1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Да се омажиш значи да предадеш се, не само своето тело туку и својата гордост, својата независност, дури и својот живот.

    Не гради ја својата среќа врз наклоноста на мажите, зашто и ти се несигурни и минливи како и твојата убавина ... :)
    Папата Јована
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Што сака од мене тој сликар? Зар не знае дека сме од различни земји, од различни култури? Зар мисли дека јас знам повеќе од него за насладата, зар сака ли да научи нешто?
    Зошто не ми кажа нешто друго, туку: „Јас сум клиент“ ? Се ќе беше полесно ако кажеше: „Ми недостасуваше“ , или пак, „Ми се допадна попладнето што го минавме заедно“ . Ќе му одговорев на истиот начин (јас сум професионалка). Тој имаше обврска да ја разбере мојата вознемиреност, бидејќи јас сум жена, јас сум нежна и кревка, освен тоа, на ова место јас сум друга личност.
    Тој е маж. И уметник. Тој би требало да знае дека целта на човечкото битие е да ја разбере апсолутната љубов. Љубовта не е во другите, таа е во нас; ние треба да ја разбудиме. Но, за тоа будење, потребен ни е некој друг. Светот има смисла само ако имаме со кого да ги споделиме нашите чувства.
    Тој е изморен од сексот? И јас исто така - а сепак ни тој, ни јас не знаеме што е тоа. Оставаме да умре една од најважните работи во животот - јас чувствував потреба тој да ме спаси, тој имаше потреба јас да го спасам, но тој не ми остави никаков избор.

    -од дневникот на Марија, „11 минути“ - П. Коелјо
     
    На maravillosa, Lovely, klaudija90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. DesertRose

    DesertRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    "Заиста,ти ме тако дивно незнаш ! -M.Aнтич" .......Мојата омилена фраза...
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Човек се жени за влакно исто онака како што полага матура или возачки: секогаш истиот калап во кој сакаш да се излиеш за да бидеш нормален, нормален, НОРМАЛЕН, по секоја цена. Кога повеќе не си над сите, сакаш барем да бидеш како сите, од страв да не бидеш под сите. А тоа ти е најдобар начин да ја упропастиш вистинската љубов.
    ...
    Нашата генерација е преповршна за брак. Се жениш како што одиш во Межик. Потоа, зап-зап, менуваш канали. Колку би сакале вие човек да остане цел живот со една личност во општество на сеопшт запинг?
    Во доба кога ѕвездите, политичарите, уметноста, сексот, религијата меѓусебно се позаменливи од било кога? Зошто чувството на љубовта би било исклучок од општата шизофренија?
    ...
    Бракот, тоа е кавијар за секој оброк: индигестирај на се она што обожавате, толку што на крајот ви се згадува. “Ајде, па ќе земете уште малку, зарем не? Што? Не можете повеќе? А до пред малку ви беше одлично, што ви е сега? Детиште едно безобразно, бегај!”


    “Љубовта трае три години” – Фредерик Бегбеде
     
    На Marossa, glow, Lady-PinkHeart и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.911
    Допаѓања:
    26.090
    ...Nie nikogas ne smeeme da zaboravime deka duhovnoto dozivuvanje, pred se, e prakticno dozivuvanje na ljubovta.A, vo ljubovta ne postojat pravila. Nie mozeme da se obideme da gi primenime sovetite od priracnicite, da go kontrolirame naseto srce da izgradime strategija na odnesuvanje, no seto toa nema da ni posluzi za nisto. Bidejki srceto e toa sto resava, a vistinskata ljubov e cin na c elosno daruvanje...


    - Kraj Rekata Pedra, sedev i placev (P.Coelho)

    When we meet someone and fall in love, we have a sense that the whole universe is on our side. And yet if something goes wrong, there is nothing left! How is it possible for the beauty that was there only minutes before to vanish so quickly? Life moves very fast. It rushes from heaven to hell in a matter of seconds...


    As if everything had been ordained by fate, as if it were the most natural thing in the world, as if she had known this man all her life or had already lived this moment in dreams and now knew what to do in reality.

    11 Minutes (P. Coelho)

    Love is always patient and kind. It is never jealous,
    Love is never boastful nor conceited.
    It is never rude or selfish.
    It does not take offense and is not resentful.
    Love takes no pleasure in other people's sins...
    but delights in the truth.
    It is always ready to excuse,to trust, to hope..
    and to endure...
    ...whatever comes!

    Walk to remember (Sparks)

    I am no one special, just a common man with common thoughts. I've led a common life. There are no monuments dedicated to me, and my name will soon be forgotten. But in one respect, I've succeeded as gloriously as anyone who ever lived. I've loved another with all my heart and soul, and for me, that has always been enough!

    Notebook (Sparks)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Би сакале да ја дознаете тајната на смртта.
    Ама како ќе ја најдете ако не ја побарате во срцето на животот?
    Ако навистина сакате да го разберете духот на смртта,
    отворете го срцето широко во телото на животот.
    Зошто, што е да се умре освен да се разголите на ветрот или да окопнеете во
    океанот на сонцето?
    И, што е да се престане да се дише ако не да го ослободите здивот од
    немирните плими и осеки, да можете да се издигнете и да го побарате Бога
    неоптоварен?
    Само кога пиете од реката на тишината можете навистина да пиете.
    И кога ке стигнете на врвот на брегот, дури тогаш ке почнете да се качувате.
    И кога земјата ќе ги побара вашите нозе, тогаш навистина ќе играте.

    Колку подлабоко тагата копа во Вашето битие толку повеќе радоста може да се собере во него.
    Не ли е стомната што го држи Вашето вино истиот сад согорен во фурната на грнчарот?
    И не е ли флејтата што го ублажува Вашиот дух истото дрво што било продупено со сврдли?
    Кога сте радосни, погледајте подлабоко во Вашето срце и ќе најдете дека тоа ви ја дало тагата што ви ја дава радоста. Кога сте исполнети со тага, погледајте повторно во Вашето срце и ќе видите дека вие навистина плачете за она што радост ви било.

    од Пророкот на Калил Џибриан
     
  7. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Извадоци од Порака во Шише од Николас Спаркс - книга која ме трогна... ;(

    Дваесет и втори јули 1997 година

    Моја најмила Кетрин,

    Ми недостигаш, мила, како секогаш, но денес е посебно тешко зашто океанот ми пееше. Ми пееше песна за нашиот заеднички живот. Речиси можам да те почувствувам крај себе додека го пишувам ова писмо и можам да го почувствувам мирисот на дивите цвеќиња што секогаш ме потсетуваа на тебе. Но во овој миг овие работи не ми даваат утеха. Твоите посети стануваат се потешки и понекогаш се чувствувам како најголемиот дел од мене некаде полека да исчезнува.
    Но се трудам. Навечер те повикувам, и кога се чини дека мојата болка нема крај, ти изгледа наоѓаш начин да ми се вратиш. Вчера, во сонот, те видов на молото недалеку од Рајтсвил Бич. Ветрот ти ја мрсеше косата, а твоите очи ја отсликуваа сончевата светлина на залезот. Занемувам кога те гледам како се наведнуваш над оградата. Убава си, додека те гледам, размислувам за тоа дека твојот лик нема да можам да го најдам кај ниедна друга жена. Полека ти приоѓам и кога најпосле се свртуваш кон мене, забележувам дека те набљудувале и други. Дали ја познавате? - ме прашуваат со љубоморен шепот, и додека ми се насмевнуваш, едноставно им одговарам со вистината: „Подобро од сопственото срце“.
    Застанувам крај тебе и те земам во прегратка. Копнеам по таквите мигови повеќе отколку по што и да било друго. Заради тоа живеам. А кога ми ја враќаш прегратката, му се препуштам на тој миг, одново исполнет со мир.
    Ја кревам раката и нежно те галам по образот. Ти ја наведнуваш главата и ги затвораш очите. Моите раце се груби, а твојата кожа е мека, и за тој миг се прашувам дали ќе се повлечеш, но, се разбира, ти не го правиш тоа. Никогаш не го стори тоа, и во таквите мигови ја сфаќам смислата на твоето постоење.
    Тука сум за да те сакам, да те држам во прегратка, да те заштитувам. Тука сум за да учам од тебе и за возврат да ја примам твојата љубов. Тука сум поради тоа што не постои друго место за постоење.
    Но тогаш, како и секогаш, почнува да се шири лесна магла додека стоиме блиску еден до друг. Тоа е далечна магла што се крева над хоризонтот и чувствувам колку се плашам додека се приближува. Таа се доближува полека, обвивајќи го светот околу нас, заградувајќи не како затвореници. Како облак што се тркала, покрива се, додека не остане ништо друго освен нас.
    Чувствувам дека ми се стега грлото, а очите ми се полнат со солзи зашто знам дека е време да заминеш. Погледот што ми го упатуваш во тој миг ме исполнува со немир. Ја чувствувам твојата тага и сопствената осаменост, и болката во срцето што замо за кратко се имаше смирено и која потоа станува се посилна додека ме напушташ. А потоа ги рашируваш рацете и зачекоруваш назад во маглата зашто тоа е твоето опкружување, а не е мое. Сакам да тргнам со тебе, но одговараш со одмавнување на главата зашто и двајцата знаеме дека тоа е невозможно.
    И додека полека исчезнуваш, го гледам сето тоа со скршено срце. Се фаќам себеси како се трудам да го запаметам секој детаљ што се однесува на тој миг, се во врска со тебе. Но набргу, секогаш премногу брзом твојот лик исчезнува и маглата се тркала назад кон својот далечен извор и јас останувам на молото и не ми е грижа што мислат другите додека ја наведнувам главата и плачам, плачам, плачам.

    Гарет.


    Шести март 1994 година.

    Драга моја Кетрин,

    Каде си? И зошто моравме да се разделиме, се прашувам додека седам сам во мрачната куќа.
    Не наоѓам одговор на овие прашања, колку и да се трудам да сфатам. Причината е едноставна, но мојот ум не ја прифаќа и јас, сосем скршен, се борам со ова страшно јаве. Загубен сум без тебе. Мртов сум, скитник без дом, осамена птица што лета кон неврат. Јас сум сето тоа и ништо од тоа. Таков е, моја мила, мојот живот без тебе. Копнеам да дојдеш и да ми покажеш како одново да живеам.
    Се обидувам да ги доловам одвеаните денови, на ветровитата палуба на „Кетрин“. Се сеќаваш ли како заедно работевме на неа? Одново градејќи ја, станавме дел од океанот зашто обајцата знаевме дека океанот беше тој кој не соедини. Во тие мигови сфатив што значи вистинска среќа. Во ноќите едревме по темната вода, а јас и се восхитував на твојата убавина на месечината. Маѓепсано те посматрав и во длабочината на своето срце знаев дека засекогаш ќе бидеме заедно. Дали е секогаш така, се прашувам, кога двајца се сакаат. Не знам, но ако мојот живот од мигот кога се разделивме може да послужи како некаков показател, мислам дека ги знам одговорите. Отсега па натаму, знам дека ќе бидам сам.
    Мислам на тебе, те сонувам, те довикувам кога си ми најпотребна. Тоа е се што можам да сторам, но тоа не ми е доволно. Никогаш нема да биде доволно, го знам тоа, па сепак, што друго ми преостанува? Кога би била тука, ти би ми кажала, но и тоа ми е скратено. Ти секогаш ги наоѓаше вистинските зборови за да ја ублажиш болката што ја чувствував. Секогаш знаеше да ја смириш и да ја разгалиш мојата душа.
    Дали е можно да знаеш како се чувствувам без тебе? Кога сонувам, сакам да мислам дека знаеш. Пред да те запознаам тебе мојот живот немаше никаква смисла, никаква цел. Знам дека, на извесен начин, секој чекор што сум го направил од могот кога сум проодил бил чекор накај тебе. Ни било судено да бидеме заедно.
    А сега, кога живеам сам во куќата, сфаќам дека судбината може да го повреди човека исто колку што може да го дарува, и упорно се прашувам зошто - од сите луѓе на светот што сум можел да ги засакам - морав да се вљубам во некој што ми беше украден.

    Гарет.






    Дваесет и петти септември 1995 година.

    Драга Кетрин,

    Помина еден месец откако ти пишав, но ми се чини како да помина многу повеќе време. Животот сега минува крај мене како пределите што се гледаат од прозорец на автомобил. Јас дишам, јадам и спијам како секогаш, но во ништо што преземам во животот не наоѓам никаква смисла. Едноставно пловам како пораките што ти ги пишувам. Не знам ни каде одам, ни кога ќе стигнам таму.
    Дури ни работата не може да ја смали мојата болка. Би можел да нуркам за задоволство или да им покажувам на другите како да го прават тоа, но кога се враќам во продавницата, таа изгледа толку празна без тебе. Ја складирам и ја порачувам стоката по навика, но дури и сега понекогаш несвесно фрлам поглед преку рамото и те довикувам. Сега, додека ти го пишувам писмово, се прашувам кога и дали воопшто ќе престане тоа.
    Без тебе во мојата прегратка, чувствувам празнина во душата. Се фаќам како во толпата луѓе го барам твоето лице - знам дека тоа е невозможно, но не можам да се воздржам. Мојата непрекината потрага по тебе однапред е осудена на пропаст. Разговаравме за тоа што ќе се случи ако околкностите не принудат да се разделиме, но не можам да го одржам ветувањето што ти го дадов таа вечер. Жалам, најмила, но никој никогаш нема да може да го заземе твоето место. Зборовите што ти ги шепотев беа бесмислени, и тоа требаше да го сфатам уште тогаш. Ти - и само ти - секогаш си била единствената што сум ја посакувал а сега, кога те нема, не сакам никогаш да најдам некоја друга. Додека смртта не не разели, шепотевме во црквата, а јас почнав да верувам дека тие зборови ќе одѕвонуваат се до денот и јас, конечно, не заминам од овој свет.

    Гарет.


    Пораката кон Тереза:

    Мила Тереза,

    Дали можеш да ми простиш?

    Во светот што ретко кога можам да го разберам, постојат ветрови на судбината што дуваат кога најмалку ги очекуваме. Тие некогаш имаат и сила на ураган, а понекогаш само ќе не погалат по образот. Но во секој случај, не можеме да негираме дека тие постојат зашто често ни ја носат иднината што неможеме да ја избегнеме. Мила моја, ти си тој ветар, ветрот што ме раздвижи посилно отколку што некогаш можев да помислам дека е можно. Ти си мојата судбина.
    Згрешив, многу згрешив што не го забележав тоа што беше толку очигледно и те молам да ми простиш. Како претпазлив патник, јас се обидував да се заштитам од ветрот, а место тоа ја загубив душата. Бев луд што ја отфрлив својата судбина, но дури и лудаците имаат чувства, и јас сфатив дека ти си најскапоценото нешто што го имам на светов.
    Знам дека не сум совршен. Во последниве неколку месеци направив толку грешки колку што никој не направи за целиот живот. Згрешив што се однесував онака кога ги најдов писмата кај тебе, како што згрешив и кога ја криев вистината за минатото што ме прогонуваше. Кога трчав по тебе кога со автомобилот заминуваше по улицата и подоцна на аеродромот, додека те гледав како заминуваш, знаев дека требаше да се потрудам да те запрам. Но најмногу згрешив што го негирав она што на моето срце му беше сосема јасно: дека веќе не можам без тебе.
    Ти апсолутно имаше право. Додека седевме кај мене во кујната, се обидував да ги негирам работите што ги кажуваше, иако знаев дека тоа е вистина. Како човек што гледа само назад на својот пат по земјата, не го видов она што беше напред. Ја пропуштив убавината на сонцето што изгрева, магијата на дочекувањето поради која вреди да се живее. Згрешив што се однесував така, но бев збунет и би сакал тоа да го сфатев порано.
    Меѓутоа, сега, со погледот цврсто свртен кон иднината, го гледам твоето лице и го слушам твојот глас, и сигурен сум дека тоа е патот што ќе мора да го следам. Мојата најдлабока желба е да ми дадеш уште една можност. Како што веројатно чувствуваш, се надевам дека ова шише ќе направи да се случи чудо, како што еднаш веќе направи, и одново не спои.
    Неколку дена по твоето заминување, сакав да верувам дека можам да продолжам да живеам онака како што го правев тоа секогаш. Но тоа не беше можно. Секогаш кога го гледав залезот на сонцето мислев на тебе. Секогаш кога минував крај телефонот горев од желба да ти се јавам. Дури и кога одев на едрење, мислев само на тебе и на прекрасните мигови што ги поминавме заедно. Во длабочината на срцето знаев дека мојот живот веќе никогаш нема да биде ист. Сакав да се вратиш, повеќе отколку што претпоставував дека тоа е можно, а од друга страна, кога ми доаѓаше во сеќавањето, секогаш ги слушав зборовите што ги кажа при нашата последна средба. Колку и да те сакам, знам дека нема да биде можно се додека ние - и ти и јас - не бидеме сигурни дека можеме целосно да и се предадеме на нашата иднина. Овие мисли ме мачеа се до минатата ноќ, кога најпосле го најдов одговорот. Се надевам дека тој одгвор, откако ќе ти го кажам, и тебе ќе ти значи исто колку што ми значи мене:
    Во сонот се видов на брегот со Кетрин, на истото место на кое те одведов по ручекот кај „Хенк“. Сонцето силно светеше, а неговите зраци се одбиваа од песокот. Додека одевме еден крај друг, таа внимателно слушаше додека и зборував за тебе, за нас, за прекрасните заеднички мигови. На крајот, по извесно двоумење, и признав дека те сакам, но дека поради тоа се чувствувам виновен. Таа неколку мига молчеше и едноставно продолжи да оди. На крајот се сврте кон мене и ме праша: „Зошто?“
    „Заради тебе.“
    Кога го чу мојот одговор, таа ми се насмевна полна со разбирање и малку сомничаво, како што имаше навика да се насмевнува. „О, Гарет,“ рече најпосле и нежно ми го допре лицето, „што мислиш, кој го одведе шишето кај неа?“
    Кога се разбудив, се чувствував празен и осамен. Сонот не ме утеши. Напротив, ми ја зголеми болката поради тоа што го сторив и почнав да плачам. Кога најпосле се прибрав, знаев што морам да направам. Со растреперена рака напишав две писма: тоа што сега го читаш и писмо за Кетрин во кое најпосле се збогував со неа. Денес ќе испловам со „Кетрин“ за да и го пратам, како што и ги праќав сите други. Тоа ќе биде моето последно писмо - на извесен начин Кетрин ми рече да продолжам понатаму и јас решив да ги послушам нејзините зборови и своето срце што ме води кон тебе.
    О, Тереза, толку ми е жал, навистина жал, што успеав да те повредам. Доаѓам во Бостон следната недела со надеж дека ќе најдеш сила да ми простиш. Можеби задоцнив. Не знам.
    Тереза, те сакам, и секогаш ќе те сакам. Уморен сум од осаменоста. Ги гледам децата додека си играат и се смеат на песокот и сфаќам дека сакам да имам деца со тебе. Сакам да гледам како Кевин зрее. Сакам да те држам за рака и да те видам кога ќе заплачеш на неговата свадба, сакам да те бакнувам кога ќе му се остварат соништата. Ќе се преселам во Бостон ако го сакаш тоа, зашто веќе не можам вака. Без тебе сум болен од тага. Седам во кујната и се молам да се согласиш да ти се вратам, овој пат засекогаш.

    Гарет.


    И на крај пораката на Тереза кон Гарет:

    Мил мој,

    Помина една година откако со татко ти седевме во кујната. Сега е доцна навечер и, иако зборовите тешко ми доаѓаат, неможам да побегнам од сознанието дека конечно дојде времето да одговорам на твоето прашање.
    Се разбира дека ти проштавам. Ти проштавам сега, а ти простив и во мигот кога го читав твоето писмо. Длабоко во срцето немав друг избор. Тоа што еднаш те напуштив беше доволно тешко, истото да го направам и вторпат е невозможно. Те сакав премногу за да дозволам тоа да се повтори. Иако сеуште сум тажна поради тоа што се случи, сепак сум и благодарна на судбината за тоа што ти влезе во мојот живот и престојуваше во него барем еден краток период. На почетокот сметав дека судбината на некој начин не споила за да ти помогнам да ја надминеш тагата. Меѓутоа сега, една година подоцна, почнувам да верувам дека се се случило од сосем поинакви причини.
    Според волјата на судбината, јас сум сега во истата положба во која се наоѓаше ти кога се запознавме. Додека пишувам, се борам со духот на тој што го сакав и што го загубив. Сега подобро ги разбирам тешкотиите со кои се соочуваше ти и сфаќам колку тешко ти било да го продолжиш животот понатаму. Понекогаш тагата сосема ме преплавува и, иако знам дека веќе никогаш нема да се видиме, дел од мене сака засекогаш да остане со тебе. Тоа не би смеело да ми биде тешко зашто, кога ќе засакам некој друг, спомените на тебе ќе избледат. Сепак, ова е противречно: иако многу ми недостигаш, токму поради тебе не се плашам од иднината. Со тоа што ти беше во состојба да се вљубиш во мене, ми влеа надеж, најмил мој. Ме научи дека е можно животот да продолжи, без оглед на тоа колку е силна болката. А на свој начин направи да поверувам дека вистинската љубов не може да се негира.
    Во мигов мислам дека се уште не сум подготвена, но тоа е мојот избор. Немој да се обвинуваш. Поради тебе верувам дека ќе дојде ден кога мојата тага ќе ја замени нешто прекрасно. Поради тебе имам сила да продолжам понатаму.
    Не знам дали духовите навистина постојат, но ако е така, јас секаде ќе го чувствувам твоето присувство. Во бучењето на океанот ќе го слушам твоето шепотење, а во прекрасното заоѓање на сонцето ќе ја видам твојата слика на небото. Ти не замина засекогаш, без оглед на тоа дали во одреден миг во мојот живот ќе влезе некој друг. Ти стоиш пред Бога, заедно со мојата душа, и ми помагаш да тргнам кон иднината што не можам да ја предвидам.
    Ова не е писмо за збогување, најмил мој, ова е писмо за благодарност. Сакам да ти се заблагодарам што влезе во мојот живот и што внесе радост во него, што ме сакаше и што за возврат ја прими мојата љубов. Ти благодарам за спомените што ќе ми останат засекогаш. Но најмногу од се, ти благодарам што ми покажа дека ќе дојде миг кога конечно ќе бидам во состојба да те заборавам.

    Те сакам.

    ;( ;( Книгава е прекрасна!!
     
    На Mimi123, Izaabella и Lux им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Ова е едно од моите најомилени парчиња поезија во проза. Вистинска уметноста, со душа и срце, го вдишувам, го вкусувам, го чувствувам Тагоре во Каква и да си, дојди

    Каква и да си, дојди, не се колебај при облекувањето.
    И косата нека ти биде расплетена, и патецот заплеткан, и елекот раскопчан
    што е тоа важно.
    Каква и да си дојди, не се колебај при облекувањето.
    Со итри чекори дојди по тревата.
    Ако исчезне руменилото од твоите нозе, зашто има падната роса,
    Ако прстените околу твоите нозе се рашират.
    Ако бисерот испаѓа од твојата гривна, што е тоа важно.
    Со итри чекори дојди по тревата.
    Глеј, се трупаат облаци по небото.
    Јата жерави долетуваат до далечни брегови,
    а напати ветерот дува преку пустината.
    Преплашен добиток бега кон шталите во село.
    Глеј, се трупаат облаци на небото.
    В залуд го плаши светилникот на столот заради своето дотерување -трепери и се гаси на ветерот.
    Кој гледа на твоите очни капаци дека нема црвенило?
    Каква и да си, дојди; Не се колебај при облекувањето . . .
     
    На Tanjamm, Hipica, QueenElena и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Ниту еден човек не е остров, сам по себе целина.
    Секој човек е дел од од континент, дел од Земјата.
    Ако морето однесе парче од Земјата -
    Европа е помала
    како да однело некој рт,
    ...како да го однело имотот на твоите пријатели или твојот...
    Смртта на секој човек ме намалува мене,
    зошто и јас сум дел од човештвото.
    И затоа, никогаш не прашувај за кого бијат камбаните,
    тие бијат за тебе!

    Дон Џон
     
    На david-nadal.86 и 1209 им се допаѓа ова.
  10. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Ниеден град не може да живее мирно, какви и да се неговите закони, кога неговите граѓани не прават ништо друго освен што јадат, пијат и се изморуваат себе си во името на љубовта. - Платон
     
    На david-nadal.86 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DrBabl

    DrBabl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    9
    I’ll be back so soon you won’t have time to miss me. Look after my heart I’ve left it with you! - Edward Cullen
    "Breaking Down" Stephanie Mayer :inlove: :inlove: само на тоа се сетив во моментов.. а и немам баш време за размислување.. отидов да учам... ;)
     
  12. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    "Не затоа што е убав, туку затоа што е повеќе јас одошто сум самата. Од што и да се составени нашите души, неговата и мојата се исти. Кога се друго би исчезнало, а тој би останал, јас сеуште би постоела, а кога се друго би останало, а тој би бил уништен, светот би ми станал сосема туѓ. Не би ми се чинело дека сум дел од него. Мојата љубов спрема него прилега на вечните карпи под површината, извор за малку видлива радост, но неопходна..."
    Оркански Височини- Емили Бронте...

    ''Шетав полека околу нив под благото небо, гги гледав ноќните пеперутки како летаат меѓу грмушките и ѕвончињата, го слушав благиот ветрец како дува низ тревата и се прашува како може некој да замисли дека спијачите под таа мирна земја спијат со немирен сон...''

    Емили Бронте.

    " Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно..."
    Никола Спаркс.
     
    На Hipica, david-nadal.86, LaraSolare и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    "Требаше да не го слушам, ми се довери еден ден, цвеќињата никогаш не треба се слушаат. Тие треба само да се гледаат и да се мирисаат. Моето цвеќе ја намирисуваше мојата планета, но јас не знаев да уживам во тоа. А работата околу трнчињата што толку ми здодеваше, всушност требаше да ме развеселува...."
    Тој ми го довери и уште ова:
    "Тогаш јас ништо не умеев да разбирам. Требаше да судам за него по делата, а не по зборовите. Тоа ме намирисуваше и освежуваше. Не требаше никогаш да избегам од него. Требаше да ја насетам неговата нежност зад оние малечки итрини. Цвеќињата се толку настраничави! Но јас бев многу млад за да знам да сакам"


    Малиот Принц..
     
    На Лина Литера и maravillosa им се допаѓа ова.
  14. Odiseja

    Odiseja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    32
    Твоите очи...


    Си била една слепа девојка. Мразела се околу себе освен нејзиното момче. Еден ден момчето ја прашало девојката дали би се омажила за него? Таа одговорила: "Кога би можела да го видам светот, би се омажила за тебе!" По некое време се појавил донор на очи за девојката. Операцијата поминала успешно. Кога ги отворила очите, девојката прво што погледнала било нејзиното момче со спуштени очни капаци. Сватила дека е слеп. На одново поставеното прашање - дали ќе се омажи за него, девојката одговорила со "не" затоа што била со помислата дека цел живот треба да се грижи за него. Момчето навредено си заминало а другиот ден на девојката и стигнало писмо од него во кое што пишувало: "Драга, уживај во твоите очи, кои пред да бидат твои, беа мои. Со нив по цел ден радосно ја гледав твојата убавина!"

    преземено од dali+znaevte+deka
     
    На david-nadal.86 и girl1985 им се допаѓа ова.
  15. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    ,,Зошто возрасните сакаат бројки? Кога има кажувате за некој нов пријател, тие никогаш не ве прашуваат за она што е суштинско. Тие не ви велат: ”Каков е звукот на неговиот глас? Кои се игрите што ги претпочита?”. Тие ве прашуваат: ”Колку години има? Колку браќа? Колку е тежок? Колку заработува татко му?”. Само на тој начин мислат дека можат да го запознаат.
    Ако им кажете на возрасните: ”Видов една прекрасна куќа со розови тули, со китки здравец на прозорците и гулаби на покривот...” – тие нема да успеат да си ја замислат таквата куќа. Треба да им се каже: ”Видов една куќа која вреди сто илјади франкови”. Тогаш ќе извикаат:”О, колку е убава.”‘‘

    Извадок од ,,Малиот Принц‘‘.
     
    На Лина Литера, Hipica, david-nadal.86 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Odiseja

    Odiseja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    32
    Тишина...

    Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече
    закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече

    Ацо Шопов
     
    На stejsi2005, Hipica, david-nadal.86 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    РАЃАЊЕ НА ЗБОРОТ

    Глужд на глужд,
    Камен врз камен.
    Камена шума
    изѕемнина.
    Глужд на глужд.
    Камен врз камен,
    од камен и ние обата.
    Чади ноќта.
    Зборот се двои од темнина.
    Модар јаглен му гори во утробата.
    О ти што постоиш зашто не постоиш,
    небото го лулаш,
    земјата ја вртиш.
    О ти што постоиш зашто не постоиш,
    земјата јачи под камени плочници.
    Иде замелушен од своите смрти
    зборот што ги крши сите слепоочници.
    Глужд на глужд.
    Камен врз камен.
    Својот гроб со прокуда го копам.
    Отвори ме
    проклетио,
    ти тврдино камена,
    да изгорам во јагленот на зборот,
    да се стопам.

    ГЛЕДАЧ ВО ПЕПЕЛТА
    Изгасни песно во огнот што го запали сама.
    Прска зборот и исчезнува во пепел од кремен.
    Гледачу во пепелта, ја препозна ли во неа
    исконската драма
    што доаѓа од дното на овој извор темен.
    Песно, те откинав од клунот на птица во крвта
    што ми лета,
    од црвеното небо на запалените вени,
    од тие далноводи на два непомирливи света,
    тие изгрејсонца со неодгатнати мени.
    Те откинав од гневот на иконите, тие неразбирливи гами,
    од громот врз копјето на воинот со камен што е сраснат,
    од сонот на тие повисоки што се од сонот што ги мами,
    и што се раѓаат пак откако еднаш згаснат.
    Сега сме два света, два врага, две завојувани страни,
    сега сме војна без излез и кама против кама.
    Кој е победен? Кој е победник? Кој е изгрев на
    осмислени рани?
    Изгасни песно во огнот што го запали сама.

    Штом почнавме со Ацо Шопов.
     
    На meeeery и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Нешто што ме притиска и пече а немав кому да се пожалам , од каде е извадокот :worried: ...се откажувам више со недели ми се врти низ глава , ден утро немам мир дрн дрн дрн :swear: ..бидете хумани споделете ..одамна сум го прочитала , името ми е на врвот на јазикот а никако да го изговорам ..агонија е ова ..агонија
     
    На Лина Литера му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Odiseja

    Odiseja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    32

    збирка поезија , повели и втората строфа :)


    Она раѓа исти наслутувања,
    тивко бодри и тивко нажалува,
    и еднакви мисли, доживувања,
    во срцето и умот распалува.
     
    На Hipica, david-nadal.86 и XstrongerX им се допаѓа ова.
  20. Bradshaw

    Bradshaw Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    7
    Црно-бели сеќавања

    Фотографии колку сакаш.
    Мали, големи, црно-бели, во боја...
    На нив лица речиси заборавени.
    Едно е твоето, а едно е моето насмеано.
    Одамна не сум била така насмеана.
    Се сеќаваш? Само ти успеваше да ја измамиш таа насмевка,
    токму таа, мојата најприродна.
    Веќе одамна не се смеам така.
    Сега си цртам само една искривена линија
    на лицево
    и успешно го лажам светот дека сум најсреќна.
    И ми успева.
    Сите веруваат.
    Никој повеќе не прашува дали сме заедно,
    дали ми недостигаш.
    Никој не прашува дали сум среќна.
    Сите претпоставуваат дека сум.
    А јас да сакам се вратиш,
    сакам да бидам барем уште еднаш во животов
    така искрено насмеана...
    Доста ми е од фотографии,
    црно бели сеќавања.
    Почнуваат да бледат.
    Дојди да создадеме неколку нови спомени,
    и потоа повторно замини си.
    Таков круг е нашата приказна најмил мој.
    Нељубен!
    Несуден!
    Таква е нашата приказна.
    Нераскажана.
    Недовршена.
    Не сакам совршен крај,
    подобро ми е вака, приказна без крај.
    Како што се договоривме, се сеќаваш?
    Нема да се разделуваме на станици,
    ниту на патишта.
    Каде и да сме,
    и сега, и после многу години
    кога на лицето ќе имам брчки од тешкотиите низ кои
    ме влечкал животот.
    Секогаш ќе ми се враќаш.
    И секогаш ќе ја имам истата насмевка,
    како на сликите од едно прекрасно
    црно бело минато...
     
    На Hipica, LaraSolare, xTehUnknown и 4 други им се допаѓа ова.