Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Постои прилив во човечката судбина,
    Кој ќе го фати бранот, оди кај среќата;
    Кој ќе го утне, низ целата животна врвица
    Ќе биде врзан за плитакот и јадот.
    На такво ширно море тргнавме сега,
    И мораме да ја зграпчиме струјата,
    Или да пропаднеме...

    Вилијам Шекспир, „Јулиј Цезар“
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  2. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    ‎" Колку грешат луѓето кои мислат дека љубовта се раѓа во долгогодишното дружење и пријателство. Вистинската љубов се раѓа во духовното разбирање и ако тоа разбирање не се случи во истиот миг, нема да се случи ниту за година, ниту за цел век."
    - Калил Џибран,Скршени крилја :)
     
    На stejsi2005 и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Спомените треба да се чуваат длабоко во себе.
    Секој треба да им даде место во своето срце
    и од нив да црпи друга добивка, за друга стварност,
    потрајна и појасна.

    Стварноста на сомнежите наликува на уметноста.
    Не е еднаква со вистината но е миг на стварноста
    кој е фатен и зачуван засегогаш.

    (Либерто Биџиарети-"Умирање на љубовта")
     
    На crazylady и K0STOVA им се допаѓа ова.
  4. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Ако некогаш посакаш да се пронајдеш себеси
    Не гледај во огледало
    Затоа што таму нема ништо освен сенка
    Странец...
     
    На Grunge и crazylady им се допаѓа ова.
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Тука има и нешто мое-авторско :$

    За вистинската уметност-Љубовта...

    Правило број еден... Создавањето уметност во твојата душа е бесплатно.

    Правило број два... Мигот пред реализавија на уметничкото дело е восхит што боли.

    Довербата е пресудна. Довербата создава мир што те спречува да се повредиш себеси, да ги повредиш другите.
    Но сомнежот е отров, изгореница од цигара во срцето. Сомнежот е кошмар што го сонуваш буден.

    Правило број три... Процесот на создавање уметност е сомнеж во кој мораш да веруваш...

    Љубовта понекогаш е привремена разделба. Љубовта понекогаш изненадува. Љубовта понекогаш се преправа. Љубовта понекогаш ќе ти удри шлаканица за да ги скрши твоите светови. Љубовта понекогаш не постои.

    Правило број четири. Вистинската уметност постои, вистинската уметност е љубов што не се преправа кога ќе ти удри шлаканица за да ги скрши твоите светови...

    Несреќата во животот боли силно за да научиш како да се излечиш од неа. Тагата се смее дури патува низ тебе. Во животот нема случајности. И најчудните случаи се наместени тука заради тебе.

    Правило број пет...Уметноста понекогаш е вентил за болката во животот, а понекогаш е само добро осмислен концепт.

    Непишано правило... Уметноста понекогаш не ја разбираат сите еднакво.

    Автор: Александар Русјаков (и нешто од мене :) )
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Јас сум крајно несовршено суштество. Несовршен сум и грешам на секој чекор. Но учам. И решителен сум во тоа да не ја направам вторпат истата грешка. А сепак ми се случува и вторпат да ја направам истата грешка, и тоа не ретко. Зошто? Тоа е едноставно. Затоа што сум глупав и несовршен. Во тие мигови, се разбира дека малку се презирам себеси . Тогаш решавам истата грешка да не ја направам и третпат. Малку напредувам. Малку, ама сепак напредувам.

    -Играј, играј, играј- Харуки Муракими

    А оваа ми е омилена:
    Се почнува со некоја изјава за себе.
     
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Една до причините зошто толку многу го сакам ова куче е поради неговите очи. Откако сум болен луѓето ме гледаат на поинаков начин. Во очите на некои гледам страв, а кај други гледам нетрпение. Во очите на баба гледам сожалување. Во очите на тато гледам лутина и срам. Во очите на мама страв и прекор. Во твоите очи љубопотност и таинственост, освен ако не веруваш дека мојата болест нема никаква врска поради која сме заедно во овој момент. Единствените очи кои ме гледаат на ист начин, единствените очи каде што се гледам каков што сум, се очите на моето куче. Во очите на Саша.


    Антонио Санта Ана - „Очите на сибирскиот пес“
     
    На zokaaa и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    ‘‘Кога вели star-crossed,што се мисли точно?‘‘
    ‘‘Па знаеш-љубовници родени под несреќна ѕвезда. Несреќни љубовници..Овде тоа се однесува на Ромео и Јулија.Елингтон и Стрејхорн ја напишале мелодијата за Шекспировиот фестивал во Онтарио.На оригиналната снимка,Џони Хоџис на алтосакс е Јулија,а Пол Госалвес го свири Ромео на тенор.‘‘
    ‘‘Љубовници родени под несреќна ѕвезда‘‘, рече таа. ‘‘Како да е напишана за нас двајцата.‘‘
    ‘‘Сакаш да кажеш дека ние сме љубовници?‘‘
    ‘‘Сакаш да кажеш дека не сме?‘‘
    Ја погледнав. Таа веќе не е смееше. Длабоко во нејзините очи нешто трепереше.
    ............................................................................................................................................................
    ‘‘ Понекогаш,кога те гледам, ми се чини, дека гледам во далечна ѕвезда‘‘,реков. ‘‘Сјајна е, но таа светлина е стара десетици илјади години. Можеби ѕвездата веќе и не постои. А сепак нејзината светлина понекогаш ми изгледа пореална од што и да било друго.‘‘
    ............................................................................................................................................................
    Ја подадов раката и ја спуштив дланката врз нејзините прсти на облегалката на каучот. Многу долго и го немав допрено телото, уште од летот од Ишикава. Додека минував со прстите преку нејзините прсти, таа за миг го дигна погледот кон мене и веднаш повторно го спушти.
    ‘‘Јужно од границата, западно од сонцето‘‘, рече.
    ............................................................................................................................................................
    Порано или подоцна сите ќе пропаднеме главечки во длабочините на бескрајната самотија, изворот на сета темнина, во тишината во која нема одглас.
    ............................................................................................................................................................
    Има голем број најразлични начини да живееш. Има голем број начини да умреш. Но,на крајот...останува само пустината.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Мажите што би можела да ги сакам веројатно цел живот се мажи со големо знаење, со многу талент и широка душа. Не можев да се замислам себеси како се вљубувам во некој маж што не би знаел десет изреки, пет филозофски мисли и барем три познати музичари.

    -“Шангај бејби“ -Веј Хуј
     
    На Monroe, TheCandy880, kristii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    "Каде заврши Нарциса, ти што се сакаше толку многу и си се насмевнуваше сама на себе, што сакаше да даваш и во иста мера да примаш; каде завршија твоите соништа,твоите надежи,твоите лудости,лудостите на животот, лудостите на смртта; каде заврши одразот на твојот лик во огледалото, каде можам да те барам, каде можам да те најдам,како можам да те задржам?"
     
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    "You may not be her first, her last, or her only. She loved before she may love again. But if she loves you now, what else matters? She's not perfect - you aren't either, and the two of you may never be perfect together but if she can make you laugh, cause you to think twice, and admit to being human and making mistakes, hold onto her and give her the most you can. She may not be thinking about you every second of the day, but she will give you a part of her that she knows you can break - her heart. So don't hurt her, don't change her, don't analyze and don't expect more than she can give. Smile when she makes you happy, let her know when she makes you mad, and miss her when she's not there."


    Bob Marley
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  12. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    ... Со години бегав не знаејќи од што. Верував дека ако трчам побрзо од хоризонтот, сенките на минатото ќе ми се тргнат од патот. Верував дека, ако се оддалечам доволно, гласовите во мојата глава ќе молкнат засекогаш. Најпосле се вратив на тајната медитеранска плажа.....

    ... Слегов на брегов и седнав на песокот, каде што пред многу години го истурив пепелот на Марина. Истата светлина како тој ден го запали небото и силно го почувствував нејзиното присуство. Сфатив дека веќе неможам и несакам да бегам. Се вратив дома.

    Во последните денови од животот на Марина и ветив дека, ако не успее таа, јас ќе ја довршам приказнава. Празната книга што и ја подарив ме придружуваше сите овие години. Нејзините зборови станаа мои. Не знам дали ќе бидам способен да го одржам ветувањето. ПОнекогаш се сомневам во своето сеќавање и се прашувам дали ќе бидам способен да се сетам само на она што не се случило никогаш.
    Марина, ти ги однесе со себе сите одговори.

    (извадок од Марина-Карлос Руиз Зафон)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    ..." Па така јас на состанок ќе можам, се разбира кога ќе бидам девствена блондинка со црна коса, слаба, но со раскошни облини, со стотка гради, но такви што убаво се сместуваат во машка рака. Тогаш на едната куса, а на другата долга нога ќе облечам тенки чорапи и црвени чевличиња. Ќе нафрлам на себе провидна маичка и долг фустан со илјада копчиња. Преоблечена во тој костим ќе одам в кујна и ќе приготвам нешто лесно за јадење, но затоа мрсно, тој тоа сака да јаде.
    Својата машка фризура ќе ја соберам во долг коњски реп за потоа косата брановдино да ми падне на рамењата. Ќе се попрскам со феромон, но да мириса на Келвин Клајн. Очите ќе ги нашминкам вамп за да бидам природна мачкица. Ќе бидам гола во здолништето до земја. Закопчана, но сепак откопчана."
    ..." Бидејќи сака жена со иницијатива, на него треба да се излее мед и шампањско, радосно кикотејќи се да се излиже, а со коцката лед да се обиколат гениталиите. Потоа деликатно да се стисне пенисот, но не силно, туку како кога се ракуваш со шефот. Потоа да се погалиш себеси и да добиеш оргазам. Да се наговори и тој да го направи исотот со себе. Да издишуваш тешко, но со леснотија..."

    Никогаш повеќе - Катажина Грохола
    Заклучокот на Јудита по читање на секакви женски списанија за првиот состанок :)
     
    На Springy, 2468 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    43.003
    Пол:
    Женски
    „Не е фер да ја оставиш жената кога веќе никому не му е потребна.Или остави ја додека е млада или живеј со неа до крајот на животот.“

    Москва на солзите не им верува-Валентин Черних

    „Се мисли дека некои врски се толку силни што можат да одолеат на се`, но тоа не е вистина.Довербата што бледнее, презаситеноста, погрешните избори, лажливата заведливост, топлиот глас на некои кретени, долгите нози на некои кретенки, неправдите на судбината, сето тоа учествува во убивањето на љубовта.Во тој вид нерамноправна борба, шансите за победа се минимални и содржат повеќе исклучоци одошто правила.Некои велат дека голамата љубов се препознава кога ќе сфатите дека единствената личност на светот која може да ве утеши е токму она која ви ја нанела најголемата болка.“

    Што би правел јас без тебе-Гијом Мисо
     
    На Springy и Denna им се допаѓа ова.
  15. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Не верувам во богови. Не верувам во ангели, ама гледам духови и верувам во тебе. Врати се, ме боли колку те нема. Врати се за да те убијам пак. Врати се. Земи ме и мене, на крилја и ветер. Однеси ме назад, некаде горе. Да си играме богови, да си играме љубов, да заборавиме дека се изгубивме!
     
  16. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    120
    ~Не дека веќе не те сакам, само поретко, односно скоро никогаш не зборувам за тебе. Не дека те заборавам, само се трудам да не те сакам толку многу. Не дека те барам, всушност не знам каде си.. Можеби само малку ми требаш, и можеби само малку ми недостасуваш. Не дека повеќе не плачам за тебе, само научив да ги задржам солзите во себе. Не престанав да те сакам, не. Само се навикнав дека не си тука !!
     
    На stejsi2005, TeddyGrey, La.Reina.Del.Sur и 2 други им се допаѓа ова.
  17. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Од
    "Еднаш во животот"-Кети К.


    "Таа не помнеше што и одговараше тогаш татко и иако можеше да се сети на разговорите што следеа потоа :Господ понекога ги зема луѓето,не знаеме зошто.
    Одговорноста Господова многу се промени кога десетгодишното девојче рече:"Го мразам Господ ".
    Бес не пропушти да и врати,"Секогаш не можеме да разбереме што прави Господ.Само треба да го прифатиме тоа."...
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    ""Не станува збор само за маж,Ингрид". и објаснуваше таа "Имам толку многу и среќна сум.Ја имам најдобрата работа на светот,но навечер таа баш и не е некаква утеха.Постојано мислам дека тоа е осамен живот,дека сиве овие години сакам нешто повеќе,и дека истото се' уште го сакам. Не сакам секс,навистина,туку другарство."......

    Марсела не жеднееше по жежок,див секс:жеднееше по друго тело кај коешто ќе си дојде дома и по некого со кого ќе го споделува својот живот."



    Од
    "Еднаш во животот"-Кети К.
     
  19. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    "Да...се е во рацете на човекот, и сето тоа му бега од пред носот, само поради Страшливоста...тоа е веќе аксиома...Интересно, од што се плашат најмногу луѓето? Од новиот чекор, од својот нов збор тие се плашат најмногу...Ах, впрочем, јас премногу дрдорам. Поради тоа и нема да сторам ништо, дека многу дрдорам. Впрочем, можеби е и така: дрдорам затоа што ништо не работам. Јас во последниов месец се научив да дрдорам, лежејќи по цели денови и ноќи во аголот и размислувајќи...за ланскиот снег." (...)

    Достоевски
     
    На Magnolija, Springy и starbucks им се допаѓа ова.
  20. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    Не се разбирам многу во литературата ама ова многу ме насмеа:

    Го поминуваме животот трошејки пари за облека, а незнаејќи дека најубавите нешта се случуваат без неа.,

    :D
     
    На skorpija.95 му/ѝ се допаѓа ова.