Tаа требаше да биде секоја љубов која ја знам и име за сите љубови кои ќе ме сретнат- во нејзиното име бев загледан како во ѕвезда и ги пропуштав другите имиња како стражар добра вест... Исток за моето сонце, Запад за нечиј живот...
Ако човек се плаши од некого , тоа доаѓа од таму што на тој некој му ја отстапил моќта над себеси. “ Демијан “ - Херман Хесе Зборот е барут, брзо пламнува. Незадоволства секогаш има, секакви, но никогаш не пламнуваат сами од себе. Ги пали зборот. Меша Селимовиќ - „ Тврдина“
Велат дека е скршено срце, она што боли Седев така стуткана во седиштето и со главата потпрена на воланот. Не постоеше посигурно место на светот од ова. Овде бев сама, овде бев своја, овде бев сигурна и заштитена. Единствено место на светот каде можев да ја испуштам и душата, да ја отворам и да си дозволам да бидам искрена самата со себе. Да си признаам дека не сум толку силна. Но, и ова место ме потсетуваше на него, и на ова место ме демнеше неговиот глас и еден збор. Само еден. Дишењето ми стануваше сè потешко и потешко. Како некоја грутка да ми се беше заглавила. Повеќе не можев ни да ги отворам очите. Само чувствував врели капки кои ми се тркалаа по образите, а во себе сеуште го чувствував неговиот парфем. Се прашував дали некогаш ќе изветрее, се прашував дали и ова е случај кога времето нас ќе нè претвори во спомени или засекогаш ќе останат во мене како болни отисоци. Целиот ден беше премногу болен за да се потрудам да го заборавам. Не беше рана која туку така времето ја залекува. Не беше болка од која не можеш да спиеш, но со тек на времето отапува. Беше болка која не ми даваше мир. Болка која ми го зема и последното парче гордост и ме натера да се понижам. Мојата искреност молеше да не биде повредена, но залудно. Искрените зборови беа прегазени, чистите солзи беа извалкани. Како и секоја приказна, ветувањата дека ќе те чува и ќе те штити се секогаш лажни, бакнежите со кои те осипува на крајот излегуваат искварени, а приказната била само така рачно напишана на салфетката која ја служат со едно секојдневно ладно макијато колку само да излаже една невина љубов. Барем да беа болни сеќавања, барем да беа лоши мигови, барем да беше закиселено вино или горко кафе. Барем да можев да го мразам од дното на душата, барем да можев да се вратам назад… Велат дека е скршено срце она што боли, но всушност боли целото тело. Автор: Марија Јаневска превземено ilike.mk
Го сакав и не чувствував потреба да го изневерам. Го читав Кундера и добив желба за љубовна авантура. Го изневерив со три епизодни личности. Уживав во моментите на страст... и толку. Не ми значеа ништо повеќе. Го сакав и понатаму со истиот интензитет. Првиот пат не дозна. Сè си беше нормално. Ме сакаше. Вториот пат повторно не дозна и повторно сè си беше исто - љубов бликаше меѓу нас. Третиот пат од љубопитност како ќе реагира му кажав за сите мои неверства. Ме напушти. А јас бев истата целото време. Цело време го сакав само него...
"Би излегла вечерва од својата кожа и би влегла во нечија туѓа. Би лажела дрско, би мамела безобразно, манипулирајќи безобѕирно. Би била се што не сум. Би земала облик на љубовта, обоена со копнежот, претопена во сенката на притаената страст. Зашто... Сеуште ти го паметам вкусот на усните и ги знам напамет сите твои погледи, и студени и топли, и сончеви и дождливи, а понекогаш ветровити. Ја знам напамет азбуката со која говорат твоите прсти. Вечерва се чувствувам толку слабо и силно истовремено, толку тажно и весело а, сепак, рамнодушно за се. Вечерва јас немам свој облик ниту лик. Само чиста страст."
„Куќата во која живеам веќе одамна, не е мој ДОМ. И јас ќе си одам, ви давам збор дека ќе си одам“ - Ања Вишновата Градина - А. П. Чехов
"...а кога сакаш нешто,целата Вселена прави заговор за да ја оствариш својата желба." "Луѓето секогаш имаат услови да го направат она за што сонуваат." "Ако почнеш да го ветуваш она што го немаш,ќе загубиш волја да го стекнеш." "Во животот се си има своја цена." "Животот сака да ја проживееш својата Лична Легенда." "Бог го има означено на светот патот по кој треба да оди секој човек.Треба само да се прочита она што тој го има напишано за тебе." "Старецот му рече да поставува јасни прашања,зашто камчињата(Урим и Тумим) им користат само на оние кои знаат што сакаат." "Овците го научија на нешто многу поважно:дека на светот постои еден јазик,што сите го разбираат,и кој момчакот го користеше цело време за да го унапреди работењето во дуќанот.Тоа беше јазикот на ентузијазмот,нештата создадени со љубов и волја,во потрагата по нешто што се сака и во што се верува." "Кога сакаш нешто,целата Вселена прави заговор за да ја оствариш својата желба." "Не постојат случајности." "Колку повеќе човекот се приближува до сонот,толку повеќе Личната Легенда станува вистинска причина за постоењето." "Претчувствата се брзи нурнувања на душата во Универзалната струја на животот,во која меѓусебно е поврзана историјата на сите луѓе,така што можеме се да знаеме,зашто се е запишано." "Само оние упорните,само оние кои многу истражуваат,успеваат да го остварат Големото Дело." "Светот има една Душа,и кој ќе ја сфати Душата,ќе го сфати и говорот на нештата." "А тогаш,небаре запре времето,и небаре Душата на Светот со сета своја сила се појави пред момчакот.Кога се загледа во нејзините црни очи,во нејзините усни кои се двоумеа меќу насмевка и молк,го сфати најзначајниот и најмудриот дел од Јазикот со кој зборува светот,и кој можат да го разберат сите луќе на светот во своите срца.А тоа се викаше Љубов,нешто постаро и од луѓето и од самата пустина,а кое сепак секојпат со иста сила избликнува кога ќе се сретнат два погледа каде и да е,како што овојпат тоа се случи крај еден бунар.Најпосле,усните се решија за насмевка,а тоа беше знак,знак што тој,не знаејќи,го очекуваше толку долго во својот живот,знакот што го бараше и меѓу овците и меѓу книгите,меѓу кристалите и во тишината на пустината." "Алхемичарот" Пауло Коелјо
Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина , тишината сама ќе го рече. Тишина - Ацо Шопов
"Во најубавото годишно време мене ми студи… Ми студи околу срцево… Имам љубов, немам кому… Имам кому, не ја сака… Ми студи…. околу срцево… едвај чука… Надеж… ќе рече некој… Што беше тоа?…. Дали беше страв? Или страшно изгледа? Не! само страшно е… мене не ми е…. Верба ќе рече друг…. во што? Во насмевки за да ја скријам болката…? Насмевки за да си го затоплам срцето? Ги развлекувам заради бегство… Бегам од себе, зашто ми студи околу срцево… Имам љубов, а во најубавото годишно време, мене ми студи…"
Прва љубов Првата љубав е нешто посебно Прва љубов никогаш не се заборава и колку да се влубиш таа љубов ке има една трага во душата твоја што никогаш нема да се исполни. Првата љубов беше љубов на прв поглет. Тоа чуство само еднаш во животот се случува И никогаш повеке. Сакав таа љубов да остане чиста но за жал не можев Сакав да е вечна но не е Вејке сакам друг таа љубов остана црна дамка во душата моја Сега тој човек ми е само симпатија и нешто повеке Тој човек го испуштив од раците Ех да можам да го вратам времето не би ги правела истите грешки Ке ја заштитев мојата прва љубов а за понатаму ке видев. Лелелелеле светот е црн и дамка црна во него која не е ништо. Никоја љубов нема да биде поголема од мојата прва љубов. Повеке од се на светот сакам да ја заборавам но не можам Жално жално најмногу од се на светот жалам што не можам да ја заборавам и што остави црна дамка во душата моја. Оваа љубов сакам да е минато и ништо повеке. Сакам никогаш повеке да не го видам Но не можам секој ден го гледам и тоа ми ја дуплира болката Бидејки со свои раце го дадов на друга Сето ова да можам да го сменам ништо друго нема да моше да ми ја расипе среката се надевам дека со тек на време ке го заборавам.
„Минатото е крадец што не може ништо да даде, а може да ја украде убавата иднина.“ Парадоксот на Диоген - Томе Арсовски
Понекогаш самиот себеси се проколнувам што дозволив да ми бидиш толку битна. А, требаше да оставам се на една ноќ, онака како ние мажите тоа го правиме. И сега, после толку време, сеуште го памтам секој дел од твоето тело.... го знам на памет. И ниедна друга после тебе не те исфрли од ова моја забегана глава. Се плашам дека беше вистинската, а те пуштив да одиш..... ,,Таа, случајно, се омажи на 18 мај 1980 година. Да се омажеше за мене, веројатно, како вистински маж, понекогаш и ќе го заборавев тој датум. Вака го запаметив засекогаш."
Тој: Мислиш дека не си доволно добра за да некому бидеш единствена? Таа: Не, баш спротивно. Сигурна сум дека имам доволно квалитети за да бидам единствена, незаменлива, бескрајно сакана, да бидам нечија муза, нечија насмевка на лицето, нечиј непребол во срцето. Тој: И? Зошто бегаш од мене тогаш? Зошто не ми дозволиш да бидеш моето сè? Таа: Не е никој тој, не си ни ти. Таквите преголеми очекување ужасно знаеа да ме спуштат на земја, не сакам пак да летнам во облаци. После падот, со нозете цврсто на земја не може човек да верува во некои празни зборови. Љубовта е нешто непознато за денешните генерации.
I'll Stay... Whenever You Feel Alone. When There Is Something Wrong, We Will Make It Right. I'll Be There, Whenever You Need Me. When You Have A Problem, Together We'll Solve It. I'll Understand, Whenever You Get Mad. If You Can't Forgive Me, I'll Just Wait For Your Forgiveness. I'll Come With You, Whenever You Want To Go. If You Need Someone To Be With, I'll Go With You. I'll Be Your aid, Whenever You Get Hurt. If You Feel That Your Down, I'll Never Let You Fall...
A Word to Husbands by Ogden Nash To keep your marriage brimming With love in the loving cup, Whenever you’re wrong, admit it; Whenever you’re right, shut up.
Јас секогаш љубев,и сеуште силно јас сакам, а слатково место со секој ден помило ми е: за тука да плачам,се навраќам почесто така во часови,кога и Амор ме жалости скриен./ Ги сакам решително времето,часот што чука: ме враќа на претчувство-грижа што спомен ми крева, а повеќе Таа,леполика,китка од дева: со пример на добар чин поттикна занеси тука. Кој мислеше дека ќе нападнат сите врз мене, врз срцево мое,ту овде ту онде,ах!-тие проклетници слатки што толку ги сакам до еден! Со каков ти,Аморе,напор ме победи денес! Да не беше желбата-надеж да јакне ко бедем, ќе умрев баш кога во животот копнеж ми риел. Канцониерот-Франческо Петрарка
Таа: Каква бедна иронија на животот. Тој: Ладна си, рамнодушна. Што те тера да посакаш на светот да му покажеш колку си сурова, а всушност воопшто не си? Таа: Што знаеш ти за мене? Тој: Многу знам. Кога некому барем малку му отвориш од срцето, провидна си. Нерасипана. Веруваш и во љубов, и во романтика, не само што веруваш, туку и копнееш по нив. Исправи ме ако грешам. Таа: Немам намера ништо да ти докажувам. Ти ме лажеш, јас се правам дека ти верувам. Тоа сме ние, таква е нашата приказна. Тој: Не, тоа е приказната во која ти сакаш да веруваш. Онаа која ти си ја измислуваш за да се поштедиш од повредување. Се плашиш да признаеш дека ти значам, бидејќи ако го сторiш тоа не би можела да ме пуштиш да одам од тебе. Не би можела да поднесеш. Се плашиш да веруваш дека те сакам за да не доживееш разочарување ако некогаш решам да заминам од тебе. Таа: Зборуваш глупости, не знаеш ти ништо. Зошто да ти верувам, зошто да те сакам? Таков е светот изопачен, оние кои чувствуваат, се губат во неговата болна големина. Еднаш се изгубив, нема повторно. Тој: Ако не ризикуваш никогаш нема да дознаеш. Зар цел живот вака ќе се бркаме низ неизвесноста? Таа: Оди си од мене, не ти нудам никаква иднина и претходно ти го имам кажано тоа. Слободен си. Тој: Попрво ќе прифатиш навидум бесчувствително да ме оддалечиш, отколку да ми дозолиш да оставам и да ти го понудам сето срце. Ми нудиш слобода, а толку желно сонуваш да оставам овде и да бидам само твој. Таа: Не може никој, посебно ако е маж во целост да се посвети на една девојка. Не на девојка како мене. Тој: Зошто не? Мислиш дека не си доволно добра за да некому бидеш единствена? Таа: Не, баш спротивно. Сигурна сум дека имам доволно квалитети за да бидам единствена, незаменлива, бескрајно сакана, да бидам нечија муза, нечија насмевка на лицето, нечиј непребол во срцето. Тој: И? Зошто бегаш од мене тогаш? Зошто не ми дозволиш да бидеш моето сè? Таа: Не е никој тој, не си ни ти. Таквите преголеми очекување ужасно знаеа да ме спуштат на земја, не сакам пак да летнам во облаци. После падот, со нозете цврсто на земја не може човек да верува во некои празни зборови. Љубовта е нешто непознато за денешните генерации. Тој: Еден камен те сопнал и ти без трошка борбеност го прекинуваш патувањето? Очекував дека си похрабра, посилна. Постојано како таква се претставуваш. Таа: Ќе бидам таква за сите. Ти требаше одговор? Ти треба вистината? Имаш право глумам сурова, силна. Наивна сум, недорасната, непоправлив романтичар, безнадежен илузионист. И јас имам соништа, и мојата душа плаче за искреност, разбирање, доверба, раце за да ме гушнат, рамо за да ми даде потпора. Но, нема. Тој: Тажна си, плашлива, ранлива и малечка, но не си лоша. Не се самата лишувај од убавините кои светот ги чува за тебе. Некаде сигурно постои некој кој би те чувај како капка роса на дланките. Не го тргај од себе. Таа: Колку си самоуверен. Мислиш ли дека ти се се спасил од канџите на минатото? И тебе веројатно те прогонува некоја сенка која порано или подоцна ќе се вмеша за да ти ја расипе иднината. Јас не сакам да бидам дел од иднина на човек со нерасчистено минато. Не сакам темелите на мојата среќа да се срушат поради неговата слабост кон непроживеаната љубов, незаборавената девојка. Подобро е вака, сама без обврски, можеби без крик на среќа, но барем заштитена од тага! Тој: Се плашиш да не живееш во сенката на некој друга пред тебе? Тоа е твојот нејголем страв? Да бидеш изневерена? Таа: Да тоа. Таа фобија ми остана како лузна кој демне на сегашноста, ми ја кочи иднината. И самиот не одрече, знаш дека она што го зборувам е точно. Нема јас како комплетна глупача да се занесувам, додека некој стои со телото покрај мене а со мислите лебди кон неа. Веќе и премногу ти кажав, тука да го прекинеме разговорот. Тој: Зборуваш со доза на горчина. Не си во право. Ти ако ми дадеш шанса, верувај дека би можел да спојам два брана во тебе. Да бидеш и мојата сакана и мојот непребол. Да бидеш и онаа која стои до мене и онаа која живее во секое делче од моето битие. Таа: Зборуваш убаво, шармантно, доволно добро за да ме фрлиш на колена пред твојата слаткоречивот. Ако навистина постои некој таков, и ако токму ти си тој, времето ќе покаже…
But if each day, each hour, you feel that you are destined for me with implacable sweetness, if each day a flower climbs up to your lips to seek me, ah my love, ah my own, in me all that fire is repeated, in me nothing is extinguished or forgotten, my love feeds on your love, beloved, and as long as you live it will be in your arms without leaving mine. Pablo Neruda