неуспехот и раните на просечноста. Денес повторно се раѓам во лозјето каде има овошје за сите. Денес ќе го оберам грозјето на мудроста од највисоката и најбогатата лоза во лозјето, зашто неа ја засадиле најмудрите во мојата професија кои дошле пред мене, генерација по генерација. Денес ќе го пробам вкусот на грозјето од оваа лоза и навистина ќе го проголтам семето на успехот, затворено во секое зрно, а новиот живот ќе никне во мене.

    Ог Мандино - Најголемиот трговец на светот
     
  15. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    случајно ги најдов, многу ми се допаднаа :)

    Маченик на среќата
    Не ми гледај во усните додека молчам,

    ќе приметиш треперат.. на секој твој збор..

    на секој твој шепот..

    Не ми се доближувај..

    премногу сум кревка за да ги издржам емоциите

    што како пенливи бранови ги исфрлаш на мене,

    а јас нурнувам се подлабоко во твојата душа..

    Не ми дозволувај да се скршам..

    прелиј ме со бакар..

    не дозволувај да останам свената роза..

    остави и дождот да ме накваси,

    да наврнам, да го осетам студот.

    Со цврсти камшици од љубов создадени

    удри по мене..нема да заплачам.

    Јас само ќе уживам во една љубов..

    Ќе станам маченик на среќата..

    http://www.fail.mk/mk/kolumna.asp?reden_broj=124

    Љубовна

    Од твојот поглед,
    крвта во вените ми се заледуваше
    и секое движење ми ја параше тенката кожа
    тоа беше болка која ме онемуваше.

    Те предосеќав како
    птиците што го пресосеќаат дождот
    и тогаш моето срце гракаше како полудено
    се додека не се појавиш,
    а потоа штама
    срцето камен стануваше.

    Можев да те опишам,
    негледајќи те до најситниот детал,
    најмалата брчка,
    најмалото дупче на твојот образ
    додека се смееш.
    Но кога ќе те видев видот ми се заматуваше,
    пополека ослепував,
    целиот свет во темнина се престоруваше
    и само твојата сенка
    низ трепкиве ми поминуваше.

    Безброј пати потонував
    во твоите очи,
    секогаш со иста паника,
    ист страв,
    дека од таа длабочина
    нема кој да ме спаси,
    дека ќе останам на дното
    без да знаеш дека постоев.

    Честопати ми се одземаше здивот,
    од твоите подотворени усни,
    да не кажат збор,
    после кој не ќе моажам да живеам.

    И тогаш без најава, без причина
    ќе исчезнеше,
    како воопошто да не си постоел,
    како земја да те проголтала заедно
    со мојот страв кој мирисаше по тебе.

    Само малите ранички на мојата кожа,
    видливи само за моето око,
    и болката во градите од срцебиење
    ми беа доказ дека постоиш макар далеку од мене
    и чекаш,
    и чекаш доволно долго да закрепнам,
    за повторно да го осетам
    мирисот на стравот,
    олујата од ведро небо,
    срцебиењето
    и да ме потсетиш дека сум жива.
    http://www.fail.mk/mk/kolumna.asp?reden_broj=92

    Низ твои очи

    Огледалото лаже, вистината вреска,
    Повторно се лажеш, те гори силна треска.
    Тоа што го гледаш е илузија од тебе,
    Вистинското јас однатре гребе.

    Прекрасен сум, што знаат другите,
    Ене ги занесени, се клацкаат по пругите.
    Си ја бараат среќата на запад,
    Кај што сонцето заоѓа,
    Знаат само напад,
    А љубов не се наоѓа.

    Но што е вистината?
    Дали тоа што го гледам,
    Или нешто зад кривината?
    Ме заслепува ли твојата убавина?
    Го издржувам ли ударот
    Или ме сотира како лавина?

    Како изгледам низ твои очи?
    Можеби и не сум толку моќен?
    Можеби сум дете што се кочи?
    Можеби дојде време да верувам во себе,
    Да тргнам напред и да заборавам на тебе.

    http://www.fail.mk/mk/kolumna.asp?reden_broj=46
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Жед

    Срцето татни, удираат молњи,
    копнее по тебе, а умот колни.
    Свести се, ми вика, длабоко вдиши
    Извади го тефтерот и во него пиши
    „Не дозволувам повеќе да жеднеам по тебе
    не давам повторно умот да ми го земеш.“

    Но пустата жед се зголемува со допир
    Не помага ништо, не помага ниту опир
    Устата ми се суши, се заљубувам до уши
    Мечтата расте, а жедта никако да згасне.
    Утробата ми се превртува, веќе немам сили
    Како ли ќе се противам на љубовните вили?

    Сеништа, нави и останати чуми
    Ме јадат однатре, ми побудуваат думи
    Се или ништо, повторно ме дефинира
    Искуството мое никако да ме рафинира
    Истите грешки, истиот копнеж
    Во далечината се огласи воениот татнеж.

    Мозокот се бори, не го оставам да збори
    Влетувам без мисла, со душата чиста
    Излегувам ранет и облеан со крв
    Не сум ни единствен, не сум ни прв
    Што паднал под налетот љубовните воини
    Од сите тие искуства, останаа само спомени.

    http://www.fail.mk/mk/kolumna.asp?reden_broj=51
     
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    -Зависта е молец: таа како и несреќната животинка ја јаде рубата која се родила: звиста го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.

    -Полесно е да победиш царства, одошто твојот гнев.

    -Да ја докажуваш мудроста е како да докажуваш дека сонцето свети.

    -Зарем треба да се испие целото море за да се сфати дека неговата вода е солена?

    -Книгите се бездни: кога чита, секој чита на онаа длабочина или височина на која се кренал духот.

    Папокот на светот- Венко Андоновски
     
    На LivingGlam и barbiche им се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    "It was like any other
    relationship,there was
    jealousy on both sides
    there were split-ups
    and reconcilliations.
    there were also fragmented moments of
    great peace and beauty

    I often tried to get away from her and
    she tried to get away from me
    but it was dificult:
    Cupid in his strange way,
    was realy there"

    -Bukowski
     
    На glow и Hipica им се допаѓа ова.
  19. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    "Но, дали твоите зборови сега се клише? зашто пушти друга личност во твојот живот?зашто викаше дека спомените и чувствата спрема мене никогаш нема да те напуштат? зашто кажа дека никогаш нема да ме заборавиш?" - "Кој рече дека те заборавив?" .........
     
    На SOVRSENSTVO, Springy и Monroe им се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Татко ми беше чесен човек. Се справуваше со работите како што доаѓаа, без прикривање ни фалење. Се фаќаше во костец со проблемите и, кога не можеше да состави крај со крај, никому не му се жалеше. За него несреќите не беа предизвици, туку попатни тешкотии кои човек треба да ги надмине, дури и ако мора да страда. Неговата понизност и расудување беа вистински благодет. Толку многу сакав да личам на него, да ја поседувам неговата скромност и умереност! Благодарение на него, иако растев во земја која од најстари времиња беше растргната, одбивав да го гледам светот како арена. Гледав свесно како една војна заменуваше друга, една репресија – друга, но не си дозволував на било кој начин да ги поддржувам. Не верував во претскажувањата за раздор и никако не можев да се помирам со помислата дека Господ би можел да ги подбуцне своите поданици да се кренат едни против други и практикувањето на волјата да го сведе на бесмислено и ужасно прашање на одмерување на силите. Оттогаш, за да си ја прочистам душата, се чував како од чума од се што имаше врска со моето потекло. Не сакав да верувам ниту во долината на плачот ниту во долината на темнината – постоеја други, попривлечни и поразумни места наоколу. Татко ми ми велеше: „Оној што ќе ти раскажува дека постои поголема симфонија од животот кој ти е вдахнат, те лаже. Тој ти завидува на она што е најубаво во тебе: среќата да уживаш во секој миг од твојот живот. Ако тргнеш од ставот дека твојот најголем душман е тој кој се обидува да посее омраза во твоето срце, ќе ја спознаеш половината од твојата среќа. За остатокот, доволно е само да ја испружиш раката и да го набереш. И не заборавај: не постои ништо, апсолутно ништо повозвишено од твојот живот...А ни тој не е над животите на другите.“
    И не заборавив.

    Атентат – Јасмина КАДРА
    ....препрекрасна книга а во цитатов се пронајдов себеси и татко ми...
     
    На stejsi2005, Magnolija и LivingGlam им се допаѓа ова.